Гајранци
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Гајранци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Гајранци | |
Поглед на Гајранци | |
Координати 41°53′39.84″N 22°10′41.16″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Осогово |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21003 |
Надм. вис. | 400 м |
Гајранци на општинската карта Атарот на Гајранци во рамките на општината | |
Гајранци на Ризницата |
Селото се наоѓа во најјужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 400 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 15 километри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село.
Подрачјето на Гајранци е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Калиште во неговата околина.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 8,1 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 526,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 251,1 хектар, а на шумите само 5,8 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гајранци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гајранци имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало, со намалување на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 275 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 63 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Гајранци живееле 36 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, од кои 5 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 160 | 267 | 254 | 275 | 242 | 131 | 65 | 63 | 36 | 7 |
Гајранци е македонско село.[13]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Кон крајот на XIX век, Гајранци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Гајранци, се наоѓале и селата Бучиште, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.
Во селото постои избирачкото место бр. 1550 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.