Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Затемнување на Сонцето или Сончево затемнување — вид на затемнување којшто се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го пооречува („прикрива“) Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се врзани, т.е. гледано од Земјата се наоѓаат во усогласување познато како сизигија. Во целосното затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината, додека во делумното и прстенестото затемнување, само дел од Сонцето е прикриено.
Целосно затемнување на Сонцето се случува кога Месечината целосно го покрива сончевиот диск, како што се гледа во ова затемнување на Сонцето во 1999. Протуберанција може да се види по должината на прстенот (во црвеното) како и пространи коронални нишки. |
Прстенесто затемнување на Сонцето (лево) се случува кога Месечината е премногу далеку целосно да го покрие сончевиот диск (20 мај 2012). За време на делумно затемнување на Сонцето (десно), Месечината блокира само дел од сончевиот диск (23 октомври 2014). |
Кога Месечината би била во совршена кружна орбита, малку поблиску до Земјата, и во исто време и во орбитална рамнина, целосно затемнување на Сонцето би имало секој месец. Но, орбитата на Месечината е наклонета (навалена) на повеќе од 5 степени кон Земјината орбита околу Сонцето (видете еклиптика), па нејзината сенка на млада месечина обично ја промашува Земјата. Земјината орбита е наречена еклиптичка рамнина бидејќи орбитата на Месечината мора да ја помине оваа рамнина со цел да дојде до затемнување (како Сончево така и Месечево). Покрај тоа, вистинската орбита на Месечината е елипсовидна, често носејќи ја доволно далеку од Земјата што аголната големина не е доволно голема да го болкира Сонцето целосно. Орбиталните рамнини се поминуваат едни со други во линија на јазли што резултира со најмалку две, а најмногу пет, затемнувања на Сонцето кои се појавуваат секоја година; не повеќе од две кои можат да бидат целосни затемнувања.[1][2] Меѓутоа, целосно затемнување на Сонцето е ретко на било која локација бидејќи целосно излегува само на тесен пат на површината на Земјата која е проследена од сенката на Месечината или сенка.
Затемнувањето е природна појава. Сепак, во некои антички и модерни култури, затемнувањето на Сонцето се припишува на натприродна причина или се смета за лош предзнак. Целосно затемнување на Сонцето може да биде застрашувачки за луѓето кои не се свесни за неговото астрономско објаснување, бидејќи Сонцето се чини дека исчезнува во текот на денот и небото почнува да се затемнува во рок од неколку минути.
Бидејќи погледот непосредно во Сонцето може да доведе до трајно оштетување на очите или слепило, специјална заштита за очи или посредни техники за гледање се користат кога се гледа затемнување на Сонцето. Технички е безбедно само да се види целосната фаза од целосното затемнување на Сонцето со голо око и без заштита; сепак, ова е опасна практика, бидејќи повеќето луѓе не се обучени да ги препознаат фазите на затемнување, која може да трае повеќе од два часа додека целосната фаза може само да трае до 7.5 минути за било која локација. Луѓе познати како бркачи на затемнувањето или сенкољупци (умброфили) патуваат на оддалечени места за да го набљудуваат или да бидат сведоци на предвиденото централно затемнување на Сонцето.[3][4]
Постојат четири видови на затемнување на Сонцето:
Растојанието на Сонцето од Земјата изнесува 400 пати растојанието на Месечината од Земјата , а сончевиот пречник е 400 пати поголем од пречникот на Месечината. Бидејќи овие соодноси се приближно исти, Сонцето и Месечината гледани од Земјата изгледаат како да се приближно иста големина: околу 0.5 степени во аголна мерка.[6]
Одделена категорија на затемнување на Сонцето е таа која Сонцето е окулирано од друго тело наместо Земјината месечина, кое може да биде набљудувано од точки во вселената надвор од површината на Земјата. Два примера се кога екипажот на Аполо 12 ја набљудувале Земјата како го затемнува Сонцето во 1969 и кога Касини сондата го набљудувал Сатурн затемнувајќи го Сонцето во 2006.
