From Wikipedia, the free encyclopedia
Зеленчук — кулинарски поим за јадлив дел од некое растение. Оваа дефиниција се темели на обичај, а не на научни сознанија. Таа е донекаде произволна и субјективна, бидејќи поединечните култури имаат разни обичаи на исхрана и приготвување.
Обично секое зелјесто растение или дел од растение кое редовно луѓето го консумираат како храна може да се нарече зеленчук. Меѓутоа печурките, иако членови на царството на габите, сепак се општоприфатени во малопродажбата како зеленчук.
Оревите, семките, житарките и билките и зачините обично не се сметаат за зеленчук, со исклучок на пченката, иако сите тие се делови од растенија.
Општо земено, готвачите го употребуваат зеленчукот за солени јадења, иако постојат повеќе исклучоци како пита со тиква и колач од ревен. Некои зеленчуци како морковот, пиперките и целерот се јадат или живи или зготвени; додека други како компирот се јадат само зготвени.
Зеленчукот се консумира на повеќе начини како главен оброк и ужина. хранливата вредност се мошне разликува од зеленчук до зеленчук, додека сите содржат малку белковини и масти,[1][2] и релативно високо количество на витамини, провитамини, хранливи минерали, прехранбени влакна и јаглехидрати. Многу зеленчуци содржат и фитохемикалии кои може да имаат антиоксидирачки, антибактериски, противгабични, противвирусни и антикарциногени својства.[3][4]
Зелената боја на лиснатиот зеленчук се должи на присуството на зелениот пигмент хлорофил. Хлорофилот зависи од pH-вредноста и се менува на маслинесто зелена при кисели услови, па до светлозелена при базни услови. Некои од киселините излегуваат со пареата при готвење, особено со поклопец.
Жолтата/портокаловата боја на овошјата и зеленчукот се должи на присуството на каротиноиди, кои исто така се менуваат при готвење или при промена на pH-вредноста.
Црвената/сината боја на некои овошја и зеленчуци (e.g. боровинки и црвена зелка) се должат на антоцијаните, кои се остеливи на промена на pH-вредност. Кога pH е неутрално, пигментот е виолетова, кога е кисело - црвена, а кога е базно - сина. Овие пигментиу се мошне растворливи во вода.
Многу коренести и некоренести зеленчуци кои растат под земја се складираат преку зимата во визба или друго свежо, темно и суво место, што спречува мувла, зелнеење и 'ртење. Потребно е да се обрне посебно внимание на особеностите и чувствителностите на поединечните корења. Овие зеленчуци траад до рана пролет и остануваат речиси исто хранливи како кога се свежи.
Складиран, лиснатиот зеленчук губи од влажноста и витаминот Ц набргу се губи. Тие треба да бидат складирани што пократко време на свежо место, во затворен сад или ќеса.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.