Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џордин Брајана Спаркс (родена на 22 декември 1989 )[1] е американска поп и Р&Б пејачка, текстописец and глумица. На седумнаесет годишна возраст, Спаркс победи на шеста сезона на Американски идол, со што стана најмладиот победник во историјата на Американски идол и останува како последната девојка која победила на оваа шоу. Нејзиниот истоименуван албум Jordin Sparks беше издаден во 2007 година од кој произлегоа два хита кои се најдоа помеѓу првите десет на табелата Билборд Хот 100—"Tattoo" и "No Air" ( со Крис Браун) – и беше награден со платина од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка (англ. Recording Industry Association of America) кратко RIAA. Албумот се продаде во повеќе од 2 милиони копии низ целиот свет.[2] „No Air” е моментално трет најмногу продаван хит досега од Американски идол натпреварувач, со продадени преку три милиони дигитални примероци во САД. Песната и ја донесе првата номинација на Греми награди за Најдобра Поп соработка со вокали ( англиски: Best Pop Collaboration with Vocals.) [3]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Џордин Спаркс | |
---|---|
Спаркс во 2009 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џордин Брајана Спаркс |
Роден(а) | 22 декември 1989 Финикс, Аризона, САД |
Потекло | Глендејл, Аризона |
Жанрови | R&B, поп, денс-поп |
Занимања | кантавтор, глумица |
Инструменти | вокал, гитара |
Период на активност | 2007-денес |
Издавачи | Jive/19 (2007–2011) RCA/19 (2011–денес) |
Мреж. место | jordinsparks.com |
Вториот студиски албум на Спаркс Battlefield (album)|Battlefield е издаден во 2009 , кој го достигна седмото место на табелата Bilboard 200. Водечкиот хит од албумот, истоимениот Battlefield, го достигна десеттото место на табелата Билборд Хот 100, правејќи ја Спаркс единствениот учесник на Американски идол кој има пет хитови кои достигнале на табелата во топ дваесет. Вториот хит од Battlefield, "S.O.S. (Let the Music Play)", го достигна првото место на табелата US Hot Dance Club Play, станувајќи нејзиниот прв број еден хит на табелата. .[4] Низ кариерата, Спаркс има добиено повеќе награди, вклучувајќи ги NAACP Image Awards, BET Award, American Music Award, People's Choice Award и две Teen Choice Awards. Во 2009 година, Billboard списанието ја рангира Спаркс на 91 место од артистите на 2000 декада.[5] Во 2012, Спаркс беше рангирана на 92 место на VH1 списокот на 100 Најдобрите жени во музиката.[6] Во февруари 2012, таа продаде 1,3 милиони копии од албумот и 9,8 милиони хитови само во САД, со тоа станувајќи еден од најуспешниот учесник на Американски идол на сите времиња.[7]
Спаркс се оддалечи од снимањето на музика,создавајќи кариери во глумење и Бродвеј, како и дизајнирајќи парфеми. Таа се има појавено како гостин во повеќе телевизиски серии започнувајќи со The Suite Life On Deck во 2009 и подоцна во Big Time Rush во 2010. Истата година, Спаркс го имаше своето прво појавување во мјузиклот In The Heights во улогата на Нина Росарио. Нејзината поголема улога беше во филмот Sparkle (2012) во којшто заедно глумеше со Витни Хјустон, Дерек Лук, Кармен Иџого и Тика Самптер. Во октомври 2010, Спаркс го промовира својот парфем Because of You... по кој беше промовиран и нејзиниот втор парфем “Fascinate” во март 2012 година. Истата година People (magazine) списанието ја назначи Спаркс како една од „Најубавите на секоја возраст„ (англиски: “Most Beautiful at Every Age") за 2012.[8]
Спаркс е родена во Финикс, Аризона, од мајка Џоди (моминско Веидман) Спаркс, и татко поранешен професионален фудбалер Филипи Спаркс. Спаркс има помлад брат, Филипи Спаркс џуниор ( скратено „PJ” од Philippi Sparks), кој игра фудбал на Универзитетот во Северна Дакота. Нејзиниот татко по потекло е Афроамериканец а нејзината мајка е caucasian.[9] Пораснала во предградијата на Риџвуд, Њу Џерси додека нејзиниот татко играл како одбрана за Њујорк Џајантс (англиски: New York Giants ). Од Њу Џерси, Спаркс се образовала во северозападното општинско Христијанско училиште во Финикс сè до осмото одделение. До 2006 година учела во средното учулиште Sandra Day O'Connor High School каде што потоа се образовала дома со цел да може да се сконцентрира на пеењето.[10] Спаркс е евангелистички Христијанин и ја посетува општинската црква Калвари во Финикс. Во нејзината Американски Идол биографија, таа им заблагодарува на своите родители и на Господ за нејзината победа.[11] Добитник е на наградата за најдобар млад изведувач на годината во Аризона три години по ред.
Пред да се појави на Американски идол, таа учествувала и победила на повеќе натпревари за таленти како Coca-Cola's Rising Star, Gospel Music Association Academy's Overall Spotlight Award, America's Most Talented Kids, Colgate Country Showdown, и 2006 Drug Free AZ Superstar Search. Пред Идол, Спаркс често ја изведувала државната химна на различни спортски настани, особено за Phoenix Suns, Arizona Cardinals, и Arizona Diamondbacks. Исто така се појавува со Алис Купер во неговото Божиќно шоу во 2004 година и била дел од турнеја со христијанскиот пејач Мајкл В.Смит во 2006. Истата година таа беше еден од шесте победници на Финикс Торид, потрагата за следниот „Модел со плус големина„(англиски: "Next Plus Size Model"). Таа замина за Калифорнија каде што се појавила во бројни Торид реклами. .[12] Реклама од цела страна со Спаркс на Торид се појави во декемврискиот број на Seventeen списанието во 2006.
На 16 Јуни 2011 година, Спаркс ја имала својата прва бикини фотосесија за насловната страна на People (magazine) списанието во изданието за Најневеројатни тела. Кога зборува за намалувањето на нејзината тежина и режим на исхрана за Access Hollywood, Спаркс вели: „Мојот режим на исхрана остана скоро ист. Ако сакам парче леб, јас јадам парче леб, но донесувам поздрави одлуки како наместо да јадам кесе чипс за ужина, гледам да најдам јаболка. Исто така си го зголемив внесувањето на зеленчук и пијам многу повеќе вода.„.[13][14][15]
Летото во 2006 година, Спаркс се пријави двапати на аудициите за петта сезона од Американски идол: првиот пат во Лос Анџелес но не успеа да помине во првиот круг [16], и вториот пат во Сиетл после победата на Аризона идол, натпревар за таленти спроведен од Финикс Фокс на каналот KSAZ-TV. Аудицијата во Сиетл се гледаше на 17 јануари 2007 година емитувана од Американски идол, на која што таа заработи „златна карта„ и правото да се појави на аудицијата во Холивуд. Судијата на Американски идол, Ренди Џексон, рекол како на шега дека „ Природната коса ќе победи оваа година„.[17] За време на шоуто, Спаркс се здоби со лојални обожаватели кои се познати како "Sparkplugs". На 23 Мај 2007 година, Спаркс беше прогласена за победник на шестата сезона на Американски идол. Таа е сè уште најмладиот победник во историјата на Американски идол. Ковел рекол: „Џордин беше таа која најмногу се подобри во текот на сезоната- не започна баш најдобро, но на пола пат од ова беше девојката која одеднаш доби моментум.” Тој додаде дека „Млада девојка, симпатична и.. го помина забавувачот(Луис).„ [18] Таа изевде четири одбрани песни на Американски Идол, вклучувајќи ја и крунисувачката песна "This Is My Now", која што е достапна на нејзиниот истоименуван мини-албум, издаден на 22 мај во 2007 година, денот пред големото финале.[19] Крунисувачката песна "This Is My Now", го достигна петнаесеттото место на Билборд Хот 100, со тоа станувајќи првиот хит на Спаркс во петнаеститите најдобри на табелата.[20] Следното лето таа беше дел од турнејата на Американски идол LIVE! Tour 2007 од 6 Јули сè до 23 Септември заедно со преостанатите натпреварувачи од топ десет кругот.
Откако победи во 2007, Спаркс се врати во Идол уште пет пати. Двапати настапуваше на седма сезона на Американски идол, еднаш на Idol Gives Back шоуто изведувајќи ја "No Air" заедно со Крис Браун, и другито пат на финалето изведувајќи ја "One Step at a Time" на 21 Мај, 2008 година. На 13 Мај, 2009 ја изведе "Battlefield (song)|Battlefield" на една од епизодите на Американски идол. Следната година на 26 Мај,2010, заедно со останатите натпреварувачи од финалето од деветтата сезона, му изаде почит на Сајмон Конвел. Од неодамна ја изведе нејзината нова песна "I Am Woman" за време на десеттата сезона. Сè до денес, таа е последната женска личност која победила на овој натпревар. Последните пет победници после неа се само мажи.
