Заксенхаген
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Заксенхаген (германски: Sachsenhagen) — мал град во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Заксенхаген | |
Поглед на плоштадот во Заксенхаген | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Шаумбург |
Општ. заед. | Заксенхаген |
Градски единици | 2 |
Градоначалник | Ралф Хантке (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 15,53 км2 |
Надм. височина | 55 м |
Население | 2.005 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 129 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SHG |
Пошт. бр. | 31553 |
Повик. бр. | 05725 |
Портал | www.sachsenhagen.de |
Местоположба на градот Заксенхаген во рамките на округот Шаумбург | |
Координати | 52°24′0″N 9°16′0″E |
Градот се наоѓа околу 9 километри североисточно од окружниот град Штатхаген и 33 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Малиот град на југ се граничи со Средногерманскиот Канал и се наоѓа на само шест километри јужно од Штајнхудер Мер. Низ градот течат потоците Заксенхегер Ауе и Цигенбах.
Градот е четврт најмал град во Долна Саксонија по број на жители и по површина.
Кон градот припаѓаат местата Заксенхаген и Нинбриге.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.