Remove ads

Едвард Мунк (норвешки: Edvard Munch); (Адалсбрук, Лотен, 12 декември 1863 - Осло, 23 јануари 1944 ) — норвешки уметник, типичен претставник на експресионизмот во сликарството.

Кратки факти Едвард МункEdvard Munch, Роден(а) ...
Едвард Мунк
Edvard Munch
Thumb
Мунк на фотографија без датум
Роден(а)12 декември 1863(1863-12-12)
Адалсбрук, Лотен, Шведска-Норвешка
Починал(а)23 јануари 1944(1944-01-23) (возр. 80)
Осло, Норвешка
Националностнорвешка
Познат(а) поСликар и графичар
Значајни дела
ПравецЕкспресионизам, симболизам
Затвори

Мунк користи линии кои се издолжуваат и свиваат, како и тонови на бои кои делуваат меланхолично. Таква атмосфера создал во сликите Крик“, „Беспокој“, „На мостот“. Станал познат во Германија во 20 век и извршил значително влијание врз тамошните експресионистички сликари. За време на создавањето на „Крик“, бил под вдахновение на црвеното небо од ерупцијата на вулканот Кракатау во Индонезија во 1883 година од другата страна на светот.

Во средината на декември 2006 година, стручната комисија официјално објавила дека најпознатото дело на Мунк „Крик“ било неповратно оштетено додека било во посед на крадци кои предолго го изложилле на штетното дејство на влагата.

Remove ads

Животопис

Роден е во Лотен на 12 декември 1863 година. Неговите родители, Кристијан Мунк и Лаура Катарина Бјолстад, по потекло биле од Лотен, но кога Едвард имал само една година, во 1864 година, неговата мајка оболела од туберкулоза и затоа се преселиле во Осло.[1] Бил многу потресен кога ја изгубил мајка си на петгодишна возраст, а уште подлабоко бил погоден од смртта на неговата четиринаесетгодишна сестра, Јоана Софи, во 1877 година. Нејзината смрт го поттикнала да создаде некои од неговите најпознати слики и графики, како што е Болното девојче (1885/86).

Едвард Мунк исто така бил со кревко здравје, често болен, изолиран и осамен како дете. Израснал во сиромаштија, опкружен со беда и општествени проблеми. Израснал во вечно неспокоен, малку морбиден песимист. Го плашела осаменоста на самото човечко суштество, исто како и гужвите на велеградот, како и вознемирувачката величественост на природата. Живеел под постојано потиснато чувство на паника и страв од болест и смрт.

Бил во врска со мажена жена. Деновите ги поминувал во коцкарници, расипништво, а подоцна немал за основни потреби. Им подлегнал на разни пороци, меѓу кои и алкохолизмот. Беше опкружен со опсесии, болест, љубомора, параноја и многу други проблеми. Претрпел здравствени проблеми со очите, кои во еден период од неговиот живот предизвикаа појава на слепило. Ја дочекал и смртта на својот татко, на чиј погреб не отишол. Сето ова било само дел од факторите на патот до длабока состојба на депресија и меланхолија.[2]

Remove ads

Сликарство

Сите расположенија Мунк ги пренесува на платното, користејќи линии кои се издолжуваат и свиваат, како и тонови на бои кои изгледаат меланхолично. Почнал да слика на дванаесет години. Првите дела биле под влијание на импресионизмот, ентериерите на неговата соба, а подоцна создал свој личен стил, нагласувајќи ги човечките емоции. Смртта на неговата сестра силно го погодила бидејќи бил близок со неа. Поголемиот дел од времето го поминувал во куќата, што се одразило во неговата уметност, бидејќи на неговите слики чести се мотивите на смртта, болеста, внатрешноста на домот и погледите од прозорците.

Во 1880 година се запишал на студии на Техничкиот факултет во Осло, но следната година го напуштил и се посветил на сликарството. Следната година, 1881 година, почнал да учи сликарство на Кралската школа за дизајн. Но, таму многу импровизира и доаѓа во судир со професорите, па на кратко го напушта тоа училиште. Ѝ се придружува на група независни сликари чија цел била да навлезат во најскриените и најдлабоките делови на психата. Почнал да учествува на помали изложби, но не бил особено забележан. Во Берлин во 1892 година ја имал првата голема изложба во странство, а воедно и првиот голем скандал. А таа изложба, всушност, била пресвртница во неговиот живот. Изложбата била прогласена за „навреда за уметноста“, весниците биле полни со негативни критики, но сето тоа, всушност, придонело за негова промоција.

Едвард Мунк често варирал на иста тема во различни ликовни техники, од цртеж и гваш, преку различни графички техники до масло на платно. Во подоцнежните години, Едвард Манк бил повеќе приврзан за Норвешка и помалку заинтересиран за изложби надвор од скандинавските земји. За време на окупацијата во Втората светска војна му била понудена соработка, но тој одбил да биде член на уметничкиот совет формиран од квислинзите. Починал во Екелија на 23 јануари 1944 година не дочекувајќи го ослободувањето на Норвешка.

Remove ads

Дела

Thumb
Едвард Мунк, Крик

Најпознатото дело на Мунк е „Врисок“ или „Крик “, а поважни се:

„Крик“ на Едвард Мунк е една од најзначајните слики на експресионистичкото движење. Денес се користи како симбол на душевна болка, симбол на очај, осаменост, недоразбирање, меланхолија и празнина. Тоа е најпознатата слика на Мунк и има неколку нејзини верзии. Сликата е буквално израз на личната невроза на Мунк и опишува паничен крик во потресна сцена поради ментална отуѓеност. На аукцијата достигнала вредност од над 80 милиони американски долари. Повеќе пати била мета на крадци. Мунк го опишал потеклото на оваа слика со следните зборови:

Шетав со пријателите, Сонцето заоѓаше, небото се претвораше во крваво црвена боја. Наеднаш се осетив исцрпен, застанав и се потпрев на оградата: видов крв и пламени јазици над сино-црниот фјорд и градот. Моите пријатели продолжија да одат, а јас останав, треперејќи од немир, и чувствував како бескраен крик проаѓа низ природата.[3]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads