From Wikipedia, the free encyclopedia
Германско Царство (германски: Deutsches Reich, Deutsches Kaiserreich) бил назив за германска држава во период од 47 години, од кога прускиот крал Вилхелм I се прогласил за германски цар на 18 јануари 1871 до 9 декември 1918 година и абдикацијата на Вилхелм II по поразот во Првата светска војна. Службеното име на државата, Германски Рајх, се користело сè до 1943 година иако Германија не била царство цело ова време.
Германско Царство Deutsches Reich
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1871–1918 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Motto: Gott mit uns „Бог со нас“ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Химна: (нема официјална) Heil dir im Siegerkranz (царска) Deutschlandlied (народна) Die Wacht am Rhein (неофицијална) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Главен град | Берлин | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Говорени јазици | Државен јазик: германски Неслужбени малцински јазици: дански, француски, јидиш, лужички, полски, фризиски, литвански Колонијални јазици: банту, ошивамбо, африканс, свахили (африкански колонии) мандарински (Цингтао и зал. Џиаоџоу) папуански (Германска Нова Гвинеја) самоански (Германска Самоа) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вероисповед | протестантство~60% католицизам~39% јудаизам~1% | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Уредување | федеративна монархија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
кајзер (цар) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1871–1888 | Вилхелм I | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1888 | Фридрих III | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1888–1918 | Вилхелм II | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Канцелар | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1871–1890 | Ото фон Бизмарк (прв) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 8–9 ноември 1918 | Фридриг Еберт (последен) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Legislature | Рајхстаг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• Државен совет | Рајхсрат | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Историски период | Нов империјализам/I светска војна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
18 јануари 1871 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
9 ноември 1918 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• Формална абдикација | 28 ноември 1918 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
1910 | 540.857,54 km2 (208,826,26 sq mi) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Население | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1871 | 41.058.792 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1890 | 49.428.470 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
• 1910 | 64.925.993 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Валута | обединет талер, јужногермански гулден, бременски талер, хамбуршка марка, француски франк (до 1873, заедно) златна марка (1873–1914) книжна марка (по 1914) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Денес дел од | Белгија Чешка Данска Франција Германија Литванија Полска Русија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Изразот Втор Рајх (германски: Zweites Reich) понекогаш и најдобро го означува овој период во историјата на Германија. Изразот го вовел Артур Мелер ван ден Брук во 20-те години на 20 век. Заклучил дека Светото римско Царство било Првиот германски рајх, додека Германското Царство било Втор рајх. Со таа логика настанал и изразот Трет Рајх кој се однесува на Хитлеровата Германија.
И по револуцијата од 1848 г. Германија останала необединета. Постоеле околу 38 државички, а најголеми биле Австрија и Прусија, меѓу кои се водела борба за превласт над германските држави. Најистакнат борец за обединување на Германија бил прускиот канцелар Ото фон Бизмарк, претседател на владата на прускиот крал Вилхелм I. Тој сметал дека обединувањето не може да се постигне со зборови, туку со оружје и крв, односно по пат на војна против сите непријатели на обединувањето. Во 1864 г. Прусија и Австрија ја нападнале Данска и ги одзеле северно-германските области. Но заради поделба на освоените области настанала караница меѓу Прусија и Австрија. Војнички посилната Прусија го искористила овој момент и во јуни 1866 г. ја нападнала Австрија. Тоа го искористила и Италија и ја нападнала Австрија за да и ја одземе Венециската област. Австрија била поразена кај Садова во Чешка и била принудена да се откаже од стремежот за хегемонија над Германија, а на Италија и ја отстапила Венециската област.
Пред обединувањето на царството, Германија била поделена на 39 независни држави. Тие држави се делеле на: кралства, големи војводства, војводства, кнежевства, слободни градови и една gцарска територија. Кралството Прусија била најголема самостојна германска држава, и покривала 60% од површината на тогашното Германско Царство. Многу историчари сметаат дека Бизмарковото обединување на Германија всушност било само проширување на Прусија.
