From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјер Огист Реноар (француски: Pierre-Auguste Renoir; Лимож, 25 февруари 1841 - Кан, 17 декември 1919) — еден од најпознатите француски сликари. Припаѓа на школата на импресионизмот, но доста брзо се одвоил од неа во 1880. Позаинтересиран за портретите и за актите отколку за пејзажите, има свој карактеристичен начин на сликање, кој ги надминува првенствените влијанија (Фрагонар, Курбе, Моне, италијанското фреско сликарство). Во тек на шеесет години насликал повеќе од шест илјади слики, со што го надминува Пикасо.
Пјер Огист Реноар Pierre-Auguste Renoir | |
---|---|
Огист Реноар | |
Националност | Французин |
Познат(а) по | сликар |
Правец | импресионизам |
Награди | Легија на честа |
Развил сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимавал и со вајарство. Најпознати негови слики се „Капачки“, „Мулен“ и „Лука“. Со своите слики првпат се појави на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година.
Во музеите Мармотан-Моне и Ермитаж се изложени некои од делата од Пјер-Огист Реноар.
Славејќи ја убавината, а посебно женската сензибилност, се вели дека "Реноар е последниот претставник на традицијата, која тече директно од Рубенс до Вато".[1]
Пјер Огист Реноар е роден во Лимож, Горна Вјена, Франција, како дете од работничко семејство. Како момче, работел во фабрика за порцелан , каде благодарение на неговиот талент за цртање бил избран да слика дизајни на Фини кинески порцелан.[2] Тој исто така сликал и завеси за мисионерите во странство уште пред да се запише во уметничко училиште.[3] За време на првите години, тој честопати го посетувал Лувр за да ги проучува големите француски сликари.
Во 1862 година почнал да студира уметност под менторство на Шарл Глир во Париз. Таму се запознал со Алфред Сисли, Фредерик Базил, и со Клод Моне.[4] Во текот на 1860-тите, доаѓал во ситуација да нема доволно пари за да си купи бои. Сепак, Реноар за првпат почнал да изложува слики во Париз Салон во 1864 година,[5] признание стекнал дури после десет години а за тоа делумно виновник била војната меѓу Франција и Прусија.
За време на Париската комуна во 1871 година, додека сликал на бреговите на реката Сена, некои членови на Комуната помислиле дека е шпион, и сакале да го фрлат во реката, кога еден од водачите, Раул Риго, препознал дека Реноар е впрочем човекот кој него претходно го има спасено.[6]
Реноар ја доживеал својата прва популарност кога шест од неговите слики биле изложени на првата импресионистичка изложба во 1874. Истата година две од неговите дела биле прикажани со Диран-Риел во Лондон.
Во 1881 година, тој патувал во Алжир, земја што тој ја поврзувал со Ежен Делакроа,[7] потоа во Мадрид, за да ја види работата на Диего Веласкес. Потоа патувал во Италија, за да ги види ремек-делата на Тицијан во Фиренца и сликите на Рафаел во Рим. На 15 јануари 1882 Реноар се сретнал со композиторот Рихард Вагнер во неговиот дом во Палермо, Сицилија. Реноар го насликал портретот на Вагнер за само триесет и пет минути. Истата година, Реноар се разболел од пневмонија која ќе предизвика трајно оштетување на неговото респираторниот систем.[8]
Во 1883, летото го поминал во Гернзи, создавајќи петнаесет слики за малку повеќе од еден месец. Повеќето од овие слики го прикажуваат Мулен Ует, залив во Сен Мартен, Гернзи. Гернзи е еден од Каналските острови во Англискиот канал, и прикажани се сцени на плажи, карпи, заливи, шумите и планините. Овие слики беа предмет на серијал поштенски марки издадени во 1983 година.
Додека живеел и работел на Монмартр, Реноар ја вработил како модел Сузан Валадон, која позирала за него (The Bathers, 1885–87; Dance at Bougival, 1883)[9]
Во 1890 се оженил со Алин Викторин Шариго, која, заедно со големиот број пријатели на уметникот, послужила како модел за Ручекот на чамџиите (Déjeuner des canotiers, 1881 ), со која веќе имал едно дете, Пјер, уште од 1885 година.[8] Семејството Реноар имало три сина од кои едниот, Жан, станал познат режисер.
Околу 1892, Реноар развива ревматоиден артритис. Во 1907 година, тој се преселил во потоплите краишта, на фармата „Ле коле“ во Кањ на Море, во близина на Медитеранот.[10] Реноар сликал во текот на последните дваесет години од својот живот, дури и кога артритисот строго го ограничувало неговото движење, и бил во инвалидска количка. Имал прогресивна деформација на своите раце и анкилозис на десното рамо, па затоа ја адаптирал својата сликарска техника согласно неговиот хендикеп. Честопати се велело дека за да слика, морал четката да ја заглавува во своите парализирани прсти [11] но тоа било погрешно; Реноар останал способен да ја држи четката, иако му била потребна помош некој да му ја стави во рака.[12]
Во 1919, Реноар го посетил Лувр за да ги види своите слики кои биле закачени заедно со оние на старите мајстори. Починал во селото Кањ на Море, во Прованса, на 3 декември.
Сликите на Реноар се значајни поради нивната жива светлина и заситена боја, најчесто, задржувајќи се на луѓето во интимни и искрени композиции. Женскиот акт е една од неговите основни субјекти. Во карактеристичен импресионистички стил, кај Реноар се појавуваат деталите на сцената преку слободен допир на четката врз бојата, така што неговите личности нежно се слеваат со околина.
Во доцните 1860-тите, преку сликање на светлината и на водата плен ер (на отворено), тој и неговиот пријател, Клод Моне откриле дека бојата на сенките не е ниту кафеава ниту црна, туку дека ја рефлектира бојата на предметите околу.[13][14]
Ризницата има слики и снимки поврзани со: Pierre-Auguste Renoir (категорија) |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.