From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонска инвазија на Манџурија ― напад и окупација на Манџурија на 18 септември 1931 година од страна на трупите на јапонската Квантуншка армија. По завршувањето на војната во февруари 1932 година, јапонците основале нова марионетска држава Манџукуо и ја возобновиле манџуриската династија Ќинг. Окупацијата на Манџурија траела до средината на август 1945 година, кога Советскиот Сојуз и Монголија по Манџуриската стратешка офанзивна операција, при крајот на Втората светска војна ја осовоиле територијата.
Јужноманџуриската железничка зона и Корејскиот Полуостров биле под јапонска контрола уште од Руско-јапонската војна од 1904-1905 година. Индустријализацијата и милитаризацијата на Јапонија било причина таа да станува сѐ позависна од увозот на нафта и метал од САД. [1] Американските санкции со кои била спречена трговијата со САД (кои во исто време ги окупирале Филипините), биле причина Јапонија својата експанзија да ја продолжи на територијата на Кина и на Југоисточна Азија.[2] Инвазијата на Манџурија, или инцидентот на мостот Марко Поло на 7 јули 1937 година, понекогаш се наведуваат како алтернативни датуми за почеток на Втората светска војна, за разлика од почесто прифатениот датум од 1 септември 1939 година. [3]
Јапонската инвазија на Манџурија го привлекла вниманието на меѓународната јавност. Друштвото на народите ја формирало Литонската комисијата (на чело со британскиот политичар Виктор Булвер-Литон) за да даде оценка за состојбата, по што во октомври 1932 година организацијата го доставила својот заклучок. Било препорачано да не се признава јапонската марионетска држава Манџукуо и Манџурија да се врати под кинески суверенитет. Ова ја поттикнало јапонската влада целосно да се повлече од Друштвото.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.