Овие држави својата суевереност ја стекнале на различни начини. Некои ја добиле со распадот на Светото Римско Царство, додека пак некои се избориле за суеверноста на Виенскиот Конгрес во 1815 година. Териториите на поединечните држави не секогаш сочинувале една физичка целина, некои дури постоеле од неколку делови. Ова е резултат како од историското делување, така и од наследството кое што има последователни врски со одредени династии.
Бизмарковата внатртешна политика одиграла голема улoгa во остврувањето на авторитативната политика во царството. Со јакнувањето на континенталната политика веднаш по обединувањето во 1871 година, германската влада донела релативно едноставни економски и политички промени. Темелните Бизмаркови реформи ја подигнале Германија на самиот врв на европската индустриска моќ.
Процесот на индустријализацијата во Германија и во германските фабрики почнал динамично да го освојува германскиот пазар, а со тоа ја преместил Британската роба во втор план. Започнала и жестока битка помеѓу германските и британските производи надвор од границите на Германија, претежно во САД. Германскиот текстил и металната индустрија во почетокот на Француско-Пруската војна ги надминал и ги заменил сите страни, а меѓу нив и британските производи од домашниот пазар. За време на векот германската индустрија дури и извезувала метал за британскиот слободен пазар. Произведувајќи квалитетна воена опрема за време на Првата светска војна германската индустрија ги опремила своите вокници со одлична опрема. Тука е вклучено и производството на германските пушки (германски: Gewehr 98), пиштолите (германски: PO8 Luger), и тешкото вооружување (Митралези, разновидни проектили и тешка и лесна артилерија)
По службеното обединување на Германија во 1871 година, Бизмарк се посветил на пропагирање на прусионизмот под маска на обединувањето на Германија. На тоа се спротивставил службен Ватикан и папата Пиј IX,, што довело до разни конфликти.
Бизмарковите главни цели биле: културна борба (германски: Kulturkampf), социјални реформи и национално обединување.
Политиката за обединување подразбирала и чистење на негерманските јазици од јавниот живот, училиштата и академските установи. Насилната германизација често имала и спротивен ефект од пожелуваниот, националните малцинства цврсто го чувале својот јазик и културата учејќи ги своите деца дома, плашејќи се да не ја изгубат националната совест.
Полјаците биле најмногу потиснати со германизацијата. Почнала жесто битка помеѓу Бизмарк и нив, им давале земји во колониите, додека пак од Германија ги протерувале. Во 1888 година била организирана масовна депортација на Полјаците, која била органицирана од страна на Бизмарк и неговата влада.
Царството доста добро се развило под Бизмарковата власт сè до смртта на царот во 1888 година. По неговата смрт, Фридрих III, неговиот син и наследник, бил на власт само 99 дена, кога престолот го препуштил на Вилхелм II. Тој настан е одбележан како „годината на три цареви“ (германски: Dreikaiserjahr). Влихелм II го сфатил значењето на царскиот престол, и сакал за разлика од величината на европските монарси во тоа време кои имале само фигуративна власт, да биде владетел и „де факто“. Амбициите на Вилхелм II и неговите дела го довеле во конфликт со Бизмарк. По жестоката расправија околу власта, Бизмарк се повлекол и ја предал власта на Вилхелм II во март 1890 година, кога и поднел оставка на местото на германски канцелар.
По Бизмарковата оставка, Вилхелм II станал главен водач на Германија. За разлика од неговиот татко Вилхелм I, кој во поголемиот дел од работите, било внатрешни или надворешни, ја оставал власта на Бизмарк, Вилхелм II активно се вклучил во германската политика, со желба да остави впечаток на сигурен, способен и одговорен владетел, и да го задржи правото, а не фигуративната власт. Вилхелм II по своја желба примал совети од Валтер Ратенау, доста контроверзна личност во германската политика која била либерал, евреин, масон и хомосексуалец (бил убиен од страна на десничарските екстремисти во 1922 година). Од Ратенхау, Вилхелм осознал многу за европската економија и индустријските и финансиските врски во внатрешноста, што многу му помогнало во приклучувањето во политичкиот живот
На службените слики и фотографии, Вилхелм II секогаш ја приксоперник својата лева рака која му била деформирана од раѓањето. Вилхелм II во светската историја останал запаметен по својата агресивна политика која била и една од причините за почнување на Првата светска војна.