Орбитата на Месечината околу Земјата е елипса, каква што е Земјината орбита околу Сонцето. Затоа привидната големина на Сонцето и Месечината варираат.[8] Величината на затемнување е соодносот на привидната големина на Месечината со привидната големина на Сонцето за време на затемнување. Затемнување кое се појавува кога Месечината е блиску до нејзинаото најблиско растојание со Земјата (т.е., блиску до нејзиниот перигеј) може да биде целосно затемнување бидејќи Месечината ќе се појави како доволно голема да го покрие целосно сончевиот светлосен диск, или фотосфера; целосно затемнување има величина поголема од 1. Спротивно, затемнување кое се појавува кога Месечината е блиску до нејзиното најдалечно растојание од Земјата (т.е., блиску до нејзиниот апогеј) може само да биде прстенесто затемнување бидејќи Месечината ќе се појави како делумно помала од Сонцето; величината на прстенесто затемнување е помала од 1. Има малку повеќе прстенести затемнувања на Сонцето од целосни, во просек, Месечината се наоѓа многу далеку од Земјата за да го покрие Сонцето целосно. Мешовито затемнување се јавува кога величината на затемнувањето се менува за време на настанот од помала до поголема од еден, па затемнувањето се чини дека е целосно на некои локации на Земјата и прстенесто на други локации.[9]
Бидејќи Земјината орбита околу Сонцето е исто елипсовидна, оддалеченоста на Земјата од Сонцето слично варира во текот на годината. Ова влијае на привидната големина на Сонцето на ист начин, но не толку колку што прави различното растојанието од Месечината до Земјата.[6] Кога Земјата го приоѓа нејзиниото најдалечно растојание од Сонцето во јули, целосно затемнување е поверојатно, додека условите се во корист на прстенесто затемнување кога Земјата го приоѓа нејзиното најблиско растојание до Сонцето во јануари.[10]
Средишно затемнување е често користен како генерички поим за целосно, прстенесто, или мешовито затемнување.[11] Сепак, ова, не е сосема точно: дефиницијата за централно затемнување е затемнување кое во текот на централната линија на сенката ја допира површината на Земјата. Возможно е, но исклучително ретко, дека дел од сенката се вкрстува со Земјата (со што се создава прстенесто или целосно затемнување), но не и централната линија. Ова е наречено нецентрално целосно или прстенесто затемнување.[11] Последното нецентрално затемнување на Сонцето било на 29 април 2014. Ова било прстенесто затемнување. Следното нецентрално целосно затемнување на Сонцето ќе биде на 9 април 2043.[12]
Фазите набљудувани за време на целосно затемнување се викаат:[13]
Дијаграмите десно го покажуваат усогласувањето на Сонцето, Месечината и Земјата за време на затемнување на Сонцето. Темносивиот регион помеѓу Месечината и Земјата е сенката, каде Сонцето е целосно замрачено од Месечината. Малата област каде сенката ја допира површината на Земјата е место каде целосно затемнување може да се забележи. Поголемата сива област е полусенката, во која делумно затемнување може да се забележи. Набљудувач во претсенката, областа на сенката надвор од сенката, ќе види прстенесто затемнување.[14]
Орбитата на Месечината околу Земјата е наклонета под агол нешто повеќе од 5 степени кон рамнината на Земјината орбита околу Сонцето (еклиптиката). Поради ова, за време на млада Месечина, Месечината обично ќе помине на север или на југ од Сонцето. Затемнување на Сонцето може да се јави само кога младата Месечина се појавува во близина на една од точките (познати како јазли) каде орбитата на Месечината се вкрстува со еклиптиката.[15]
Како што е наведено погоре, орбитата на Месечината е исто елипсовидна. Оддалеченоста на Месечината од Земјата може да варира за околу 6% од просечната големина. Затоа, привидната големина на Месечината варира со нејзината оддалеченост од Земјата и тоа е ефектот кој води до разлика помеѓу целосно и прстенесто затемнување. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето исто варира во текот на годината, но ова е помал ефект. Во просек, Месечината се чини дека е малку помала од Сонцето гледана од Земјата, па така поголемиот дел (околу 60%) од централни затемнувања се прстенести. Само кога Месечината е поблиску до Земјата од просечно (блиску до својот перигеј) може да се појави целосно затемнување.[16][17]
