Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Дигитални фото-апарати, или дигитални камери[1] Денеска, најпродавани фото-апарати, всушност, се дигиталните фото-апарати и тие наидоа на широка употреба помеѓу поголем број на луѓе и примена во сите сфери на животот и како такви, вградени се во многу други уреди од ПДА уреди и Мобилни телефони, па сè до внатрешноста на автомобилите.
Распространетоста на дигиталните фото-, денеска е поголема од било кога. Најзначајни произведувачи на светскиот пазар се: Канон, Никон, Олимпус, Панасоник, Сони, Тошиба, Пиксел и др.
Првата фотографија добиена со помош на светлоста и мрачната кутија, „Камера опскура“, ја направил 1826 година Жозеф Нисефор Нијепс. На метални плочи од Калај и Олово премачкана со течен раствор на битумен (Асфалт) експозицијата траела девет часа, и таа фотографија е сочувана до денеска.
Во 1838 година Французинот Луј Дагер пронаоѓа нова метода, тн. дагеротипија,во која нема негарив, туку фотографијата се прави директно. Независно од тоа 1835година Хенри Таблот од Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска/ Англија ја добил првата фотографија на хартија. На тој начин, востановил дека процестот на позитив-негатив значајно придонел за понатамошниот развој на фотографијата. Фотографијата, понатамо оди со забразан тек и брзо се развива. Значајни личности кои придонеле за развојот на фотографијата се Арчер, Медокс и Фотографија је надаље ишла само узбрдним током и брзо се развијала. Значајне личности које су придонеле развоју су Арчер, Медокс и Кевин Истмен, а за фотографијата во боја се Дарон, браќата Лимијер и Лонд.
Стивен Сасон, инженерот во Истмен Кодак, ја направил првата електронска камера 1975година. До крајот на 1990 година, дигиталните камери станаа вообичаени помеѓу потрошувачите. До средината на 2000 година дигитални фотоапарати во голема мерка ги заменија филмските камери, а денеска сите мобилни телефони имаат вградено дигитални фото-апарати.
Основни елементи на дигиталните фото-апарати се:
Тип | Ширина (-{mm}-) | Ширина (-{mm}-) | Димензије (-{mm}-) |
---|---|---|---|
1/3.6" | 4.00 | 3.00 | 12.0 |
1/3.2" | 4.54 | 3.42 | 15.5 |
1/3" | 4.80 | 3.60 | 17.3 |
1/2" | 6.40 | 4.80 | 30.7 |
1" | 12.8 | 9.6 | 123 |
Дигитализацијата е процес на претворање на аналогниот сигнал во дигитален облик. За да се направи тоа, потребно е да се запише секој податок (светлоста) кој е проминал низ објективот и фотосензорот, односно да му се додели точно одреден број. Благодарејќи на дигитализацијата која овозможува полесно користење, обработка и размена на дигитализираните податоци од секој вид (музика, слики, филмови, книги и др.), дојде до револуција во развојот на информациската и комуникациската технологија.
Постојат различини техники на чување на фотографиите во компјутерот каде со одреден систем се зачувува меморија потребна за чување на фотографиите:
Кага светлото проаѓа низ објективот, паѓа врз фото-сензорот. Сензорот за снимање на фотографии во дигиталниот фото-апарат е саставен од мрежа на поединечни фотоосетливи ќелии, осетливи на светлоста. Во зависност од интензитетот на секоја ќелија се ствара електричен напон во фотоелементот, пикселот. Тие напони се претвораат во сигнал кој се зајакнува до потребното ниво за нивна обработка. Во повеќето сетилни мрежи секоја ќелија е покриена со црвен, зелен или син филтер, па така реагира само на една од примарните бои (црвена, зелена или сина). Со оглед дека секој пиксел е прекриен со даден филтер, тој реагира само на тој спектар. Филтрите се распоредени во групата од по четири филтри, еден црвен, еден син и два зелени. Дополнителниот зелен филтер е присатан, затоа што, човечкото око е најосетливио на зелената светлост.
После тоа, се врши претворување на сигналот низ дигиталните податаци и во секој пиксел поединечно се придодава број, во зависност од јачината на светлото, и тогаш добиените податоци се проследуваат во процесот на понатамошна обработка. Во оваа фаза, електричните сигнали од секоја ќелија, сразмерно со јачината на паднатата светлост. За да информацијата се претвори во дигитална форма, сигналот мора да се дигитализира - на секој сигнал се доделува одреден број. После тоа, информацијата многу лесно може да се обработува Компјутер.