За време на владеењето на Вилхелм II, Германија повеќе не уживала таков авторитет кога со неа владеел Ото фон Бизмарк. Наследниците на Бизмарк имале големи проблеми кога се работело за промена на власта, посебно неговите наследници на местото канцелар на Прусија. Првите либерални промени ги вовел Лео фон Каприви и со тоа ја намалил невработеноста. Неговиот програм за либерализација во Германија бил прифатен и од страна на царот, и од страна на германското население. Единствени противници на овие промени биле пурските земјоделци, кои се плашеле од губиток на власта и моќта, па затоа покренале и кампања против Каприевата реформа[3].
За време додека пруските аристократи се бунеле на сите барања на обединета Германија, во 1890-те, неколку побунувачки организации станале против пурскиот милитаризам и политиката таканаречена „прусификација“ која полека станала главен елемент на германската политика, како надворешно така и внатрешно. Поединети професори го вовеле либерализмот во образованието и така тие створиле алтернативен милитаризам, во желба за развивање на инивидуализмот и слободата.[4]. Најголемата опозиција на Вилхелм II ја пружила новооснованата партија СДП (Социјал-демократска партија на Германија) која пропагирала многу левичарски идеи, а меѓу нив и марксизам. Исто така СДП бил заговорник на многу социјалистички реформи кои би ја ослабиле моќта на царот, и поради тоа, таа партија жестоко се спротивставила на Вилхелм II. Силната германска индустрија вовела програм на социјална заштита и згрижување за своите работници се дододека тие не ги поддржувале социјалистите. Имале право на пензија, осигурување во случај на болест, дури и биле стамбено згрижени, што ги намалило социјалните проблеми[4].
Вилхелм II, за разлика од Бизмарк, ги разрешил немирите помеѓу Германија и Католичката црква, и со неа се здружил во борбата против социјализмот[5]. Оваа политика доживеала пропаст кога социјал-демократите ја добиле третината од гласовите во 1912 за Reichstag (македонски: Рајхстаг), и така станале третата најголема партија во Германија. Меѓутоа, тие не образувале парламентарно мнозинство, кое што го направиле десничарските партии кои биле поддржувани од царот и Католичката црква. Во ова време во оваа власт пораснал национализмот и милитаризмот, и поголемиот дел од Германците кои не сакале да го отслужат воениот рок заминале за Америка.
Вилхелм II сакал да ѝ направи на Германија „место под сонцето“, па така исто како Велика Британија почнал да освојува и да создава колонијални територии ширум Африка и Тихиот Океан. Поголемата африканска територија веќе од порано била колонизирана, така што Германија немала лесна задача. Ги преземале сите неколонизирани држави во Африка и створиле таканаречена Германска Југозападна Африка во која што спаѓале Намибија, Германски Камерун, Камерун и Германска Источна Африка (Танзанија). Германија исто така добила и некои острови во Тихиот Океан. Кинеското пристаниште Чингдао, било конкурентно пристаниште со британскиот Хонгконг и португалското Макао. Африканските колонии остварувале некаков профит на Германија, додека пак тихоокеанските острови не биле од никакво економско значење. Служеле само за ширење на германскиот јазик и за влијание во светот. Германија, која била финансирана од Германската Банка, се вклучила во проектот за изградба на Багдадска железница (1900 - 1911) заедно со Османлискиото Царство, што покренало настанување на германски пристаништа-градови на Блискиот Исток[6]. Создавањето на Багдадската железница било поддржано и од Велика Британија, која верувала дека со тоа дека, трговијата помеѓу неа и Германија ќе биде поголема. Меѓутоа како што времето изминувало, Британците увиделе дека германските напори за подобрувањето на своето влијание на Блискиот Исток би довело до смалување на британското влијание, па затоа Британците побарале прекин на изградбата на Багдадската железница. Барањето било прифатено од Германија и од Османлиското Царство. Бизмарк пак, имал и друга политика со која се противел на колонизацијата. Сметал дека Германија ќе добие меѓународна моќ и доминација во Европа со создавањето на Германија во средна Европа така што би преземал некои делови од територијата на Руското Царство, што би довело до доволни економски ресурси и би остварило профит. Вилхелмовите напори за колонизација на неколкуте слободни територии во Африка и на Тихиот Океан наишло на големи критики од страна на германските националисти и идниот нацистички водач Адолф Хитлер, затоа што пропуштил да направи Германско Царство кое би се темелело само на европските територии.