Месечина | Сонце | |||
---|---|---|---|---|
Во перигеј (најблизу) |
Во апогеј (најдалеку) |
Во перихел (најблизу) |
Во афел (најдалеку) | |
Среден полупречник | 1737,10 км | 696.000 км | ||
Растојание | 363.104 км | 405.696 км | 147.098.070 км | 152.097.700 км |
Аголен пречник[18] |
33' 30" (0.5583°) |
29' 26" (0.4905°) |
32' 42" (0.5450°) |
31' 36" (0.5267°) |
Привидна големина во споредба |
53px | |||
Подреденост по привидна големина |
1-ва | 4-та | 2-ра | 3-та |
Месечината кружи околу Земјата за околу 27.3 дена, релативно на фиксните системи. Ова е познато како ѕвезден месец. Сепак, во текот на еден ѕвезден месев, Земјата има свртено дел околу Сонцето, правејќи го просечното време помеѓу една млада Месечина и следната да биде поголемо од ѕвездениот месец: приближно околу 29,5 дена. Ова е познато како синодички месец и одговара на она што се нарекува Месечев месец.[15]
Месечината поминува од југ кон север на еклиптиката кон нејзиниот растечки јазол и обратно кон нејзиниот опаѓачки јазол.[15] Сепак, јазлите на орбитата на Месечината постепено се движат во повратно движење, поради дејството на гравитацијата на Сонцето врз движењето на Месечината и тие прават комлетно коло секои 18.6 години. Оваа регресија значи дека времето помеѓу секој премин на Мсесчината преку растечкиот јазол е малку пократок од ѕвездениот месец. Овој период е наречен наутички или or змејски месец.[19]
Конечно, перигејот на Месечината се движи нанапред кон својата орбита и прави комплетно коло во 8.85 години. Времето помеѓу еден перигеј и следниот е малку подолг од ѕвездениот месец и е познат како known as the anomalistic месец.[20]
Орбитата на Месечината се вкрстува со еклиптиката во двата јазли кои се за 180 степени одвоени еден од друг. Затоа, младата Месечина се јавува блиску до јазлите во два периода од годината на околу шест месеци (173.3 дена), ова е познато како сезона на затемнување и секогаш ќе има барем едно затемнување на Сонцето за време на овие периоди. Понекогаш младата Месечина се јавува доволно блиску до еден јазол за време на два последователни месеци за да го затемни Сонцето во два наврата во две делумни затемнувања. Ова значи дека, во која било година, секогаш ќе има барем две затемнувања на Сонцето, а вкупно може да има пет.[21]
Затемнувања може само да се појават кога Сонцето е околу 15 до 18 степени оддалечено од јазол, (10 до 12 степени за централно затемнување). Ова е познато како граница на затемнување. Во времето кое е потребно Месечината да се врати до еден јазол (draconic месец), очигледната позиција на Сонцето се поместила за околу 29 степени, во однос на јазлите.[1] Со оглед дека границата на затемнувањето создава големи можности до 36 степени (24 степени за централно затемнување), возможно е за делумни затемнувања (или ретко делумно и централно затемнување) да се појават во последователни месеци.[22][23]
За време на централно затемнување, сенката на Месечината (или претсенка, во случај на прстенесто затемнување) се движи рапидно од запад кон исток преку Земјата. Земјата исто така ротира од запад кон исток, со околу 28 км/мин на Екваторот, но како што Месечината се движи во иста насока како Земјиниот вртеж со околу 61 км/мин, сенката скоро секогаш се движи во груба западна-источна насока преку мапата на Земјата со брзина на орбиталната брзина на Месечината минус вртежната брзина на Земјата.[24]
Ширината на патеката на централно затемнување варира во зависност од релативниот очигледен пречник на Сонцето и Месечината. Во повеќето поволни ситуации, кога целосно затемнување се појавува многу блиску до перигејот, патеката може да биде до 267 км широка и времетраењето на целосноста може да биде над 7 минути.[25] Надвор од централната патека, делумно затемнување се гледа на многу поголема површина од Земјата. Типично, сенката е 100–160 км широка, додека полусенчениот пречник е во износ поголем од 6400 км.[26]
Следниве фактори го одредуваат времетраењето на целосно затемнување на Сонцето (по редослед се намалува значењето):[27][28]
Најдолгото затемнување кое е пресметано досега ќе биде на 16 јули 2186.
