Александар Цанков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Цанков

Александар Цолов Цанков (бугарски: Александър Цолов Цанков; Орјахово, 29 јуни 1878Буенос Аирес, 27 јули 1959) — фашистички и нацистички политичар од Бугарија.[1] Бил последниот премиер на Царството Бугарија за време на втората светска војна.

Кратки факти Александар Цанков Александър Цанков, Премиер на Бугарија ...
Александар Цанков
Александър Цанков
Thumb
Премиер на Бугарија
На должноста
9 јуни, 1923  4 јануари, 1926
Монарх Борис III
Претходник Александар Стамболијски
Наследник Андреј Љапчев
На должноста
16 септември, 1944  10 мај, 1945
Монарх Симеон ІІ
Претходник нема
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 29 јуни, 1878
Орјахово, Кнежевство Бугарија
Починал(а) 27 јули, 1959
Буенос Аирес, Аргентина
Затвори

Биографија

Професор по политичка економија во Софискиот универзитет од 1910 година.[2] Ја презел водечката улога во државниот удар на Бугарија во 1923 година против Александар Стамболијски и бил избран да ја предводи коалицијата што го наследи сменетиот премиер.[2] Државниот удар доживеал успех бидејќи Бугарската комунистичка партија зазеде неутрален став кон аграрите наместо да го поддржува Стамболијски.[3] Тој станал премиер на Бугарија во 9 јуни истата година, неговиот мандат траел до 4 јануари 1926 година. Во тој период бил главниот водач на Демократскиот сојуз. За време на неговиот мандат тој се судрил со длабоки внатрешни борби против Бугарската комунистичка партија, која Цанков ја потиснувала, прогласувајќи воена состојба и ги забранил комунистите во 1925 година по обидот за атентат на цар Борис III и нападот на катедралата Света Недела.[2] Поради неговите постапки против комунистите, Коминтерната ја осуди владата како „победничка бугарска фашистичка клика“, додека подоцна го насочи своето внимание кон Аграрната народна унија, кои исто така беа потиснати, но помалку строго.[4]

Во 1925 година имало краток напад од грчките војници, но тие не останале за долго по наредба на Друштвото на народите. Поради тоа економската состојба на Бугарија се вложила и Цанков бил отстранет од функцијата по наредба од царот откако не успеал да обезбеди кредит за државата.[2] Тој исто така станал непопуларен меѓу народот поради неговото сурово владеење преку терор.[5]

Откако бил отстранет од влада, Цанков почнал да се ориентира кон фашизмот и набрзо станал поддржувач на Адолф Хитлер. Во 1932 година, тој формирал сопствена партија со името Национално социјално движење која претежно била имитација на Нацистичката партија. Неговата партија немала успех со одобрувањето на нацистите во Бугарија, кои претежно ја подржаа Сојузот на бугарски национални легии.[2] Сепак, Цанков бил назначен од Третиот Рајх во 1944 година за премиер на бугарската влада формирана во Германија против владата на Татковинскиот фронт на Кимон Георгиев. По Втората светска војна Цанков се преселил во Аргентина и умрел во Буенос Аирес, 1959 година.[2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.