Германскиот колонијализам на Вилхелм II ја вовлекол Германија во многу конфликти. Првиот конфликт се случил за време на Боксерското востаине во Чјингдау. Кинеските цивили протестирале против германската власт во таа покраина. На овој чин, царот брзо одговорил со вооружен напад, говорејќи дела Кинезите мораат да ја запамтат германската моќ и сила на ист начин како што европските народи ги запамтиле Хуните. Таа изјава на царот била употребувана многупати во Првата светска војна и Втората светска војна за исмејување на Германија и германскиот народ. Друг случај бил кога насилната германска политика двапати скоро предизвикала војна со Франција околу прашањето за Мароко.
Германскиот колонијализам исто така резултирал со многу неславни потези. Како што биле бројните геноциди во Германска Југозападна Африка (денешна Намибија), посебно оној над племето Хереро и Нама. По преземањето на југозападна Африка, германските бели доселеници се населиле на земјата на африканските племиња Хереро и Нама, со цел да ги угладнуваат и ги преместат во резервати. Припадниците на племињата Хереро и Нама станале робовска сила, додека пак нивната земја била искористена како вреден извор, особено за вадење на драги камења и дијаманти. Во 1903 и 1904 година, припадниците на племињата Хереро и Нама направиле бунт против германската власт во источна Африка. Како одговор на бунтот, Вилхелм II го пратил германскиот воен заповедник Лотар фон Трота во југозападна Африка како би ги прогонувал припадниците на племето Хереро од источна Африка. Фон Трота дал ултиматум на племето Хереро.
Јас, големиот генерал на германските трупи, го праќам ова писмо до припадниците на племето Хереро... Сите припадници на племето Хереро мораат да ја напуштат оваа земја... Ако било кој припадник на племето биде пронајден внатре во германските граници, со оружје или без него, со домашно животно или без него, ќе биде стрелан. Веќе нема да примам жени или деца; туку ќе ги пратам назад во племето и ќе ги убијам. Тоа е моја одлука за сите припадници на племето Хереро.[7]
Вкупно, околу 65,000 припадници на племето Хереро (80% од целокупната популација на племето Хереро) и 10,000 припадници на племето Нама (50% од целокупната популација на племето Нама) биле ликвидирани или починале за време на германската власт во Африка. Германското Царство ја оправдувала акцијата пред светот, говорејќи дека припадниците на племето Хереро биле под заштита на Женевската конвенција за човековите права, што Германците како да ги сфаќале припадниците на племињата Хереро и Нема не како луѓе, туку нешто како „подлуѓе“. Оваа метода на „дехуманизација“ и одземање на човековите права биле основа на Адолф Хитлер и нацистичкиот режим за прогон на Евреите и останатите „пониски раси“. Меѓутоа, спротивно на Третиот рајх, Германското Царство не сите црнци ги сметале за пониска раса. Некои домородци кои го прифатиле христијанството станале дел од германската колонијална војска, нарекувана Аскарсис. Геноцидот бил вперен кон припадниците на племињата Хереро и Нама од источна Африка, како би го уплашиле тамошното домородско население и би ги спречиле во секаков иден обид за бунт. Обединетите нации признале и потврдиле го овој геноцид во 1985, како последица на тоа, во 2004 година, заедно со германската влада ги осудила сите злосторсва кои биле извршувани од страна на Германското Царство.