Целосно затемнување на Сонцето е ретка појава. И покрај тоа што се појавува некаде на Земјата на секој 18 месеци во просек,[30] проценето е дека тие се повторуваат на било кое место на секои 360 до 410 години, во просек.[31] Целосното затемнување трае максимум неколку минути на било која локација, бидејќи сенката на Месечината се движи кон исток со над 1700 км/ч.[32] Целосноста во моментов не може да трае повеќе од 7 мин 32 с. Оваа вредност се менува со текот на милениумите и во моментов се намалува. До 8 милениум, најдолгото возможно теоретско целосно затемнување ќе биде помало од 7 мин 2 с.[27] Последниот пат затемнување кое траело повеќе од 7 минути било на 30 јуни 1973 (7 мин 3 сек). Набљудувачите на надзвучниот авион „Конкорд“ беа во можност да го продолжат целосноста на затемнувањето за околу 74 минути летајќи по патот на сенката на Месечината.[33] Следното целосно затемнување надминувајќи седум минути нема да се случи сè до 25 јуни 2150. Најдолгото целосно затемнување за време од 11,000 години од 3000 години п.н.е. до 8000 години н.е. ќе се случи на 16 јули 2186, кога целосноста ќе трае 7 мин 29 с.[27][34] За споредба, најдолгото целосно затемнување на XX век со 7 мин 8 с се случи на 20 јуни 1955, а нема тотални затемнувања над 7 мин во XXI век.[35]
Ако датумот и времето на било кое затемнување на Сонцето се знае, возможно е да се предвидат други затемнувања преку циклуси на затемнување. Саросот е веројатно најпознат и еден од најточните. Еден сарос трае 6.585,3 дена (нешто повеќе од 18 години), што значи дека, после овој период, ќе се случи идентично затемнување. Најзначајната разлика ќе биде западно поместување од 120° во географска должина (поради 0.3 дена) и малце во географска ширина (север-југ за непарни циклуси, обратно за парните). Саросот секогаш почнува со делумно затемнување блиску до еден од поларните региони на Земјата, потоа се поместува над светот преку серија од прстенести или целосни затемнувања и завршува со делумно затемнување на спротивниот поларен регион. Саросот трае 1226 до 1550 години и 69 до 87 затемнувања, со околу 40 до 60 кои се централни.[36]
Помеѓу две и пет затемнувања на Сонцето се јавуваат секоја година, со барем едно во сезона на затемнување. Бидејќи грегоријанскиот календар бил воспоставен во 1582, години кои имале по пет затемнувања на Сонцето се 1693, 1758, 1805, 1823, 1870 и 1935. Следното појавување ќе биде во 2206.[37] Во просек, има околу 240 затемнувања на Сонцето секој век.[38]
Целосно затемнување на Сонцето се гледа од Земјата поради случајните комбинации на околностите. Дури на Земјата, затемнувања од овој тип се познати на луѓето како привремена (на геолошка временска скала) појава. Стотици милиони години во минатото, Месечината била многу блиску до Земјата за прецизно да го оклузира Сонцето како што прави денес за време на затемнувања; и повеќе од една милијарда години во иднината, ќе биде премногу далеку да го стори тоа.[39]
Поради плимното забрзување, орбитата на Месечината околу Земјата станува за 2.2 см поддалечена секоја година. Се проценува дека, за помалку од 1,4 милијарди години, растојанието од Земјата до Месечината ќе биде зголемена за 30,400 км. Во текот на овој период, очигледниот аголен пречник на Месечината ќе се намали, што значи дека повеќе не ќе може целосно да го покрие сончевиот диск гледан од Земјата. Ова ќе биде вака дури и кога Месечината ќе биде на перигејот, а Земјата на афелот. Покрај тоа, Сонцето расте во пречник за околу 5% на секои милијарда години.[40] Според тоа, последното целосно затемнување на Сонцето на Земјата ќе биде за шест милиони години од сега.[39]
Историски затемнувања се многу вреден феномен за историчарите, со тоа што им овозможува неколку историски настани да имаат точна дата, од кои други датуми и антички календари можат да се определат. Затемнување на Сонцето на 15 јуни 763 п.н.е., спомнато во асирски текст е важно за хронологијата на стариот исток.[41] Има други тврдења кои датираат за постари затемнувања. Кралот Џунг Канг наводно убил двајца астрономи, Хси и Хо, кои не успеал да предвидат затемнување пред 4,000 години.[42] Можеби најстарото сè уште недокажано тврдење е на архелогот Брус Мас, кој наводно поврзува затемнување кое се случило на 10 мај 2807 п.н.е. со возможен метеорен удар во Индиски Океан врз основа на неколку антички митови за поплава кои спомнале за целосно затемнување на Сонцето.[43]
