Лезово
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Лезово — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Лезово | |
Поглед на селото Лезово | |
Координати 41°55′0″N 22°10′58″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 16 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21019 |
Надм. вис. | 400 м |
Лезово на општинската карта Атарот на Лезово во рамките на општината | |
Лезово на Ризницата |
Селото се наоѓа на јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, на десната страна на Злетовска Река, а недалеку од патот кој од градот Пробиштип води до регионалниот пат Штип-Кочани.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 13 километри.[2]
Селото е поврзано преку асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1205.
Подрачјето на Лезово е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат наоѓалиштата во неговата околина.[3]
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, при што 9 лица од селото биле уапсени и измачувани.[4]
За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5]
Атарот на селото зафаќа простор од 7,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 357 хектари, на пасиштата отпаѓаат 330 хектари, додека шумско земјиште нема.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лезово имало 180 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лезово имало 240 жители, сите Македонци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Лезово преминало од средно во мало село по големина. Во 1961 година, селото имало 375 жители, од кои 358 биле Македонци, а 17 жители муслимани (етничка припадност), а во 1994 година само 89 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лезово живееле 44 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 16 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 240 | 319 | 353 | 375 | 248 | 160 | 104 | 89 | 44 | 16 |
Лезово е македонско село.[14]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Кон крајот на XIX век, Лезово било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Лезово, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Во селото постои избирачкото место бр. 1548 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 9 гласачи.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.