From Wikipedia, the free encyclopedia
Византиска уметност — назив за уметничките производи на Византија, како и на нациите и државите кои ја наследиле културата од империјата. Империјата настанала од падот на Рим и траела сè до падот на Цариград во 1453 година,[1] многу источни православни држави во Источна Европа, и во некои од муслимански држави во источното Средоземје, зачувале голем број од делата на империјалната култура и уметност во наедните векови.
Дел од држави современици со Византија ниле под културно влијание на империјата, без притоа да бидат дел од византиската држава. Такви се на пример Бугарија, Србија, и Русите, како и неправославните држави како Венецијанската Република и Кралството Сицилија, кои имале блиски односи со Византија и покрај тоа што биле дел од западноевропската култура. Уметноста создавана од источните православни христијани кои живееле во Отоманското Царство честопати се нарекува „поствизантиска.“ Одредени уметнички традиции кои потекнувале во Византиското Царство, особено во поглед на цртањето на иконите и црковната архитектура се задржани во Грција, Србија, Бугарија, Македонија, Русија и други православни држави до денес.
Како што Византија претставувала политички дел од Римското Царство, византиската уметност се развила од уметноста на Римското Царство, која пак била под влијание на старогрчката уметност. Византиската уметност никогаш не изгубила поврзаност со класичното наследство. Главниот град, Цариград, бил украсен со огромен број на класични скулптури,[2] иако тие во еден момент ќе станат загонетка за жителите на градот.[3] И анвистина, уметноста создавана во периодот на Византија, одбележана со периодично заживување на класичната естетика, пред сè била одбележана со развојот на нова естетика.
Најизразена особина на оваа нова естетика била нејзината “апстрактност” или неприроден карактер. Ако класичната уметност била означена со обид да се создадат претстави кој ја имитирале реалноста колку што е можно поблиску, византиската уметност го напуштила овој обид во корист на посимболичниот приод.
Природата и причините за оваа трансформација, која во најголем дел се случила во доцната антика, се дел од научната дебата низ вековите.[4] Џорџо Вазари вели дека ова се должи на падот на уметничката вештина и стандарди, кои пак за возврат биле повторно оживеани од страна на неговите современици од италијанската ренесанса. Иако ова гледиште спомнувано најчесто од Бернард Беренсон,[5] современите научници заземаат попозитивен поглед кон византиската естетика. Алоис Ригл и Јозеф Штрзиговски, кои пишувале на почетокот на XX век, се највиновни за откривањето на оваа доцноантичка уметност.[6] Алоис Ригл гледал на ова како на природен развој на предпостоечките насоки во римската уметност, додека пак Јозеф Штрзиговски гледал како на производ на “ориенталните” влијанија. Значајни неодамнешни пидонеси во дебатата се оние на Ернст Китцингер,[7] кој забележал “дијалектика” меѓу “апстрактните” и “хеленистичките” тенденции во доцната антика, и Џон Онианс,[8] кој согледал “зголемување на визулениот одговор” во доцната антика, низ кој набљудувачот “може да погледне низ нешто што во XX век ње чисто апстрактно и го гледаат претставително.”
Во секој случај, дебатата е современа: јасно е дека виантијците не ја сметале својата уметност за апстрактна и нереална. Како што забележал и Сирил Манго, “нашиот сопствен восхит на византиската уметност потекнива во голем дел од фактот што оваа уметност е неприродна, сепак самите византијци, судејќи според нивните опширни изјави, кои ја сметале за високо природна и била во директна поврзаност со традицијата на Фидија, Апел и Зевксид.”[9]
Темите на монументалната византиска уметност била пред сè религиозна и империјална: двете теми се честопати комбинирани, како во портретите на подоцнежните византиски императори кој ја краселе внатрешноста на црквата од VI век Аја Софија во Цариград. Овие претстави се делумно резултат на благочестивата и автократна природа на византиското општество, и делумно се резултат на неговата економска структура: богатството на империјата било сконцентрирано во рацете на црквата и империјалните власти, кои ја имале најголемата можност да преземат монументални уметнички зафати.