Затемнувањата биле толкувани како знаци, или предзнаци.[44] Античкиот грчки историчар Херодот напишал дека Талес од Милет предвидил затемнување кое се појавило за време на битка помеѓу Медијците и Лидијците. Двете страни ги спуштиле оружијата и прогласиле мир како резултат од затемнувањето.[45] Точното затемнување останува неизвесно, иако прашањето било испитувано од страна на стотици антички и модерни власти. Еден можен датум е на 28 мај, 585 п.н.е., веројатно во близина на реката Кизил во Мала Азија.[46] Затемнување евидентирано од Херодот пред Ксеркс I, заминал на неговата експедиција против Грција,[47] која е традиционално датирана на 480 г. п.н.е., се совпаѓала со прстенестото затемнување на Сонцето на Џон Расел Хајнд во Сард на 17 февруари, 478 п.н.е.[48] Алтернативно, делумно затемнување се гледало од Персија на 2 октомври, 480 п.н.е.[49] Херодот исто така известува за затемнување на Сонцето во Спарта за време на Втората персиска инвазија на Грција.[50] Датумот на затемнувањето (1 август, 477 п.н.е.) не се совпаѓа точно со конвенционалните датуми на инвазијата според историчарите.[51]
Кинеските записи за затемнувањата започнуваат околу 720 п.н.е.[52] Во IV век п.н.е., астрономот Ши Шен го опишал предвидувањето на затемнувањата со користење на релативните позиции на Месечината и Сонцето.[53] Теоријата за „влијание на зрачењето“ (т.е., светлината на Месечината била рефлектирана од Сонцето) постоела во кинеската мисла од околу VI век п.н.е. (во Жи Ранот од Жи Ни Зи),[54] но била спротивставена во I век н.е. од страна на филозофот Ванг Чонг, кој изјаснил во неговите дела дека оваа теорија не била ништо ново.[53] Старите Грци, како што се Парменид и Аристотел, исто така ја поддржувале теоријата за Месечината кога сјаела поради рефлектираната светлина.[54]
Биле направени обиди да се утврди точниот датум на Велики Петок, претпоставувајќи дека темнината опишана во Исусовото распнување било затемнување на Сонцето. Ова истражување не дало убедливи резултати,[55][56] а Велики Петок е евидентиран на Пасха, која се одржува на за време на полна Месечина. Понатаму, темнината траела од шест до девет часа, или три часа, што е многу, многу подолго од осум-минутниот лимит за било кое целосно затемнување на Сонцето. Во западната полутопка, постојат неколку сигурни записи за затемнувања пред 800 година н.е., сè до доаѓањето на арапските и монашките опсервации во раниот среден век.[52] Првото евидентирано набљудување на короната било направено во Цариград во 968 година н.е.[49][52]
Првото познато телескопско набљудување на целосно затемнување на Сонцето било направено во Франција во 1706.[52] Девет години подоцна, англискиот астроном Едмонд Халеј го набљудувал затемнувањето на сонцето на 3 мај 1715.[49][52] До средината на XIX век, научното разбирање за Сонцето се подобрувало преку набљудувања на короната на Сонцето за време на затемнувања на Сонцето. Короната била идентификувана како дел од сончевата атмосфера во 1842, а првата слика (или дагеротипија) од целосно затемнување била направена од затемнувањето на Сонцето на 28 јули 1851.[49] Спектроскопски набљудувања биле направени од затемнувањето на Сонцето на 18 август 1868, што помогнало да се утврди хемискиот состав на Сонцето.[49]
Гледајќи непосредно во фотосферата од Сонцето (светлиот диск од Сонцето), па дури и за само неколку, може да предизвика трајно оштетување на мрежницата на окото, поради интензивната видлива и невидлива радиација која фотосферата ја емитува. Ова оштетување може да резултира со оштетување на видот, па сè до слепило. Мрежницата нема чувствителност на болка и ефектите од оштетување на мрежницата може да не се појават со часови, па не постои предупредување дека повредата се јавува.[57][58]
