From Wikipedia, the free encyclopedia
Векот на понижување, познат и како сто години национално понижување — термин кој се користи во Кина за да се опише периодот на мешање во внатрешните работи на династијата Ќинг и Република Кина и обид за нивно потчинување од страна на западните сили и Јапонија во периодот од 1839 до 1949 година.[1]
Век на понижување | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Традиционално | 百年國恥 | ||||||
Упростено | 百年国耻 | ||||||
|
Терминот се појавил во 1915 година, кога растел кинескиот национализам, како спротивставување на Дваесет и едното барање на јапонската влада и нивното прифаќање од Јуан Шикаи, а потоа Куоминтанг (Кинеската националистичка партија) и Кинеската комунистичка партија го популаризирале поимот.
Кинеските националисти во 1920-тите и 1930-тите сметале дека Векот на понижување започнал во средината на 19 век, во предвечерјето на Првата опиумска војна. [2]
Поразите на Кина кои се наведени како дел од Векот на понижување се:
Во овој период, Кина била распарчена, и ги загубила скоро сите војни во кои била вклучена и честопати била принудена да дава големи отстапки на големите сили во нееднакви договори.[7] Кина била принудена да плати огромни суми на репарации, да отвори пристаништа за трговија, да даде територии на користење или да отстапи територии (како Надворешна Манџурија, делови од северозападна Кина и Сахалин на Руската империја, заливот Џиаожу на Германија, Хонгконг на Велика Британија, Макао на Португалија, Жанџијанг на Франција и Тајван и Далиан на Јапонија) и да направи многу други отстапки за суверенитет на странските „сфери на влијание “ по воените порази. Чианг Каи Шек, по престрелката со Јапонците во 1928 година, во својот дневник додал категорија со наслов „Одмазда за понижувањето“.[8]
Уште за време на склучувањето на Боксерскиот протокол во 1901 година, некои од западните сили сметале дека Протоколот е премногу понижувачки. Како резултат на тоа, американскиот државен секретар Џон Хеј ја изготвил политиката на отворени врати, со која колонијалните сили се спречуваат да ја поделат Кина во де јуре колониите и гарантирал универзален трговски пристап до пазарите во Кина. Со намера да ги ослабне Германија, Јапонија и Русија, политиката била делумно спроведена и била прекината од ерата на воените лидери и јапонските интервенции.[9] Со Договорот Рут-Такахира од 1908 година, САД и Јапонија ја поддржале Политиката на отворени врати, но други фактори довеле до продолжување на понижувањето од кинеска перспектива.[10] Политиката на отворена врата пропаднала во Втората светска војна кога Јапонија ја нападнала Кина.
Во 1943 година, Обединетото Кралство и САД со договор склучен со Кина се откажале од екстратериторијалната јурисдикција и другите привилегии. За време на Втората светска војна, Вишиевска Франција ја задржала контролата врз француските концесии во Кина, но била принудена да ги предаде на колаборационистичкиот режим Ванг Џингвеи. Повоениот кинеско-француски договор од февруари 1946 година го потврдил кинескиот суверенитет над отстапките.
Чанг Кај Шек во 1943 година го прогласил крајот на векот на понижување преку поништување на сите неправедни договори, а Мао Це Тунг тој крај го прогласил по Втората светска војна, при што Чанг го промовирал својот воен отпор кон јапонската власт и местото на Кина меѓу Големата четворка во сојузничките сили во 1945 година, а Мао го прогласил со создавањето на Народна Република Кина во 1949 година.
Во говорот од 2019 година, индискиот министер за надворешни работи С Џаишанкар го употребил терминот во индиски контекст велејќи: „Индија имаше два века понижување од Западот“.[11][12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.