Верската уметност не била, сепак, ограничена на монументалната украсеност на црковната внатрешност. Еден од најважните жанрови на византиската уметност била иконата, сила на Исус, Богородица, или светец, искористен како објект на почит во православните цркви и приватните домови. Иконите биле по природа порелигиозни отколку естетски: особено по крајот на иконоборствот, за истите се сметало дека искажуваат единствено “присуство” на личноста прикажана како “наликува” на личноста која грижливо е прикажувана таква со каноните за претставување.[10]
Украсувањето на книгите бил уште еден жанр на византискат уметност. Најчесто украсуваните текстови биле со верска природа, заедно обичните текстови и теолошките текстови (како што се Лествица од Јован Лествичник или пак беседите на Свети Григориј Богослов). Секуларните текстови биле исто така украсувани: важни примери се оние на Александрида и ситоријата на Јован Скилица.
Византијците го наследиле ранохристијанскиот сомнеж во монументалната скулптура во верската уметност, и созавале само релјефи, од кои само мал број се зачувани и се изработени во природна големина, со голема разлика од западната уметност од тој период, каде монументалната скулптура заживеала од Каролингенската уметност па натаму. помали изработки од слонова коска биле во најголем дел релјефи.
Таканаречените “мали уметнички дела” биле многу важни за византиската уметност и луксузни добра, вклучувајќи ги тука релјефите изрезбани во слонова коска како формална претстава на конзулските диптиси или ковчези како што се Веролскиот ковчег, тврдокамените резби, лакови, накит, метална изработка, и укрсната свила биле произведувани во големи количества низ периодот на византиското владеење. Многоу од овие дела биле со верска содржина, сепак биле создавани во голем број предмети со секуларно или нерепрезезационо украсување, како на пример изработки од слонова коска со теми од класичната митологија. Византиската керамика била релативно груба, бидејќи керамикате не се користела на масите на богатите, кој најчесто јаделе од сребрени садови.
Византиската уметност и архитектура по убедување е поделена на четири периоди: ран период, започнува со Миланскиот едикт (кога било легализирано христијанството) и империјалното седиште било префрлено во Цариград, и трае сè до 842 година, со завршетокот на иноноборството, среден период, или висок период, започнуива со возобновувањето на иконите во 843 година и кулуминира со падот на Цариград под власта на крстоносците во 1204 година, доцен период кој ја вклучува еклектичната осмоза меѓу западноевртопските и византиските елементи во уметноста и културата, и завршува со освојувањето на Цариград од страна на Османлиите во 1453 година. Поимот псотвизантизам се користи за подоцнежниот период, каде нововизантизам се користи како име за уметноста и архитектурата од XIX век па натаму, кога распадот на Отоманското Царство започнал ново ценење на Византија од страна на уметниците и историчарите.
Два настани се од основно значење за развојот на единствената, византиска уметност. Прво, Миланскиот едикт, издаден од страна на Константин Велики и Ликиниј во 313 година, дозволил јавно искажување на христијанството, и довело до развој на монументалната, христијанска уметност. Второ, посветеноста на Цариград во 330 година создала нов голем уметнички центар во источната половина на империјата, особено христијанска уметност. Останатите уметнички традиции се развивале во соперничките градови како на пример Александрија, Антиохија и Рим, но сè додека овие градови не паднале под власта на арапите и готите - Цариград не ја наметнал својата надмоќ.
Константин посветил доста време на украсувањето на Цариград, украсувајќи го просторот со антички скулптури,[11] и го изградил форумот составен од столб кој на врвот имал негова статуа.[12] Големите цариградски цркви се изградени во периодот на Константин и неговиот син, Констанциј II, вклучувајќи ги тука и првичните темели на Аја Софија и црквата на Светите Апостоли.[13]
Следната голема градежна кампања во Цариград била спонзорирана од страна на Теодосиј I. Најважниот зачуван споменик од овој период е обелискот и основа изградена од Теодосиј во хиподромот,[14] кој, големиот сребрен диск наречен мисориј на Теодосиј I, претставува класичен пример за нешто што се нарекува „Теодосиева ренесанса“. Најстарата зачуван црква во Цариград е базиликата на Св. Јован во Студитскиот манастир, изградена во V век.[15]
Поради повторното градење и уништување, мал е бројот на Цариградски споменици кои се останати непроменети од најраниот период. Сепак, развојот на раната византиска уметност може да се следи преку градбите во останатите градови. На пример, важни ранохристијански цркви може да се видат во Рим (вклучувајќи ја Света Сабина и базиликата „Голема Богородица“),[16] и во Солун (Ротунда и Богородица Неракотворна).[17]
Бројни важни книги, како верски така и секуларни, се зачувани од овој период. Класичните автори, како на пример Вергилиј (претставен со Ватикански Вергилиј[18] и Римски Вергилиј)[19] и Хомер (претставен со Амброзиската илијада), ббиле илустрирани со наративни слики. Украсените библиски книги се зачувани само делумно: на пример, Кведлинбурска итала е само мал дел од богато украсената копија на книга Царства.[20]
Раната византиска уметностистот така е одбележана со негувањето на резбање на слонова коска.[21] Диптисите изработени од слонова коска, честопати раскошно украсени, биле давани како подароци од новоназначените конзули.[22] Сребрените чинии биле важен облик на луксузна уметност :[23] меќу најраскошните од овој период се мисоријот на Теодосиј I.[24] Исто ткак во голем број се произведувале и Саркофази.