Во нормални услови, Сонцето е толку светло што е тешко да се гледа непосредно во него. Но, за време на затемнување, каде дел од Сонцето е покриен, полесно е и повеќе примамливо да се гледа. Гледајќи во Сонцето за време на затемнување е опасно колку што е и да се гледа кога не е во затемнување, освен за време на краток период од целосноста, кога сончевиот диск е комплетно покриен (целосност се јавува само за време на целосно затемнување и многу кратко; не се јавува за време на делумно затемнување или прстенесто затемнување). Набљудувајќи го сончевиот диск преку каков било вид на оптичко помагало (двоглед, телескоп, па дури и оптичка камера со окулар) е исклучително опасно и може да предизвика непоправлива штета на окото во дел од секунда .[59][60]
Набљудувајќи го Сонцето за време на делумни или прстенести затемнувања (и за време на целосно затемнување, надвор од краткиот период на целосноста) бара специјална заштита за очите, или посредни методи на гледање, ако се сака да се избегне оштета на окото. Сончевиот диск може да се набљлудува користејќи соодветна филтрација за да се блокира штетниот дел од Сончевото зрачење. Очила за сонце не го прават набљудувањето на Сонцето безбедно. Само соодветно изработени и овластени сончеви филтри треба да се користат за непосредно набљудување на Сончевиот диск.[61] Особено, само-направени филтри користејќи секојдневни предмети како што е флопи диск изваден од опаковката, Компактниот диск, слајд филм со црна боја, зачадено стакло, итн. треба да се избегнат.[62][63]
Најбезбедниот начин да се гледа Сончевиот диск е преку посредна проекција.[64] Ова може да се направи преку проектирање на слика од дискот на бела хартија или картичка користејќи двоглед (со една од леќите да биде покриена), телескоп, или друго парче од картон со мала дупка во него (околу 1 мм пречник), често нарекуван точкест отвор. Проектираната слика од Сонцето може тогаш безбедно да се гледа; оваа техника може да се користи да се набљудуваат цончевите дамки, исто како и затемнувањата. Сепак, мора да се внимава, да се осигура дека никој не гледа преку проекторот (телескоп, точкест отвор, итн.) непосредно.[65] Набљудувајќи го Сончевиот диск во видео на екран (со помош на видео-камера или дигитален фотоапарат) е безбедно, но камерата може да биде оштетена од непосредно изложување на Сонцето. Оптичките леќи одат заедно со некои видео и дигитални камери не се безбедни. Безбедно монтирање заварувачки стакло #14 пред леќите ја штити опремата и прави набљудувањето да е возможно.[63] Професионална изработка е неопходна поради сериозни последици кои може да има заради празнини или одделувачки држачи. За време на делумно затемнување, короната не може да се види и нема целосно затемнување , сепак, во зависност од тоа колку Сончевиот диск е покриен, мало затемнување може да се забележи. Ако три-четвртини или повеќе од Сонцето е покриено, може да се забележи ефект каде дневната светлина е позатемнета, како на небото да е облачно, но предметите сè уште може да фрлаат остри сенки.[66]
Кога видливиот дел од фотосферата ќе стане многу мал, се јавуваат т.н. Бејлиеви монистра. Тие се мали нанижани светли делчиња на сончевата светлина кои се наѕираат низ долините на Месечината. Тогаш целосноста почнува со ефект на дијамантски прстен, последниот сјаен блесок.[67]
Непосреднот набљудување на конечната фаза е безбедно само кога Сончевата фотосфера е сосема прекриена од Месечината, а не пред и по целосноста.[64] Во текот на овој период Сонцето е преслабо за да се види преку филтри. Ќе се гледа неговата бледа корона, а можно е да се видат и хромосферата, протуберанциите, па дури и сончев блесок. На крајот од целосноста ќе се јават истите ефекти по обратен редослед, но на спротивната страна од Месечината.[67]
Фотографирање на затемнување е можно со прилично секоја камерна опрема. Со цел дискот на Сонцето/Месечината да биде лесно видлив, прилично големо зголемување на долгофокусирачки леќи е потребно (најмалку 200 мм за 35 мм-ска камера), а за дискот да пополни поголем дел од рамката, подолги леќи се потребни (над 500 мм). Како и со набљудувајќи го Сонцето непосредно, така и со гледајќи го преку леќите од камерата може да предизвика оштетување на мрежницата , па се препорачува да се внимава.[68]
