From Wikipedia, the free encyclopedia
Куритиба, Curitiba (pron. МФА: [kuɾi'tibɐ] или МФА: [kuɾi'tʃibɐ]) е престолнина на сојузната држава Парана, Бразил. Градот е најголем и најразвиен во јужен Бразил. Градот брои приближно 1,8 милиони (7-ми по големина во Бразил) и со четврт БДП во Бразил според БИГС.[2]
„Фонтаната на спомените“ во Куритиба | |||
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Местоположба на Куритиба | |||
Координати |
| ||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Куритиба Curitiba | ||
Прекар | Ктба Ctba | ||
Мото - изворно |
Насмеаниот град A cidade sorriso | ||
Основан | 29 март, 1693 | ||
Портал | curitiba.pr.gov.br | ||
Управа | |||
Земја | Бразил | ||
Регион | Јужен | ||
Држава | Парана | ||
Градоначалник | Карлос Алберто Рича (ПСДБ) | ||
Географија | |||
Површина | 430,9 km² | ||
Надморска височина | 934,6 m | ||
Население | |||
Население | 1 788 559[1] (2006) | ||
Густина | 4 159,4 ж./km² | ||
неговата агломерација се состои од 26 општини[3] со население од 3,5 милиони (БИГС проценка од 2006).[4] Куритуба е важен културен, политички и економски центар. Градот лежи во котлина на 932 метри нмв..
Бран европски емигранти почнале да доаѓаат по 1850, во главно Германци, Италијанци, Пољаци и Украици придонесувајки на културниот и економски развој на градот.[5]
Моментално, само мал број странци емигрираат во Куритиба, претежно се од Блискиот Исток[6] и Јужна Америка, но е значаен прирастот ос самиот Бразил.[7]
Во куритуба се наоѓа Федерален Универзитет на Парана , прв во Бразил, основан 1913.
Според една теорија "Curitiba" доаѓа од Тупи зборовите kurí tyba, „многу борје“ поради големиот број на Парана борја (Araucaria angustifolia), присутни во областа пред основањето на градот.[8] Португалците кои основале село во 1693 му дале име "Vila da Nossa Senhora da Luz dos Pinhais". Името било сменето во "Curitiba" (Куритиба) во 1721-ва. Официјално станал град во 1812, со изговор на името Curityba (Куритиба на Бразилски португалски).[8]
Сместен во Јужен Бразил, Куритиба е влажен град во суптропски појас.[9] Водните области придонесуваат за неговите благи зими, со просечни температури од 13 °C во најстудениот месец, паѓајки малку под нулата во најстудените денови . Преку летô, просечната температура се движи околу 21 °C, но надвишува 32 °C во најтоплите денови. Имало врнежи на снег во 1928,1942 и 1975. Највисоката температура измерена досега во градот изнесувала 35.6 °C, најниската -8 °C.
Топли бранови преку зима и студени бранови преку лето се вообичаени,и преку ден може да има големи разлики во температурата, тоа е типична одлика на суптропикот.
Климата на Куритиба е повлијаена исто така и од сувите воздушни маси којшто доминираат во овој дел на Бразил.[10]
Куритиба е сместена во вегетациската област наречена Araucaria moist, составена од степи, Araucaria шуми и други формации. Во локалната растителност сè уште има примероци на паранскиот бор (Araucaria angustifolia), којшто опстоил и покрај дејствијата на модерната цивилизација. Го има во приватни и јавни места, сега е заштитен со закон. Општинскиот секретаријат за околина одржува ботаничка градина и три зелени куќи за производство на 150,000 примероци на домородни и екзотични дрвови врсти.[11]
Зелената област на градот е една од најголемите во Бразил. Растителноста на Куритиба се одликува со опстојувањето на виолетови и жолти ipês (Табебуја), правејќи го пејзажот спектакуларен за време на цутењето на крајот на зимата.[12]
Градот зафаќа површина од 432.17 км2 во првата рамнина од Парана. Релјефот на градот е малку ридест. Просечното извисување е 934.6 m над морското ниво, варирајки поемѓу максимални и минимални вредности од 900m, апроксимирано.
Куритиба има топографија од слабо заобрени ридови, давајки и релативно регуларна физиогномија. Општината има просечно извисување од 934.6m над морското ниво, највисоката северна точка е 1021m, јужната 864m. Има Планиснки вериги и карпести образувања скоро насекаде околу градот, најмаркантни и најимпресивни се Serra do Mar (португалски за "Планиинска верига на Морето"), сместена источно делејки ја рамнината од брегот на Парана.
Првите години од 16 век биле обележани со почетокот на војната за освојувања на Европејците против домородците во околината. Бран европски имигранти започнал по 1850. Во 1853 југот и југоистокот на Провинцијата Саун Пауло биле отцепени за формирање нанова провинција именувана како , Куритиба станала седиште на провинцијата.
Во XX век, посебно по 1950, населението на градот значајно се зголемило, Куритиба станал најбогат град во Бразил и пионер во урбанизација..[13]
Куритуба е прв град во Бразил со IMAX кино. Паладиом шопинг центрот[14] е еден од најголемите во јужен Бразил.
Куритуба има доста театри. НАјголем и најважен е Гуаира.[15]
Куритуба има уникален транспортен систем, развиен локално и предизвикувајки локален и надворешен интерес.[17] овој брз транспортен систем, е многу лесен и практичен. Градскиот транспорт се состои само од автобуси. Има неколку типови автобуси, секој со различна функција. Сите постојки се лесно достапни.[18]
Градскиот транспорт на куритуба создаде модел од автомобил кон патување со автобус. Засновано на патничка анкета од 1991-ва, било проценето дека така така ќе битат намалени доста меѓуврски и ќе се намали портошувачката на гориво за 27 милиони литри годишно. Околу 28 проценти од сегашните патници тогаш патувале со коли. Спореден со други 8 бразилски градови со блиска големина, Куритиба употребува третина помалки гориво, намалувајки ја така и загаденоста. Денес околу 1,100 Автобуси прават околу 12,500 патувања секојдневно, услужувајки повеќе од 1,3 милиони патници, 50 пати повеќе отколку пред 20 години. 80% проценти од патниците денес го користат експресниот или директниот автобуски систем..[19]
Други полиси исто така придонесле за успехот на транзитниот систем.
Придвижувањето со кола низ градот и околу него е отежнето поради бројните улици и сообракајните метежи. Ова го прави транспортнииот систем поатрактивен ако некој сака да стигне до негде.[20] Денес градот има околу 140 трафичи радари (камери), создавајки поголем ред.[21]
Меѓународен аеродром Алфонсо Пенаt е главен аеродром на Куритиба. Сместен е близу до градот Сао Жозе до Пињаис и сите комерцијални летови се оперираат од тука. На површина од 45 илјади квадратни метри, Аеродромот обслужува 3,5 милиони патници годишно..[22] (Small aircraft may also use the Bacacheri airport.) Интегриран е во транспортниот систем на Куритиба, со брзи автобуси.
Куритуба овозможува на посетителите и жителите разни спортски активности. Има доста спортски клубови во градот. Поважни се:
Coritiba Foot Ball Club
Clube Atlético Paranaense
Paraná Clube
Стадиони:
Bairros (предградија) на Куритиба се географски дивизии на градот. Куритиба е поделена на 9 округа покривајки ги 75-те предградија на градот. Сите окрузи се услужувани од градскиот транспортен систем. Повеќето окрузи се создадени од на основа на колонијалните групи коишто емигрирале во Куритиба во втората половина на 19-от век.
Список на предградија:
{{|2}}
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.