Значајни промени во византиската уметност се случиле во периодот на владеењето на императорот Јустинијан I (527–565). Јустинијан посветил поголем дел од своето владеење на повторното освојување на Италија, Северна Африка и Шпанија. Тој исто така ги воспоставил темелите на царскиот апсолутизам во Византија, кодифицирајќи ги законите и наметнувајки ги своите верски гледишта на сите поданици со закон.[25]
Значаен дел од Јустинијановиот проект за обнова на царството била и голема градежна програма, која била опишана во книга, Згради, напишана од дворскиот историчар, Прокопиј.[26] Јустинијан градел, преизградил, или пак основал голем број цркви во Цариград, вклучувајќи ја Аја Софија,[27] која била уништена за време на Никејскиот бунт, црквата Свети Апостоли,[28] и црквата мала Света Софија.[29] Јустинијан исто така изградил голем број на цркви, утврдувања низ целата империја вклучувајќи го тука и манастирот Света Катерина на Синајската Гора во Египет,[30] и базиликата Св. Јован во Ефес.[31]
Неколку поголеми цркви од овој период биле изградени во провинциите од страна на месните епископи кој го следеле начинот на градба својствен за Цариград. Базиликата Сан Витале во Равена, била изградена од епископот Равенски Максимијан. Украсувањети на Сан Витале вклучува важни мозаици на Јустинијан и неговата сопруга, Теодора, иако никој од нив двајца не ја посетил црквата.[32] Исто така треба да се спомене и Еуфразиевата базилика во Пореч.[33]
Археолошките откритија во XIX и XX век откриле голем број на рановизантиски мозаици на Средниот Исток. Источните провинции на Византија наследиле силна уметничка традиција од доцната антика. Христијанската мозаична уметност цветала во овбласта од IV век па натаму. Традицијата на изработка на мозаици била пренесена и на омејадите сè до крајот на VIII век. Најважните зачувани примери се Мадабската карта, мозаиците од Небојската Гора, манастирот Св. Катерина и црквата Св. Стефан во Кастрон Мефа (денес Ум Ар-Расас).
Првите целосно зачувани украсени ракописи потекнуваат од првата половина на VI век, од кои најзначаен е Виенски генезис,[34] како и Росанскиот кодекс,[35] и Синопсискиот кодекс.[36] Виенскиот диоскорид е богато украсен ботанички ракопис, подарок за византиската аристократка Јулија Аникија.[37]
Важни скулптури од слонова коска од овој период се Барберинскиот диптих, на кои најверојатно е прикажан самиот Јустинијан,[38] и Архангел во слонова коска во Британскиот музеј.[39] Сребрените садови и понатаму се украсувале со сцени од класичната митологија, како на пример, чинија зачувана во Cabinet des Médailles, Париз, на која е претставен Херкул, кој се бори со Немејскиот лав.