Германските расправии со Франција и поддржувањето на Австроунгарската окупација врз Босна и Херцеговина во 1908 година, ги уништило добрите врски со Русија, потинцијалниот сојузник во борбата против Британската превласт. По усогласувањето помеѓу Британците и Русите против германската агресивна надворешна политика и решавањето на расправиите со Франција, Германија останала изолирана и со еден лојален сојузник Австроунгарија. Исто така Австроунгарија се потпирала на Германија како единствен прав сојузник и зависела од германската поддршка на етничкиот национализам и мултиетничкото Австроунгарско Царство. Германскиот втор сојузник, Италија видела многу повеќе профит во преземањето на поголемиот дел од Хрватското крајбрежје, која во тоа време била во склоп на Австроунгарија, а не била во сојузништво со Германија.
По атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд кој го извршил босанскиот србин Гаврило Принцип, царот Вилхелм II му понудил на австрискиот цар Франц Џозеф полна помош и поддршка во нападот над Србија, која ја обвинувале за атентатот. По одбивањето на Србија на барањето на Австроунгарија да пристигнат австриски истражувачи за случајот на атентатот, Австроунгарија започнала инвазија врз Србија. Германија не очекувала војна, а и мислела дека ако избие војна ќе биде на регионално ниво, помеѓу Австрија и Србија во која би се вклучила евентуално и Русија. По застанувањето на Германија зад постапките на Австроунгарија, а Франција и Британија со Русија, би било очигледно, ако избие војна, дека Европа ќе се соочи со најголемата војна во својата историја.
Германија беше во војна со насочување кон нејзиниот главен соперник, Франција. Германија во Франција видела голема закана на европскиот континент, која би можела побрзо да се мобилизира од Русија и да ја преземе во суштина германската индустрија во долината на реката Рајна. За разлика од Британија и Русија, Французите се вклучиле во војната пред све поради освета на Германија, посебно поради губењето на градовите Алзас и Лорен во 1871 година. Германското врховно заповедништво знаело дека Французите собирале војска за влез во Алзас и Лорен. Германија не сакала да ризикува со долги битики на германско-француската граница па наместо тоа го прифатила Шлифеновиот план, воен план осмислен така што би била избегната напорната битка на германско-француската граница. Германската војска влегла низ земјата Бенелукс во Франција, спуштајќи се спрема Париз и опколувајќи го, а со тоа брзо ја победиле француската војска на француско-германската граница. По поразот на француската војска. По поразот над француската војска, Германија се свртила кон Русија. Меѓутоа, Французите по поразот на својата војска пружале жесток отпор бранејќи го нивниот главен град, Германците не морале да се повлечат по првата битка на Марни.
По германскиот неуспех во првата битка на Марни, германската идеја за брза победа пропаднала и почнало долготрајно војување во рововите. Понатамошните обиди за продор во длабочината на француската територија пропаднале по двете битки кај Ипер со големи жртви кај двете страни. Германскиот заповедник на врховниот штаб, Ерих фин Фалкенхајн одлучил да се откаже од Шлифеновиот план и наместо тоа да се фокусира на долготрајната и напорна рововска војна со Франција кај Верден. Причината била тоа што градот Верден бил град херој и француска гордост во Француско-Пурска војна, па со тоа бил и свесен дека Французите ќе се погрижат Верден да остане слободен. Кога почнала Битката за Верден, француските единици почнале да добиваат тешки удари. Прво германската војска ги труела француските војници со отровни гасови, а потоа со директен напад што уште повеќе ја влошила состојбата на француската војска. Но битката како што поминувало времето, ја намалувала својата жештина, а со тоа повторно дошло до исцрпувачка рововска војна која само ги задржувала германските војници во Франција додека Русите биле се поблиску до источна Прусија. И покрај тоа што француските загуби биле доста поголеми од германските, француските војници кога биле на бојното поле добвале поддршка и од луѓето и жителите на Верден, што дополнително го отежниле освојувањето на Германците на Верден. По доаѓањето на местото на Фалкенхајн, идниот нацист Ерих Лудендорф, сфатил дека Битката кај Верден била залудна и дека така Германија само губела бројност на војската и време, па затоа наредил повлекување на своите трупи во декември 1916 година.
