Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Античката книжевност или класична книжевност е книжевност напишана во античките времиња,при што се мисли на книжевност од регионите и времето на Стара Грција и Римското Царство, но тука се смета и предисториска книжевност од развојот на првото писмо и книжевност во Месопотамија,Египет,Персија,Индија и Палестина сè до почеток на средновековна книжвност. Под класичната литература често се мисли на книжевноста напишана на еден од класичните јазици: хебрејски, грчки и латински во текот на времето кое се совпаѓа со античките времиња и тоа е книжевноста која е запишана, а не усно пренесена.
Најстарото познато писмо е сумерското клинесто писмо кое се појави кон крајот на 4 милениум п.н.е. Системот на пишување набрзо се шири на Ориентот, Индија и Кина. Сумерската книжевност главно се занимавала со практични работи - натписи на надгробни споменици - како и египетската книжевност која била главно од религиозна природа. Во раната египетската литература меѓу другото спаѓа и Книга на мртвите. Хамурабиевиот законик и други световни текстови може да се најдат во добра состојба и покрај тоа што се напишани неколку милениуми п.н.е. Асирскиот-вавилонската литература продолжува со сумерската традиција, но придонесува за развојот на филозофијата, правото и астрономијата.
Белетристиката се јавува во приближно истовремено во сите овие области; химна(Ехнатонова химна на Сонцето, Рг-веда, Одена), лирика (Песна над песните), саги и епови (Епот за Гилгамеш, епови со седум табли). Митови за создавањето биле чест мотив во книжевноста. Книжевна мудрост се појавува во целиот Близок Исток (Мудри изреки, Аменемопов наук). Отприлика во исто време настанува ведската книжевност во Индија и пророчките натписи од кинеската династијата Шанг.
Син-леки-унини се смета за најстар познат писател[1], зашто се мисли дека го напишал епот за Гилгамеш, а понекогаш и ќерката на Саргон од Акад, Ен-хеду-ана која исто така била поет.[2] Околу 500 година п.н.е. доаѓа до големи промени во овие области,што обично се смета како граница на класична ера. Во овој период настануваат неколку религии и се појавуваат неколку големи филозофи. Третата епоха во период од 20 г. до 500 г. се смета за доцна антика.
Првите текстови биле од практично значење и пробале да го забележат ветувањето, должината на владењето,законите и сл. Во текот на времето книжевноста доби верски карактер и обработуваше митови, во облик на настанување на светот или приказните за животот после смртта како и пророштвата. Белетристика настанува со верските химни и песни кои подоцна прераснуваат во драми. Еповите и сагите се создаваат во областите помеѓу легендите и историјата. Белетристиката обично е напишана во стихови и изведувана е низ музика и танц, додека текстовите на световниот карактер биле напишани во проза. Некои приказни од Египет се напишани во проза, но во касно античко време почнувала постепено прозата да преминува во епика. Следствено со развојот на науката доаѓа до создавање на научни текстови како во Вавилон така и во Индија,Кина и Египет, а подоцна и во хеленизмот.Научната книжевност е една од најстарите гранки на книжевноста и важен период во филозофијата. Значењето на обликот книжевен жарн станува наскоро важен. Во Индиската книжевност се создава граматиката (Јаска и Панини) и поетска збирка собрана во Веданти[3]. Непосредно пред и во текот на хеленизмот се воведува граматиката, каталогизацијата, поетиката, реториката и други метакнижевни студии на Блискиот Исток и Европа помеѓу останатите и од страна на Калимаха, софистите , Платон и Аристотел.
Џакомо Леопарди смета дека само античките поети биле поети.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.