По завршетокот на владеењето на Јустинијан следел политички пад, бидејќи поголемиот дел од освојувањата на Јустинијан биле изгубени и империјата се соочила со акутна криза со инвазијата на аварите, словените, персијците и арапите во VII век. Цариградк итот така бил оптоварен со верски и политички судири.[40]
Најзначајните зачувани монументални проекти од овој период биле надвор од главниот град. Црквата на Свети Деметриј во Солун била повторно изградена по пожарот во средината на VII век. Новите делови содржеле мозаици изведени во доста апстрактен стил.[41] Црквата на Предположението во Никеја (денес Изник), уништена на почетокот на XX век но документирана низ слики, го покажува преживувањето на покласичниот стил на црковно украсување.[42] Црквите во Рим, кој во тој период сè уште бил византиска територија, исто така имаат значајни зачувани црковни украси, особено Санта Марија Антиква, Сант Агнезе фуори ле мура, како капелата на Сан Венациј во базиликата Свети Јован Латерански.[43] Византиските мозаисти итот така најверојатно придонеле и во украсувањето на првите омејадски споменици, вклучувајќи ја тука и Златната купола во Ерусалим и Големата Дамаска џамија.[44]
Важни дела од луксузната уметност од овој период ги вклучува и сребрените Давидови чинии, изработени за време на владеењето на императорот Ираклиј I, и на истите се прикажани сцени од животот на хебрејскиот крал Давид.[45] Најважните зачувани ракописи се сириските евангелиски книги, како што е на пример т.н. Сириска библија од Париз.[46] Сепак, Лондонските канонски таблици се сведоци на понатамошното создавање на богато украсени евангелија на старогрчки јазик.[47]
Периодот меѓу Јустинијан и иконоборството е исполнет со големи промени во општествените и верските улоги на сликите во Византија. Обожувањето на чудата, или светите слики „неизработени од човечки раце,“ станале значајна појава, и во некои случаи сликите биле заслужни за спасување на градови од напади на странски војски. Кон крајот на VII век, одредени слики на светци биле гледани како „прозорци“ преку кои може да се разговара со личностите кои се прикажани на сликата. Проскинезата пред појавата на сликите е присутна во текстовите од крајот на VII век. Овие појави го означуваат почетокот на теологијата на иконите.[48]
Во истиот период, дебатата за соодветната улога на уметноста во украсувањето на црквите се заострувала. Трите канони Архивирано на 22 септември 2014 г. од Трулскиот собор во 692 година и разгледувал споровите поврзани со оваа област: забраната за прикажување на крстот на црковните подови (канон 73), забраната за прикажување на Исус како јагне (канон 82), и општо правило против „слики, безразлика дали тие се насликани или мна каков било начин го привлекуваат вниманието и го расипуваат умот, и да предизвика разгорување на основните задоволства“ (канон 100).
Интензивната дебата за улогата на уметноста во обожувањето довела до периодот познат како „иноборство.“[49] Спорадичнити изблици на иконоборство кај дел од месните епископи е забележан во Мала Азија во периодот на 720-ите. Во 726 година, подводен земјотрес меѓу островите Тера и Теразија од страна на императорот Лав III бил протолкуван како гневот божји, и довело до тоа Лав да ја отстрани познатата икона на Исус од Чалке веднаш до цаерскиот двор.[50] Сепак, иконоборствотоне станало царска практика сè до владеењето на Лавовиот син, Константин V. Иконоборскиот собор, свикан од страна на Константин во 754 година, ги донел правилата за изработка на иконите на Христос. Ова довело т.н период на иконоборство, кој траел со прекини сè до 843 година.
Додека иконоборството строго ја ограничувало улогата на верската уметност, и довело до отстранување на некој поранешни мозаици и (најверојатно) до спорадично уништување на движните икони, но никогаш не забранило целосно производство на фигурна уметност. Непосредни книжевни извори покажуваат дека секуларната уметност (на пример сцени од лов и прикажување на игрите на хиподромот) продолжиле да се создаваат,[51] и неколку споменици кои со сигурност можат да се поврзат со тој период (најзабележителни ракопис е оној на Птоломеј „Корисни табели“ денес се чуваат во Ватикан[52]) покажува дека градските уметници го задржале високиот квалитет на изработка.[53]
Големите цркви од тој период како црквата Света Ирена во цариград, која била повторно изградена во 760-ите по големиот земјотрес од 740 година. Внатрешноста на црквата, во која доминира голем мозаичен крст на апсидата, е еден од најдобрите зачувани примери на иконоборно црковно украсување.[54] Црквата Света Софија во Солун исто така била изградена при крајот на VIII век.[55]
Одредени цркви градени надвор од империјата во овој период, но украсувани со употреба на византиски стил, се исто така сведок на активностите на византиските уметници. Особено важни поради својата природа се сметтат оригиналните мозаици на дворска капела во Ахен (бидејќи денешните се целосно обновени) и и фреските во црквата Св. Марија во Кастелсерпио.