Целосно затемнување на Сонцето нуди ретка можност да се набљудува короната (надворешниот слој на сончевата атмосфера). Нормално ова не е видливо бидејќи фотосферата е многу посветла од короната. Според точката постигната во Сончевиот циклус, короната може да се појави како мала и симетрична, или голема и нејасна. Тешко е да се предвиди ова однапред.[69]
Феномени поврзани со затемнувањата вклучуваат shadow bands (исто така познати како летачки сенки), кои се слични на сенките на дното на базенот. Тие само се појавуваат пред и по целосност, кога тесна сончева полумесечина делува како анизотропски извор на светлина.[70]
Набљудувањето на целосно затемнување на Сонцето на 29 мај 1919 година помогна да се потврди Ајнштајновата општа теорија за релативноста. Со споредување на очигледното растојание помеѓу ѕвезди во соѕвездието Бик, со и без Сонцето помеѓу нив, Артур Едингтон изјавил дека теоретските предвидувања за гравитациските објективи биле потврдени.[71] Набљудувањето на Сонцето помеѓу ѕвездите било само возможно за време на целосност, бидејќи ѕвездите се видливи. Иако набљудувањата на Едингтон беа блиску до експерименталниот лимит на прецизноста од тоа време, истражувања во втората половина на XX век ги докажале неговите резултати.[72][73]
Има долга историја за опсервации на гравитациски поврзани феномени за време на затемнување на Сонцето, особено околу целосност. Во 1954, и пак во 1959, Морис Але пријавил набљудувања со чудно и необјасниво движење за време на затемнување на Сонцето.[74] Овој феномен сега е наречен Алеов ефект. Слично на тоа, во 1970, Сахл и Ален ја набљудувале ненадејната промена во движењето на висачка торзија; овој феномен е наречен Сахлов ефект.[75]
Една неодамнешна објавена опсервација од Ванг ет ал. за време на затемнувањето на Сонцето во 1997, предложила можен гравитациско заштитнички ефект,[76] со што се започнало дебата. Подоцна во 2002, Јанг и Ванг објавиле детална анализа, која сугерирала дека феноменот сè уште останува необјаснет.[77]
Во принцип, истовремената појава на затемнување на Сонцето и премин на планета е возможно. Но овие настани се многу ретки поради нивните кратки траења. Следната предвидена истовремена појава на затемнување на Сонцето и премин на Меркур ќе биде на 5 јули, 6757, а затемнувањто на Сонцето и премин на Венера е очекувано на 5 април 15232.[78]
Почеста, но сепак ретка, е појавата врзување на планета (особено, но не само, Меркур или Венера) за време на целосно затемнување на Сонцето, каде планетата ќе биде видлива многу блиску до затемнетото Сонце, додека без затемнувањето планетата не може да се види од Сончевиот блесок. Во еден период, некои научници поставиле хипотеза дека може да има планета која е (често нарекувана Вулкан) поблиску до Сонцето од Меркур; единствениот начин да се потврди нејзиното постоење е преку набљудување за време на премин или целосно затемнување на Сонцето. Никогаш не е најдена таква планета, а општата теорија за релативноста оттогаш ги објаснила опсервациите кои ги доведуваат астрономите да укажуваат дека Вулкан може да постои.[79]
За време на затемнување на Сонцето, сенката на Месечината покрива мал дел од Земјата. Земјата продолжува да прима најмалку 92 посто од Сончевата светлина што ја прима без затемнување – повеќе ако полусенката од сенаката на Месечината делумно ја промажува Земјата. Гледано ос Месечината, Земајата за време на целосно затемнување на Сонцето во најголем дел е брилијантно осветлена, со мал темен дел покажувајќи ја сенката на Месечината. Брилијантно осветлената Земја рефлектира многу светлина кон Месечината. Ако короната од затемнетото Сонце ја немало, Месечината, осветлена од Земјината светлина, би била лесно видлива од Земјата. Ова би било суштинско исто како што е Земјината светлина која може често да се види кога мената на месечината е тесно полумесечеста. Во реалност, короната, која е помалку брилијантна од Сончевата фотосфера, е многу посветла од осветлената Месечина од страна на Земјината светлина. Па затоа, во контраст, Месечината за време на целосно затемнување на Сонцето се појавува како црна, со короната околу нејзе.
