Прва Филипинска Република

самопрогласена независна република (1899 - 1902) From Wikipedia, the free encyclopedia

Прва Филипинска Република

Филипинска Република (шпански: República Filipina), денес позната како Прва Филипинска Република или Малолошка Република ― краткотрајна и непризната држава на Филипини основана во Малолос, Булакан за време на Филипинската револуција против Шпанското Царство (1896–1898). Државата настанала со прогласување на Малолошкиот устав на 22 јануари 1899 година. На чело на републиката застанала револуционерната влада на Филипините и Емилио Агиналдо како претседател.[2] Државата постоела до 1 април 1901 година.

Кратки факти Филипинска РепубликаRepública Filipina (шпански)Republika ng Pilipinas (тагалски), Статус ...
Филипинска Република
República Filipina  (шпански)
Republika ng Pilipinas  (тагалски)
1899–1901
Thumb
Грб
Motto: Libertad, Justicia, y Igualidad
(македонски: "Слобода, правда и еднаквост")[се бара извор]
Химна: Marcha Nacional Filipina
(македонски: "Филипински национален марш")
Thumb
Територијата контролирана од Филипинската Република
СтатусНепризната држава
Главен градМалолос
Official languagesШпански
Вероисповед
Секуларна држава
Мнозинство:
Римокатолицизам
Малцинство:
Домородна народна религија, Сунитски ислам
Демоним(и)Филипинци
УредувањеУнитарна парламентарна уставна република (1899)
Унитарна парламентарна република со извршно претседателство (1899–1901) (де факто)
Претседател 
 1899–1901
Емилио Агиналдо (прв)
 1901–1902
Мигел Малвар (последен; неофицијален)
LegislatureДржавно собрание
Историски периодФилипинско-американска војна
 Основана
23 јануари, 1899
 Распуштена
1 април 1901
Површина
1898[1]Предлошка:Better source neededГрешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „,“ (Грешка во изразот: Неочекуван оператор < sq mi)
Население
 1898[1]
7,832,719
ВалутаPeso
Затвори
Thumb
Првиот претседател на Филипини, Емилио Агиналдо
Thumb
Прогласување на Првата Филипинска Република во Малолос, 23 јануари 1899 година

Историја

Во 1896 година започнала Филипинската револуција против шпанската колонијална власт. Во 1897 година, филипинските револуционери предводени од Агиналдо потпишале примирје со шпанските власти, а Агиналдо и другите водачи на револуцијата биле протерани во Хонгконг. Во април 1898 година избувнала Шпанско-американската војна. Азиската ескадрила на американската морнарица, која во тоа време се наоѓала во Хонгконг, заминала за Филипините за да се пресмета со шпанската морнарица. На 1 мај 1898 година, американската морнарица ѝ нанела одлучувачки пораз на шпанската морнарица во битката кај Манилскиот Залив. Подоцна во месецот, Агиналдо се вратил на Филипините, и на 24 мај 1898 година воспоставил диктаторска влада[3][4] (формално основана со декрет на 18 јуни [5]). На 12 јуни 1898 година, Агиналдо ја објавил Филипинската декларација за независност од Шпанија. На 23 јуни 1898 година, Агиналдо формирал револуционерна влада. На 15 септември, се состанал Малолошкиот конгрес за да се напише устав на државата.[5]

На 10 декември 1898 година, бил потпишан Парискиот мировен договор, со кој завршила Шпанско-американската војна и со кој Филипините ѝ биле доделени на САД.[6]

Уставот напишан од Малолошкиот конгрес бил прогласен на 22 јануари 1899 година, и била создадена Првата Филипинска Република, со Агиналдо како нејзин претседател.[3][5] Претходно, на 1 јануари 1899 година Агиналдо бил избран за претседател на републиката, а бил инаугуриран на 23 јануари. Делови од уставот му давале моќ на Агиналдо да владее со декрет. Уставот бил насловен како „Constitución política“ и бил напишан на шпански.[5][5][7]

Филипинско-американска војна

По конституирањето на Првата Филипинска Република (22 јануари 1899 година) во Малолос, општината станала седиште на владата на Филипинската Република. На 4 февруари 1899 година, во Манила избувнал вооружен конфликт меѓу вооружените сили на Филипинската Република и американските војски кои го окупирале градот по завршувањето на Шпанско-американската војна.[8] Истиот ден претседателот Агиналдо објавил проглас со кој наредува и заповеда „да се прекинат мирот и пријателските односи со Американците и тие да се третираат како непријатели, во граници пропишани со воените закони“.[9] Борбите брзо ескалирале во Втората битка кај Манила, при што војската на Филипинската Република била протерана од градот.[8]

Американските војски напредувале на север од Манила и на 10 февруари го зазеле Калокан.[10] На 29 март, откако Американците почнале да го загрозуваат Малолос, седиштето на владата се преселило во Сан Исидро, Нова Есиха.[10] На 31 март, американските сили го зазеле Малолос.[8] Емилио Агиналдо и неговата револуционерна влада веќе се преселиле во Сан Исидро, Нова Есиха.[8] Мировните преговори со Американците за време на краткиот прекин на огнот во април-мај 1899 година не биле успешни,[8] а Сан Исидро паднал во рацете на американските сили на 16 мај.[11] Владата на Филипинската Република дотогаш веќе се преселила во Бамбан, Тарлак, а потоа се преселила во градот Тарлак.[8] На 13 ноември американските трупи го окупирале Тарлак, а владата на Агиналдо претходно го напуштила Тарлак, последниот главен град на Филипинската Република.[12]

На 13 ноември, на конференција во Бајамбанг, Пангасинан, Агиналдо одлучил да ја распрсне својата војска и да започне герилска војна. На 2 декември се водела Битката на превојот Тирад со која требало да се успори американскиот напредок и да се обезбеди бегство на Агиналдо. За време на битката, Агиналдо и неговата дружина логорувале во Сервантес, на околу 10. км јужно од превојот. Откако дознал за исходот на битката и за смртта на Дел Пилар, Агиналдо наредил логорот да се уништи и со својата дружина заминал во населбата Кајан.[13]

На 16 декември, Агиналдо заминал за Абра за да ги здружи силите со генералот Мануел Тинио.[10] Патувале пеш преку премин на врвот на планината Полис, а следното утро пристигнале во Амбајуан. Потоа продолжиле кон Банане, а веднаш зад нив биле американските сили. Остатокот од декември 1899 година го поминале во постојано патување.[10]

На 23 март 1900 година, дружината на Агиналдо се наоѓала на границата меѓу покраините Абра и Кагајан. Патувањето од едно место до друго траело до околу 22 мај 1900 година, по што Агиналдо основал нов штаб во Тиера Вирген.[10] На 27 август 1900 година, откако американските сили се истовариле во Апари, Кагајан, Агиналдо заклучил дека не може да го зачува Тиера Вирган како штаб и одлучил да замине за Паланан, Изабела.[10] На 7 декември 1900 година пристигнал во Паланан.[10]

Американските сили го заробиле Агиналдо во Паланан на 23 март 1901 година со помош на домородните извидници.[10] По апсењете, на 1 април 1901 година Агиналдо објавил верност кон САД. Со признавањето на суверенитетот на САД над Филипините Првата Филипинска Република и формално престанала да постои.

Борбите меѓу Американците и остатоците од Филипинската револуционерна армија продолжиле се до предавањето на генералот Мигел Малвар на 16 април 1902 година [14]

Поврзано

Наводи

Извори

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.