Сказите на Иконоборскиот собор биле поништени од соборот во 843 година, кој до овој ден се слави во православните цркви како ден на победа на православието. Во 867 година поставувањето на нов мозаик во Аја Софија на кој била прикажана Богородица и Исус било славено од страна на Вселенскиот патријарх Фотиј во познатата беседа за победата над злобното иконоборство. Подоцна истата година, императорот Василиј I, наречен „Македонецот,“ седнал на престолот, и следел период во визнатиската уметност кој понекогаш се нарекува „македонска ренесанса“.
Во IX и X век воената состојба во империјата се подобрила, и покровителството во уметноста и градбата се зголемува. Биле изградени нови цркви, и стандардниот архитектурен облик („крст во квадрат“) и украсната шема во средиштето на црквата биле стандардизирани. Примери за овој вид на уметност кои се зачувани денес се Осиос Лукас во Беотија, Дафновиот манастир во близина на Атина и Неа Мони во Хиос.
Имало заживување на интересот во прикажувањето на сцени од класичната митологија (како на Веролскиот ковчег) и употребата на „класичен“ стил за да се прикажат верските, и особено старозаветните, сцени (познати примери се Парискиот псалтир и Џошуевата ролна)
Македонскиот период ја заживеал доцноантичката техника на резба на слонова коска. Многу раскошни триптиси и диптиси од слонова коска се зачувани, како што се Харбавилскиот триптих и триптихот во Лутон Ху, кои се од периодот на владеењето на Никифор II).
По македонската династија на престолот дошла династијата Комнини, чие владеење го започнал императорот Алексиј I во 1081 година. Византија неодмана настрадала и доживела тешки загуби по Битката кај Манцикерт во 1071 година, загубата на Мала Азија поради освојувањето од Турците. Сепак, Комнини донеле стабилност во империјата, (1081–1185), и во текот на 12 век нивната енергетична кампања направила се за да се обнови славата на империјата. Комнини биле големи поддржувачи на уметностите, и со нивната поддршка византиските уметници продолжиле да се движат во насока на поголем хуманизам и емоција, од кои Богородица Владимирска, циклусот на мозаици во Дафновиот манастир, и муралите во Нерези се добри примери. Изработката на луксузни скулптури од слонова коска биле заменети со изработка на фрески и икони, кои за првпат се рашириле насекаде низ империјата. Покрај сликањето на иконите, постоеле и други облици - како мозаични така и керамички.
Некои од најдобрите византиски изработики од овој период може да се најдат надвор од границите на империјата: како во мозаиците во Гелатскиот манастир, Киев, Торчело, Венеција, Монреале, Чефачу и Палермо. На пример, венецијанската Базилика Свети Марко, започната во 1063 година, во голм дел била заснована на црквата Свети Апостоли во Цариград, денес не постои, и на некој начин претставува ехо на владеењето на Јустинијан. Алчните навики на венецијанците на еден начин напавиле од базиликата музеј на секаков вид на византиска уметност (на пример Златното платно).
Две илијади и двесте години на римска традиција и илијада и шесто години на хеленизам биле доведени во ненадеен прекин во 1024 година со грабежот на Цариград од венецијанските и француските витези од Четвртата крстоносна војна, катастрофа од која империјата никогш не се опоравилаa. Стивен Рунциман, најголемиот историчар стручњак за кртоносните војни од XX век, ќе запише во 1954 година: „Не постои поголем криминал против човештвото од Четвртата крстоносна војна.“[56] Уништувањето и грабежот и подоцнежната негрижа за градскита секуларна архитектура не оставиле со несовршено согледување на византиската уметност.
Иако византијците го вратиле под свое владени градот повторно во 1261 година, империјата била мала и слаба држава ограничена на денешната територија на јужна Грција и островите во Егејот. За време на полувековниот прогон, сепак, следел последниот голем бран на анадолскиот хеленизам. Како што Никеја станала центар на отпор под водство на императорите од семејството Ласкарити, започнале ренесанса, привлекувајќи научници, поети, и уметници од целиот свет. Од сето ова произлегол сјаен двор од обесправената интелегенција нашла во хеленистичките традиции гордост и индентитет неосквернавен од поврзаноста со омразениот „латински“ непријател.[57] Со повторното освојување на главниот град под водство на новата палеолошка династија, византиските уметници развиле нов интерес во пејзажите и пастриските сцени, и традиционалните мозаици (од кои најпознат зачуван пример е црквата Исус Спасител во Цариград) постепен отстапиле пред деталните циклуси на наративните фрески (што може да се забележи од големиот број на мистрински цркви). Иконите, кој биле омилена средина за уметничко изразување, биле карактеризирани со помалку посторг став, мновото ценење на чисто украсните квалитети на сликите и прецизното внимание на деталите, довеле до создавање на општиот поим за ваквата уметност - палеолошки маниризам.
