Пиперево

село во Општина Василево From Wikipedia, the free encyclopedia

Пиперевоmap

Пиперево или Пиперово — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Пиперево
Thumb

Влезот во Пиперево

Thumb
Пиперево
Местоположба на Пиперево во Македонија
Пиперево на карта

Thumb

Координати 41°28′27″N 22°40′23″E
ОпштинаОпштина Василево
Население1.158 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО27049, 27549
Надм. вис.228 м
СлаваЃурѓовден
Пиперево на општинската карта
Thumb

Атарот на Пиперево во рамките на општината
Пиперево на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Thumb
Црква „Св. Ѓорѓи“
Thumb
Клуб на пензионери

Пиперево се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, средишниот дел на Струмичка Котлина и припаѓа на Општина Василево. Покрај селото од запад тече реката Струмица а од исток реката Турија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 6 километри.

Надморската височина во селото е 228 метри додека селото зафаќа површина од 7,2 км2. Од нив 630 хектари се обработливо земјиште[2]

Селото се граничи со Василево, Доброшинци, Нова Маала, Чанаклија, Добрејци, Просениково.

Историја

Антички период

Ова населено место е познато по археолошкото наоѓалиште Тарласи, што се наоѓа југоисточно од населбата. Претставува населба од доцноантичкото време. На северниот раб на селото, на простор од 200 х 200 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Во нивата на А. Коцев бил најден питос со натпис[3].

Отоманско Царство

Имa податoци декa селoтo се спомнувa уште од 1769 година. Во текот на XIX век, селото било мешано. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 290 жители Македонци и 125 Турци[4][5]. Црквата Св. Ѓорѓи во селото била изградена во 1870 година.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 208 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 36 Роми. Во селото функционирало и училиште[4][6].

Како чифлик-сајбија на селото во последните години на османлиското владеење на овие простори бил Нефи-беј.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. Во текот на Втората светска војна, во регионот започнала партизанската пропаганда за мобилизирање на населението. Најчесто биле испраќани и летоци меѓу населението[7].

По крајот на Втората светска војна, Пиперево било вклученo во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Стопанство

Главно занимање на населението во Пиперево е земјоделството. Населението најмногу одгледува раноградинарски култури

Демографија

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци и 25 до 50 Турци.[8]

Во 1961 година селото имало 976 жители, од кои 875 биле Македонци и 98 биле Турци. Во 1994 година во селото живееле 1300 луѓе, од кои 1200 биле Македонци и 100 биле Турци[2][9].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Пиперево има 1.158 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 957
Албанци 0
Турци 101
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 100

На пописот од 2002 година, селото имало 1.401 жител. Следува табела на националната структура на населението[10]

Повеќе информации Година, Македонци ...
Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 660
1953 678 85 1 8 769
1961 875 98 2 1 976
1971 941 76 1 1 018
1981 1 103 92 1 5 1 201
1991 1 193 116 2 1 311
1994 1 200 100 3 1 1 300
2002 1 260 139 2 1 401
Затвори

Селото има поволна демографска состбојба, со оглед на тоа дека бележи благ пораст на населението низ пописните години.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1804 и 1804/1 според Државната изборна комисија, сместени во Дом на културата.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.163 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости

Личности

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.