From Wikipedia, the free encyclopedia
Готика или готска уметност претставувала средновековна уметност која опстојувала околу 200 години. Нејзините зачетоци се во Франција, по 12 век, како следбеничка на романтичното движење, се јавува најпрвин во архитектурата прин изработка на катедралите. По 14 век еволуира во нешто што се нарекува Интернационална готика како еден природен стил кој продолжува и во 15 век каде што се пренесува во ренесансната уметност. Примарно, готиката наоѓа примена во изработката на скулптурите, витражот, резбарството, фреско-сликарството и манискриптите. Преку готската уметност е прикажана една цела приказна преку изработени слики од областа како на христијанството така и навод од него. Најраните готски дела биле христијанските скулптури, кои се раѓале на ѕидовите на катедралите и манастирите. Христијанската уметност се одликувала со прикажани приказни од Стариот и Новиот завет. Изработките надвор од црковниот живот се однесувале најмногу на основањето на градовите, универзитетите, големиот број пазари, создавањето на новата економија и слично.
Готската скпултура во себе содржи украсување на катедралите и се употебува како додаток во архитектурата со украсни архитектонски елементи, најразлични стубови, палистери и конзоли. Балдахинската палстика претставувала основен елемент за развојот на сулптурата како самостојно уметничко дело. Во 12 и 13 век била единствена катедралска пластика со која се изработувале дела со мотиви од животот на Исус и Дева Марија како и животите на останатите светци. Волуминозноста е оновна одлика која доаѓала до израз кај овие скулптури, додека презентирањето на човечкото тело во конфронтација со пропорциите и природните облици се значајни за овој тип на уметност. Клаус Слатер, германско-бургундинскиот вајар, го означува крајот на готската скулптура и почетокот на класиката во ренесансниот стил на крајот на 15 век.
За врме на готската уметност подеднакво подем доживуваат како скулптурата така и сликарството. Во уметноста посебен акцент имале редот и чистотата. На сцена доаѓа вдлабнувањето на релјефот, со што готиката ги уништува огромните ѕидни површини погодни за сликање, но со ова се овозможило настанувањето на една нова техника во сликарството- витражот. Готичкото сликарство не дава можност за навлегување во сликата со што се појавуваат и теоретичари (Витилио) кои се занимаваат со оваа проблематика околу просторот на сликата и перспективата на сликарите од која што инспириран бил и Чото, чиишто учител бил Чимабуе кој ја враќа просторната илузија во реалниот простор. Уметниците од истите бои добивале сенка и ги препознаваат згуснатите и разредените бои. Витражот станува една благородна техника која се развива во готиката, стаклото се изработува во мала и голема плочкаста форма на која се гради сликата. Структурата на сликата има дводимензионален плоштенски карактер. Доминанти бои се црвената, сината, темносината и жолтата. Контурите се формираат, а подоцна се јавуваат и останатите уметнички пристапи како декаденцијата, помалите композиции на помали стаклени површини, се појавува додавањето на сенки на витражот и техниката во која само на средината на стаклената површина се јавува витражот. Во тој период, катедралите почнуваат со натпреварување која од нив ќе има поубав витраж, кога почнува и слиакњето на дврени плочи од тврдо дрво излепени со посебни украсни делови во самите катедрали, каде и според некои митови, се појавува и цртањето на платно иако се знае дека овој вид на цртање настанува дури во времето на ренесансата. Новите реалистични елементи доаѓаат околу 1400 година од Бургундија како и фламанските области (браќата ван Ајк) и се пренесуваат во француско-холандските области (Авињон, Бургундија и Холандија) од каде што готиката се проширува и во останатите делови на Европа.
Според Оскар Вајлд, готската уметност е уметност на оние чија свест ја мачеле болните сонови.[1]
„Готска уметност“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.