Фотиј I Цариградски ( 820 во Цариград - 6 февруари 893 ) — Вселенски патријарх во периодот од 858–867 и 877–886 година. По потекло, Фотиј бил Ерменец[1].

Кратки факти Црква, Ракоположен ...
Фотиј I Цариградски
Вселеснки патријарх
Thumb
ЦркваЦрква на Цариград
Ракоположен858
877
Службата завршила867
886
ПретходникИгнатиј I Цариградски
НаследникСтефан I Цариградски
Лични податоци
Роден820
Цариград
Починал6 февруари 893
Цариград
НационалностЕрменец
Вероисповедправославие
ЖивеалиштеЦариградска патријаршија
ЗанимањеПатријарх
ЗанимањеТеолог
Затвори

Бил внук на светиот Патријарх Тарасиј, што значи од раѓање припаѓал на познато семејство кое верно ги почитувало светите икони. Свети Фотиј добил одлично образование и заради роднинските односи со царскиот дом, бил поставен на должноста прв државен секретар во сенатот. Тој ги учел во науките младиот наследник на престолот Михаил и идниот просветител на Словените рамноапостолниот Кирил.

Во 857 година, ко-царот Михаил го отстранил од Цариградската катедра Игнатиј I Цариградски. Епископите, го посочиле на царот Фотиј како човек кој бил достоен да го заземе првосветителскиот престол. Свети Фотиј со смирение го примил предлогот. Во текот на шест денови тој бил спроведен низ јерархиските чинови, а во денот на Христовото Рождество бил посветен за епископ со возведување на патријаршискиот престол.

Сепак, наскоро започнале конфликти во црквата, поттикнати од страна на Игнатиј. Во 861 година бил свикан Собор за прекратување на немирите, на кој биле потврдени отстранувањето на Игнатиј и изборот на патријархот Фотиј. Папа Никола I, чии пратеници присутствувале на тој Собор, се надевал, утврдувајќи го Фотиј за патријарх, дека ќе го потчини под своја власт, но откако не го добил очекуваното, на Римскиот Собор го предал Фотиј на анатема.

Во 864 година целата Бугарска земја доброволно се обратила во христијанството. Бугарскиот кнез Борис I бил крстен, според преданието, од самиот патријарх Фотиј. Потоа светителот Фотиј испратил во Бугарија архиепископ и свештеници за Крштевање на бугарскиот народ. Во негово време, тој ги испратил Свети Кирил и Методиј во 865 да го проповедаат христијанството на словенски јазик.

Сепак, приврзаниците на папата во Бугарија поттикнале недоверба кај Бугарите кон проповедниците од Источната Црква. Лошата положба на Бугарија заради нападите од Германите ги натерала да баарат помош од Западот. Бугарскиот кнез се обратил до папата со молба да му испратат свои епископи. Кога пристигнале во Бугарија, папските легати почнале во неа активно да ги утврдуваат латинското учењето и обичаи, наместо православните. Фотиј, ја известил со окружно писмо Источната Црква за делата на папата, укажувајќи на отстапувањето на Римската Црква од древното Православие, не само во обредите, туку и во вероисповеданието. Бил свикан Собор, кој го осудил своеволието на Западот}. Тој се школувал во родниот град на Солунскиот универзитет, завршувајќи факултет по хемија[2].

Во 867 година царскиот престол го зазел Василиј I, кој го убил царот Михаил III Пијаницата. Фотиј го осудил убиецот и не дозволил да биде причестен. За таа одлука тој бил отстранет од патријаршискиот престол и затворен во манастир под стража. На негово место повторно бил поставен патријархот Игнатиј. Во Соборот што бил свикан за разгледување на постапките на светителот Фотиј, учествувале и папски легати, кои барале Соборот да потпише грамота за безусловно потчинување на целата Црква на судот на папата. Источните епископи не се согласиле со тоа и стапиле во спор со легатите. Фотиј, кога бил повикан на Соборот, со молчење одговорал на сите напади од легатите и само на прашањето поставено од судиите. Противниците на Фотиј по долги спорови победиле и немајќи никаква основа за да го осудат, му изрекле анатема на Патријархот Фотиј и на епископите кои го бранеле. Светителот бил испратен во заточение 7 години, каде според неговото сведоштво, «само му благодарел на Господа, трпеливо носејќи ги неговите судови…» Во тоа време латинскиот клир бил изгонет од Бугарија заради своеволиети на папата, а Патријархот Игнатиј таму испратил свои епископи.

Во 879, по смртта на патријархот Игнатиј, бил свикан Собор (кој многумина отци на Црквата го нарекуваат Осми вселенски собор) на кој повторно бил признат светителот Фотиј за законски пастир на Црквата. Папата Јован, кој лично го познавал Фотиј, преку свои пратеници на Соборот објавил дека ги повлекува сите претходни папски определби за Фотиј. Соборот ја признал неприкосновеноста на Никејско-цариградскиот символ, го отфрлил латинското искривување (filioque), ја признал независноста и рамноправноста на двата престола и на двете Цркви (Западната и Источната).

За време на наследникот на царот Василиј, Лав VI Мудриот, Фотиј повторно настрадал од клевета; бил обвинет за заговор против царот. Откако го отстраниле од катедрата во 886 година, тој ги завршил своите денови во Армонијскиот манастир, во 891 година.

Православната Црква го почитува светителот Фотиј како ревностен заштитник на Православниот Исток од господарењето на папите и како учен богослов кој оставил многубројни и разновидни трудови, посветени на изобличувањето на заблудите на латините, на побивање на различни ереси, на објаснување на Светото Писмо и разоткривање на различни предмети на верата.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.