Додека состојбата на западниот фронт била безизлезна, борбите на Источниот фронт често завршувале со германска победа. Многу лошата организирана и наоружана руска војска не била во можност да ја победи многу подобро организираната германска војска, па затоа Германците успешно се ширеле на исток. Германија профитирала од внатрешните политички конфликти во Русија, а со тоа во 1916 година му осигурала на рускиот комунист Владимир Ленин пат низ Германија на пат во Русија. Германците сметале дека Ленин ќе ги продолжи политичките нереди во Русија, и дека Русија по тоа веќе нема да биде способна да војува, така што германската војска би победила на Источниот фронт, што би воедно довело и до префрлање на голем број војници од Источниот на Западниот фронт за понатамошна војна со сојузниците.
Во 1917 година во Русија избиле две револуции во кои било срушено царството и бил воспоставен комунистичкиот режим под водство на Владимир Ленин. Поради тоа што имал премногу внатрешни проблеми, Ленин одлучил да го сопре походот на Германија и Австроунгарија и да ја пренасочи воената сила во борбата против внатрешните непријатели, приврзаници на веќе соборениот крал Николај II. Мировниот договор во Брест-Литовск од 1918 година, комунистичката власт на Русија дала огромна територија на располагање на Германија само да би ставиле крај на војната на Источниот фронт. Таа територија денес ги вклучува балтичките држави (Естонија, Литванија, Летонија, Украина и Белорусија). Секако мировниот договот ја ставила Германија во поволна положба. Не само што огромната количина на територија дадена на Германија и тоа што Русите со тоа морале и да и плаќаат воена оштета на Германија, туку и тоа што Германците можеле да префрлат голем број на војници на Западниот фронт и да се посветат на војната со остатокот од Антантите.
На колонијалното бојно поле, германските резултати не биле променливи. Многу од германските колонии паднале во рацете на британската и француската војска. Меѓутоа во Германска Источна Африка, импресивниот поход го водел генералот Пол Емил фон Лотов-Ворбек, водач на африканските домородски кои се бореле на германска страна. Летов-Ворбек ги користел герилските методи на напад против Британците во Кенија како и во освојувањето на португалскиот Мозамбик, како би дошол до повеќе земја и залихи на храна и оружје за неговите војници. По војната неговата војска не била единствена на која и било допуштена победничка свеченост под Бранденбуршката капија.
Без обзир на успехот на источниот фронт во 1918 година, Германија не напредувала на западниот фронт поради три причини. Првата причина било времетрањето на долготрајната и напорна војна, имено германските војници константно биле на фронтот, борејќи се без вера во победа за Германија. Втората причина била бунтот на цивилите поради долготрајното војунвање и намалувањето на животниот стандард. Имено, по британската блокада врз Германија, германските цивили биле присилени да живеат во многу лоши услови. Ги покачиле цените, особено на храната и основните животни намирници. Почнале бројни анти-воени демонстрации кои посебно ги организирале припадниците на партијата од левото крило како што биле Социајлдемократска Партија на Германија и Независната Социјалдемократска Партија на Германија, коишто барале итен крај на војната. За време на војната, а посебно зимата од 1916 до 1917 година, од неисхранетост умреле 750.000 германски цивили, што го разбеснило германскиот народ којшто својот бес го покажувал со приклучување на радикалните партии во Германија, кои се противеле на продолжувањето на војувањето. Третата причина за германскиот неуспех било вклучувањето на САД во војната, кој додатно ги пореметил германските планови и ги потопил во вода последните идеи за победа на Германците во Првата светска војна.
Во ноември 1918 година, Австроунгарија се нашла во многу тешка позиција. Внатрешните револуции, веќе изгубената војна, незадоволството на угнетуваниите етнички групи земало замав. Правиот сојузник на Австроунгарија, Германија, поради внатрешниот притисок и проблеми се распаднала. Од другата страна пак, германскиот цар Вилхелм II, поради социјалистичките демонстрации ја основал СПД и пред крајот на војната абдицирал од положбата на германски цар. Овој негов чин ја завршува ерата на Германското Царство и ја започнува новата ера за Германија (Вајмарска Република) во сосем ново друштвено уредување.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.