Штатхаген
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Штатхаген (германски: Stadthagen) — град и административно седиште на округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Штатхаген
Stadthagen | |
Поглед кон градскиот плоштад во Штатхаген | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Шаумбург |
Градоначалник | Оливер Тајс (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 60,27 км2 |
Надм. височина | 72 м |
Население | 22.643 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 376 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SHG |
Пошт. бр. | 31655 |
Повик. бр. | 05721 |
Портал | www.stadthagen.de |
Местоположба на градот Штатхаген во рамките на округот Шаумбург | |
Координати | 52°19′29″N 9°12′25″E |
Се наоѓа околу 20 километри источно од Минден и 40 километри западно од покраинскиот главен град Хановер. Во својата историја бил главен град и кратко време универзитетски град.
Градот е сместен на германскиот пат на фахверкот.
Градот се наоѓа помеѓу градовите Минден и Хановер во средиштето на округот Шаумбург и излегува на автопатот Б65. На југ се наоѓа ридскиот масив Бикеберг, гранка на Висорамнините Везер, додека на северозапад се протега Шаумбуршката Шума.
Соседни општини се: општините Лауенхаген, Лидерсфелд, Хојерсен, Бекедорф, Апелерн и Ауетал, градот Обернкирхен, како и општините Нинштет, Хелпзен, Хеспе, Мербек, Нордзел и Нидернверен.
Штатхаген се дели на следниве места:
Грофот АдолфAdolf III од Холштајн создал нова населба на подножјето на Бикеберг околу 1224 година. Нејзината местоположба близу рутата Хелвег сведочи за неговата стратешка и трговска мудрост. По успешното расчистување на шумата Дилвалд околу 1224 година, новата населба со име „индаго комитис“ (indago comitis, според насоки на грофот, исто име како Хаг) била првпат забележана во 1244 година, кога била опишана како град и тврдина. Во 1287 година, градот го променил своето име во Грефеналфесхаген (насока на грофот Адолф) и конечно го добила денешното име во 1378 година. Други важни моменти во раната историја на градот се добивањето на градскиот печат во 1320 година и добивањето градски права во 1344 година.
Околу 1400 година биле подигната камени бедеми. Преостанатите остатоци од овие се кулата во градот, малата кула на замокот и делови од градскиот бедем.
Во 1501 година започнало вадење јаглен во околината, кое траело до 1961 година.
Во 1559 година, резидентниот гроф Отон IV го вовел лутеранството. Неговиот претходник грофот Адолф XI го изградил моменталниот замок од архитектот Јерг Ункаир од Тибинген. Се градел во периодот 1534-1538 на местото на претходниот замок и е еден од најпознатите примери на рано ренесансен замок во Долна Саксонија. Официјалниот влез бил изграден во 1553 година на тогашната Горна порта. Во 1607 година, принцот Ернст од Шаумбург ја преселил својата резиденција од Штатхаген во Бикебург. Во 1609 година бил изграден мавзолејот на грофот позади црквата „Св. Мартин“. Вишата школа во 1610 година добила статус на универзитет во 1620 година, иако набрзо бил преместен во Ринтелн.
Првите канализации биле поставени на Горната и Долната улица во 1825 година. Во 1847 година била изградена железничката линија Хановер-Минден, а со тоа и зградата на моменталната железничка станица.
Во 1864 година биле поставени првите улични светилки, во форма на канделабри директно на улиците. Потоа следеле гасни ламби во 1899 година и електрично осветлување во 1955 година.
Кон крајот на XIX век бил воспоставен парк со дрвја на местото на бедемот.
Слободната Држава Шаумбург-Липе била воспоставена по крајот на монархијата во 1918 година.
Како многу германски градови, на 9 ноември 1938 година, при Кристалната ноќ, нацистите ја изгореле синагогата на еврејската заедница во Долната улица, која била изградена во 1857 година. Веднаш потоа, Евреите биле исклучени од јавниот живот и општеството. Во текот на Втората светска војна, градот бил двапати бомбардиран. Две бомби паднале зад Градското собрание, а шест бомби на улицата Виндмилен. На 9 април 1945 година градот бил освоен без отпор од американската војска и со тоа избегнал воена штета.
Во 1948 година, Штатхаген станал административно седиште на новосоздадениот округ Шаумбург-Липе, а во 1977 година на новиот округ Шаумбург. Населението во градот се зголемило на 23.000 во 1973 година поради соединувањето на повеќе околни општини во согласност со административната реформа. Подоцна, во 1982 година бил подигнат нов административен центар на местото на поранешната градска пиварница. Помеѓу 1980 и 1990 година, улицата во средиштето на градот биле претворени во пешачки зони.
Штатхаген е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.