Дигиталниот фото-апарат обработува различни јачини на сигналот низ поединечните ќелии, така да секој пиксел на сликата добива соодветна вредност на бојата: за секој пиксел на основа на податоци низ соседните ќелии се пресметува или внесува неговата вредност. Таа интерполација на бојата е клучен чекор, бидејќи овозможува пресметка од која ќе зависи конечниот квалитет на снимањето на Фотографијата. Подобрување на квалитетот на дигиталната фотографија со подобрување на фотоосетливите сензори, се благодарение на усовршувањето на интерполациските алгоритми. Вредностите за свакој пиксел се собираат и поврзуваат, па така настанува фотографска податотека,и во тој процес се одредува и форматот, односно структурата на податотеката.
Некои дигитални фото-апарати, продолжуваат со процесот на обработка на подобрување на оштрината на фотографијата, а со тоа се собираат податоци за користените -{JPEG}- алгоритми. После обработката, дигиталната фотографија се складира (во однос на тврдиот диск или во меморијата). Првиот дел од процесот, бележењето на фотографијата со сензори, обично е многу брз, но обработката и складирањето траат малку подолго. За да се забрза тој дел на процесот, многу квалитетни фото-апарати имаат многу -{RАМ}--а, меморија за привремено складирање на фотографијата како обработка на снимките не би го попречила снимањето.
За да фотографијата се претстави на компјутерот, мора да се дигитализира - да се претстави во облик на матрица Пиксел. Тоа претставување, освен во дигиталниот фото-апарат, може да се врши и со помош на други дигитални уреди: Скенер, дигитална видеокамера или компјутер. Дигиталниот (електронски) запис се нарекува бинарен и се состои само од два „збора“- 0 и 1. Дигиталните податоци бинарно се запишани и изгледаат, на пример: 01000001, или 01001101 и така натаму. Според тоа, во склад со содржината и намената на фотографијата, се одлучуваме за тоа колку информации треба да содржи таа фотографија. Одлуката за графичкиот формат на фотографија ја донесуваме водејќи сметка за техниките на компресијата со која графичкиот формат се поддржува. За уредување на фотографиите подобри се форматите во кои податоците не се компресирани воопшто или со компресија е без губитаци, но за приказ на фотографиите на веб, се користат формати кои користат алгоритми со висок степен на компресије.
За основна поделба може да се смета поделбата на аматерска и професионална опрема, а некоја преодна категорија ја чинат полупрофесионалните или напредните аматерски апарати, при што е тешко да се одреди границата на поединечни категории. Подолу се наведени одликите на поедините видови на фото-апарати, нивните предности и недостатоци, како и групата на луѓето за кои е генерално наменета.
Аматерската опрема е вообичаено потполно автоматски направена без премногу можоности на подесување. Целокупната работа се сведува на притискање на блендата и замена на батеријата. Наменети се пред сè на обичните луѓе, аматерите, па со самото тоа се прилагодени на нив. Предности на овие фото-апарати се едноставноста, компактноста, ниската цена, а данаска на пазарот постои и голем избор на бои, облици и дизајни. Фотографиите настанати со оваа опрема при поволна светлост можат да бидат со добар или со многу добар квалитет. Недостатоци се тоа што, при слаба светлост или неповолни услови, како и во ентериерот, квалитетот на фотографијата ќе биде полош, понекогаш и зрнаст. Не е реткост, поместувањето на сини тонови во бојата, а и ограничена су можност за некоја поголема исправка. Но сепак, целната група е претежно задоволе со користењето на овој вид на уреди и секојдневно расте побарувачката.
Со потполна автоматика, овозможува и рачно поставување или задавање на поединечни елементи (големина на релативен отвор на објективот, осетливоста на филмот) нудејќи подобри перформанси и голем број на посебни опции. Наменет е првенствено за професионалните фотографи, но се почесто го купујваат и „обичните смртници“. Доколику знаат да ги рукуваат таквите уреди, навистина може да се постигне многу, но се почесто се случува аматерските корисници да издвојат поголема сума на пари за професионален фото-апарат, и подоцна да бидат незадоволни, а не знаат ни да ги користат повеќето опции. Професионалната опрема обично се прави во -{SLR}- техника со изменет објектив и за професионалните фотографи тоа е единствена сигурна инвестиција за која не треба да се штеде. Предности се: висок квалитет на фотографијата (дури и при најлошо осветлување, со адекватно подесување, фотографиите можат да испаднат и подобри од оние направени со аматерска опрема), речиси супериорна контрола и регулација на светлоста со разни блицеви и макроснимање на објектот со сосема неколику сантиметари оддалеченост. Недостатоци се: висока цена, кварливост на уредите и навистина потребно многу подолго време за самата обработка на податаците од аматерските.
Комбинираните фото-апарати настанале како обид на произведувачите да направат комбинација на претходните два вида: аматерската и професионалната камера. Најдобри се за луѓе кои сакаат фото-апарати, но сепак, не се сè уште дораснати за професионални уреди. Додирни тачки меѓу нив нема, бидејќи се разликуваат од произведувач до произведувач. Обично, заедничката цена, која се движи помеѓу аматерските и професионалните, но сепак сè повеќе се свртени кон аматерските уреди.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.