Венеција се стекнала со контрола на Крит во 1212 година, и византиските уметнички традиции продолжиле долг период по отоманското освојување на последната византиска држава во 1461 година. Критската школа,името под кое денес е позната, постепено вовела западни елементи во стилот, и изнела голем број на икони на запад. Најпознат уметник на оваа традиција бил Ел Греко.
Раскошот на византиската уметност орсекогаш бил во умот на раносредновековните западни уметници и покровители, и многу од поважните движења во периодот биле свесни обиди за создавање на уметност погдна да се мери со класичната и византиската уметност. Ова било особено присутно во случајот на империјалните Каролинговата уметност и Отононската уметност. Луксузните производи на империјата биле високо ценети, аи пристигнале дури и на кралските англосаксонски погреби во Сатон Ху во Сафок во 620-ите, кој содржат нколку сребрени дела. Византиската свила била особено ценета и големиколичества биле дарувани како дипломатски подароци од Цариград. Постојат записи за византиските уметници кои работеле на запад, особено во периодот на иконоборството, и некои дела како на пример, фреските во кастелсеприо и минијатурите во Виенските царски евангелија, sнајверојатно се дела на византиски уметници.
Вообичаено, екипите на мозаисти биле испраќани како дипломатски гестови од императорите во Италија, лкаде ти честопати ги тренирале месните жители кои ја продолжиле својата работа во стил под дејство на Византија. Венеција и Норманска Сицилија ниле центрите на византиското влијание. Најраните зачувани слики на западот биле на стил, кој бил под силно влијание на тогашните византиски икони, сè додека не започнал да се развива посебен западен стил во Италија во Тренченто, тадиционалниот и сè уште влијателен наратив на Џорџо Вазари и останатите западни слики започнале одвојувајки се преку Чимабуе а подоцна и преку Џото ди Бонтоне од стегите на византиското влијание. Општо гледано византиското уметничко влијание во Европа било во остар пад во XIV век ако не и порано, и покрај непрекинатата важност на миграцијата на византиските учители во ренесансата во другите области.
Исламската уметност bзапочнала со уметници и мајстори кои биле тренирани во византиски стилови, и иако фигуративната содржина била во голем дел намалена, византиските украсни стилови оставиле големо влијание врз исламската уметност, и византиските уметници продолжиле да бидат повикувани за некои важни градежни проекти во одреден временски период, особено при изработката на мозаиците.
Соодветно дефиниранате византиска ера дошла до својот крај со падот на Цариград под власта на Османлиите во 1453 година, но во овој период византиското културно наследство било на широко дифузирано, раширено со ширењето на православието во Бугарија, Србија, Романија, Македонија, Албанија и најважно во Русија, која станала центар на православието по османлиското освојување на Балканот. Дури и под османлиското владение, византиските традиции за иконосликарството и други уметности преживеале, особено во венециско управуваните Крит и Родос, каде се развил „поствизантиски“ стил под влијание на западот во следните два века, создавајќи уметници како Ел Греко чие школување биле во Критската школа која била најживата поствизантиска школа, извезувајќи огромен број на икони во Европа. Волјата на Критската школа да го прифати западното влијание е атипично, во поголемиот дел на поствизантискиот свет „како инструмент на етничката кохезија, уметноста станала наметливо конзервативна за време на туркократијата“ (периодот на османлиското владение).[58]
Руските икони започнале како целосно копирање и имитација на византиската уметност, како и уметноста во другите православни нации, и останала екстремно конзервативна во иконографијата, иако сликарскито стил развил посебни одлики, вклучувајќи го тука и поствизантиското влијание на апаната уметност. Сите источни православни цркви се останале чувари на своите високо негувани традиии во однос на обликот и содржината на сликите и на пример, современата православна претстава на раѓањето Исусово се разликув содржински многу малку од оние насликани во VI век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.