From Wikipedia, the free encyclopedia
Екавски изговор (исто така екавица) е еден од трите изговори на српскиот, хрватскиот и босанскиот јазик и еден од двата кој се прифатени во книжевните варијанти на јазиците. Според тоа, екавскиот и ијекавскиот изговор се сметаат за литературни, што не е случај со икавскиот.
Географски, екавивцата се говори: на Косово и Метохија и Тимочка краина (постар екавски), јужна Србија (торлачки), поголем дел на Шумадија и Војводина (помлад екавски), додека екавски енклави постојат во Славонија (шќакавски или шокачки) и Подравјето (Осиек, Вуковар, Нашице)
Изговорот го добил името според рефлексот на прасловенскиот јат (ѣ = [æ:]), т.е. неговата замена со е:
ѣ → е
Замената на јатот со е е најзастапена и најчеста, но не и апсолутна:
ѣ → и
дури и ѣ → а
Последниот пример е специфичен и единствен.
Во основа термините екавски, (и)јекавски и икавски се однесуваат за говорите на штокавскиот дијалект, односно дијалектот кој е основа на книжевните српски, хрватски и босански јазик. Алтернативно, терминологијата може да се прошири на кајкавските и чакавските хрватски дијалекти. Уште повеќе, бидејќи јатот е прасловенски глас со рефлекси во сите современи словенски јазици, оваа терминологија може да се адаптира и за други словенски јазици. По таа логика македонскиот јазик би имал екавски изговор.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.