Доселеници:Грбевци (13 к.) доселени се од селото Милино, најверојатно се староседелци во оваа област, Овче Поле; Чавковци (4 к.) доселени се од некое село Карамани над Штип; Шеталевци (5 к.) доселени се од сега раселеното село Толја, кое постоело кај Мечкуевци; Лепитковци (8 к.), Мерешковци (1 к.) и Кожуваровци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде.[12]
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2287 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[13]
Нема податоци за тоа од кога е изградена оваа црква. Се предпоставува дека е изградена пред неколку века. Била единствена. Посветена на Св Петка. За своето постоење била рушена и обновувана повеќепати.
Последната градба на црквата (околу 1950г) е од мајстори од с.Судиќ.
Дел од нив: Здравев Славко, Здравев Стево, Павле Ристов, Блаже Тодев, Стојан Мартинов, Стојан Постолов, Глигор Постолов, Камчо и Генчо Маневи, Серафим Постолов – од Грбеви и уште неколку други. Истите личности биле мајстори над мајсторите.
Здравев Славко ги има изработено, познатите „КАМЕНИ ГОЛУБИ“, изработени од цврвен камен, што ги красат ѕидовите од надворешната страна на црквата.
Дворното место било заградено со ѕид и истиот покриен со ќерамиди.
За време на градењето, најмалку 1 степеник е вкопана во земја (од причини што турските властодршци сакале нивните џамии да бидат подминантни, повисоки, поизразени,...
Спрема кажувањата, фреските на ѕидовите и иконите биле фнтастични со богати орнаменти ирезби, изработени од познати македонски фрескописци/ зографи.
Во периодот од 1980-1990г, поголемиот дел од иконите се преземени/земени (спрема кажување на тогашните жители) од страна на државата и рапределени во други македонски манастири и цркви.
Во црквата се слави (и денес како и порано) празникот Св.Петка на 8.ми август секоја година.
Во таа прилика е посетена од голем број на домаќини и гости.
Покрај Св.Петка, во црквата се собирале и славеле сите големи Христијански разници /Божиќ, Велигден, Спасовден, Св.Тројца/.
На сите празници секој од селаните имале сопствено место за седење/служење – за раздавки.
Ваквата церемонија со раздавките, се случувала само овде и на ниедно друго место.
Во црквата се одвивале сите церемонии поврзани со празници, венчавки, крштевки,...
Последната венчавка во оваа црква била во 1974г, 25.05.1994г. на лицата Перо Миланов и сопругата. (Последната свадба во селото е одржана во 1986 г на Иванка Тодева од с.Судиќ
Во оваа црква, во селото, со сигурност имало имало ПОПови со постојано живеење и служење.
Доказ за тоа се двата гробови, во дворот на влезот на црквата (немаме податоци за имиња на поповите).
Покрај овие два гроба, постои и трет, кој со сигурност припаѓа на Мане Пеев, (фамилија Пееви), чукундедо на раскажувачот (Момчило Манев). Ова доведува до заклучок дека Мане Пеев е еден од ктиторите на црквата, веројатно со огромна почит кон него, селаните дозволиле несвештено лице, по заслуга, да биде погребен во дворот а црквата Св Пека – с.Судиќ.