Вештачки сателити исто така може да поминат пред Сонцето и да бидат видени од Земјата, но ниту еден не е доволно голем да предизвика затемнување. На надморкса височина како што е Меѓународна вселенска станица, на пример, на предмет ќе му треба да биде околу 3,35 км во пречник за да предизвика барем мало затемнување. Овие премини се тешки да се гледаат, затоа што зоната на видливоста е многу мала. Сателитот поминува преку површината на Сонцето типично за неколку секунди. А за премин на планета, нема воопшто да се затемни.[80]
Опсервации на затемнувања од вселенско летало или од вештачки сателити кои кружат околу Земјината атмосфера немаат влијание на временските услови. Екипажот на Гемини 12 набљудувал целосно затемнување на Сонцето од вселена во 1966.[81] Делумната фаза од целосното затемнување во 1999 била видлива од Мир.[82]
За време на тест проектот Аполо-Сојуз кој се спровел во јули 1975, вселенското летало Аполо било позиционирано да направи вештачко затемнување на Сонцето давајќи можност на екипажот на Сојуз да направи фотографија од Сончевата корона.
Затемнувањето на Сонцето на 20 март 2015 било прва појава на затемнување која имала потенцијално значително влијание врз електроенергетскиот систем, со електроенергетскиот сектор преземајќи мерка за ублажување на било кое влијание. Во Континенталната Европа и Велика Британија синхроните области беа проценети дека имаат околу 90 гигавати сончева енергија и било проценето дека производството привремено ќе се намали до 34 GW во споредба со ден со чисто небо.[83][84] Температурата може да се намалиe за 3 °C, а ветерна енергија потенцијално да се намали како што ветровите се намалуваат за 0.7 m/s.[85]
Затемнувања се појавуваат само за време на сезоната на затемнување, кога Сонцето е блиску до растечкиот или опаѓачкиот јазол на Месечината. Секое затемнување е одвоено од едно, пет или шест месечеви месеци, а средината на секоја сезона е одвоена за 173,3 дена, што претставува период кога Сонцето патува од еден јазол до друг. Периодот е нешто помал од половина година затоа што јазлите на Месечината полека опаѓаат. Бидејќи 223 месечеви месеци е приближно еднакво со 239 аномалистички месец и 242 змејски месеци, затемнувањата со слична геометрија се повторуваат на секои 223 месечеви месеци (околу 6.585,3 дена). Овој период (18 години и 11,3 дена) се нарекува сарос. Со оглед на тоа што 223 месечеви месеци не се идентични на 239 аномалистички и 242 змејски месеци, сарошките циклуси не се повторуваат бескрајно. Секој циклус почнува со месечева сенка која ја поминува Земјата блиску до северниот и Јужниот Пол, а последователните настани напредуваат кон други полови сè додека сенката на Месечината не ја промаши Земјата со што завршува.[22] Сарошките циклујси се изброени; моментално, има 117 до 156 активни циклуси.
Сончеви затемнувања | ||||||||
1997–2000 | 2000–2003 | 2004–2007 | 2008–2011 | 2011–2014 | 2015–2018 | 2018–2021 | 2022–2025 | 2026-2029 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.