From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Малинов, роден Александар Павлов Малинов (руски: Александр Малинов; Ореховка, 3 мај 1867 — Софија, 20 март 1938) — истакнат руски политичар во Бугарија. Долгогодишен водач на Демократската партија. Тој бил премиер на Бугарија за време на нејзината 30-та, 31-та, 36-та, 37-та и 47-та влада. Тој бил претседател на 23. состав на бугарското собрание (1931 - 1934). За време на неговите мандати тој ги подобрил односите меѓу Русија и Бугарија, во различни бугарски наводи неговите дејства биле претставени како русофилски.[1][2][3]
Александар Малинов Александр Малинов | |
---|---|
![]() | |
Премиер на Бугарија | |
На должноста 16 јануари, 1908 – 16 март, 1911 | |
Монарх | Фердинанд I |
Претходник | Петар Гудев |
Наследник | Иван Гешов |
На должноста 21 јуни, 1918 – 28 ноември, 1918 | |
Монарх | Фердинанд I |
Претходник | Васил Радославов |
Наследник | Теодор Теодоров |
На должноста 29 јуни, 1931 – 12 октомври, 1931 | |
Монарх | Борис III |
Претходник | Андреј Љапчев |
Наследник | Никола Мушанов |
Пратеник во бугарското собрание | |
На должноста 22 февруари, 1901 – 23 декември, 1901 | |
Монарх | Борис III |
Премиер | Стојан Данев |
На должноста 15 јуни, 1908 – 19 мај, 1934 | |
Монарх | Борис III |
Премиер | Александар Малинов Иван Гешов Стојан Данев Васил Радославов Теодор Теодоров Александар Стамболијски Александар Цанков Андреј Љапчев Никола Мушанов |
Лични податоци | |
Роден(а) | Александар Павлов Малинов 3 мај, 1867 Ореховка, Руско Царство |
Починал(а) | 20 март, 1938 (возр. 70) Софија, Царство Бугарија |
Почивалиште | Централни софиски гробишта |
Народност | Русин |
Сопружник | Јулија Малинова |
Деца | Ана, Вера, Марија, Павел и Александар |
Установа | Киевскиот универзитет |
Роден во селото Ореховка, Бесарабија (денес дел од Украина). Александар Малинов бил ученик во јужнословенските пансион, програма од големиот русофил Тодор Минков[4] во градот Николаев.[5]
После неговата преселба во Бугарија тој работил како судија, обвинител и адвокат во Пловдив.
Малинов бил активен деец во Демократската партија, заради тоа тој стананал нејзин водач после смртта на Петко Каравелов во 1903 година. Малинов бил водач на владата на Демократската партија (1908 – 1911), при коешто е објавена независноста на Бугарија (22 септември 1908) и се подготвени[6] членовите во Трновската устав од 1911, зголемувајќи дипломатските надлежности на цар Фердинанд I. Тој бил првиот премиер на Царството Бугарија.
Покрај крајот на Првата светска војна Александар Малинов предводувал две коалициски влади (1918), коишто го потпишаа Солунското примирје и го задушиле тогашното Владајско востание. За време на управувањето на Александар Стамболијски Малинов, заради неговите русофилски чувства е испратен во затвор (1922), заедно со многу други водачи на опозицијата. После државниот удар во 9 јуни, 1923 година е ослободен и се вклучува во новосоздадената Демократска алијанса, но во 1924 г. го напушта и преминува во опозиција.
Како водач на Демократската партија Александар Малинов бил еден од иницијаторите за создавањето на бугарската коалиција Народен блок, којашто победила во изборите во 1931 г. Тој е за кратко време премиер на Бугарија, но дава отставка и станува претседател на собранието. Малинов умира за време на предизборното собрание во Софија.
Александар Малинов е женет за Јулија Малинова, имале три ќерки и двајца синови: Ана, Вера, Марија, Павел и Александар.
Во негова чест еден булевар во Софија го носи неговото име.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.