Изведби/Резултати
Епизода | Тема | Избор на песна | Оригинален изведувач | Редослед # | Резултати | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аудиција | N/A | "Because You Loved Me" | Селин Дион | N/A | Помина | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Холивуд | N/A | "Some Kind of Wonderful" | Соул брадерс сикс | N/A | Помина | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 24 (12 Жени) | N/A | "Give Me One Reason" | Трејси Чапман | 6 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 20 (10 Жени) | Недела со посвета | "Reflection" | Кристина Агилера | 6 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 16 (8 Жени) | N/A | "Heartbreaker" | Пет Бенатар | 1 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 12 | Диана Рос | "If We Hold On Together" | Диана Рос | 12 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 11 | Британска инвазија | "I (Who Have Nothing)" | Бен Е.Кинг | 7 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 10 | No Doubt/изведувачи инспирирани од Гвен Стефани | "Hey Baby" | No Doubt | 9 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 9 | Амеиканска класика | "On a Clear Day" | Тони Бенет | 5 | Сигурна Топ 3 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 8 | Латинo - Американска музика/Латино | "Rhythm Is Gonna Get You" | Глорија Естефан | 6 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 7 | Кантри-музика | "A Broken Wing" | Мартина МекБрајд | 2 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 6 | Инспиративна | "You'll Never Walk Alone" | Роџерс и Хамерстејн | 6 | Сигурна Без елиминации недела | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 6 | Бон Џови | "Livin' on a Prayer" | Бон Џови | 2 | Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Top 4 | Бери Гиб | "To Love Somebody" "Woman in Love" |
Bee Gees Barbra Streisand |
4 8 |
Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топ 3 | Избор на судијата (Simon Cowell) | "Wishing on a Star" "She Works Hard for the Money" "I (Who Have Nothing)" |
Рос Ројерс [Дона Самер] Бен Е.Кинг |
1 4 7 |
Сигурна | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Финале | Нова песна Претходна песна Песна на крунисување |
"Fighter" "A Broken Wing" "This Is My Now" |
Кристина Агилера Мартина Мек Брајд Џордин Спаркс |
2 4 6 |
Победник |
По победата на Американски идол, Спаркс потпиша со 19 Recordings/Jive Records, и беше првиот победник на Идол кој се придружи на таа музичка куќа.[21] На 27 август, 2007, го издаде својот прв хит "Tattoo",[22] кој го достигна осмото место на Билборд Хот 100 а со тоа и првиот хит на Спаркс кој се најде помеѓу првите десет на табелата.[20] Таа песна се здоби со платина во Соединетите Држави(САД) и во Австралија.[23] and Australia.[24]"Tattoo" е продадена во преку два милиони копии во САД сè до денес.[25] Таа го изаде својот прв албум именуван по самата себе Jordin Sparks на 20 ноември во 2007 година [26] којшто го достигна десеттото место на Билборд 200. Сè до денес се продаде во преку милион копии во САД [27] и се здоби со платина од страна на RIAA.[23] . Дуетот со Крис Браун, "No Air", беше издаден како втор хит од албумот во февруари 2008. Во САД песната го достигна третото место на Билборд Хот 100 со што стана најдобро-рангираниот хит на Спаркс до денес.[20] Тоа исто така беше и нејзината прва песна што се појави на табелата Hot R&B/Hip-Hop Songs, каде го достигна четвртото место.[20] Сè до денес се има продадено во преку три милиони копии во САД со што ја напави Спаркс првиот Американски идол наптреварувач да достигне до три милиони цифра. Тоа беше и нејзината прва песна која достигна три милиони исто така. "No Air" го достигна првото место и на табелите во Австалија.[28] и Нов Зеланд [29] каде што беше наградена со платина и во двете земји..[24][30]
На 3 февруари, 2008 година, Спаркс ја пееше Државната химна на Super Bowl XLII. Има настапувано во чест на Арета Френклин на NAACP Awards во февруари исто така. Пред тоа, наставуваше во чест на Диана Рос во декември 2007.
Како поддршка на нејзиниот албум, таа ја отвори турнејата на Алиша Кис во Северна Америка позната како As I Am Tour, која започна на 19 април во 2008. .[31] Пред турнејата, се појави закана за нејзината кариера каде што повредата на грлото ја принуди да откаже неколку недели од шоуто. Таа страдала од акутна хеморагија на гласните жици и било наредено строго да го одмара гласот сè додека состојбата не се подобри.[32] Таа се врати на својата работа на 30 април, 2008 и остана на турнејата сè до 18 јуни, 2008. Подоцна се придружи на Keys и нивната турнеја во Австралија и Нов Зеланд во декември 2008та.[33][34]
Третиот хит од албумот "One Step at a Time" беше издаден во јуни 2008та. Го достигна седумнаесеттото место на Билборд Хот 100 со што стана нејзиниот четврти хит кој се најде помеѓу првите дваесет на табелата.[20] Со оваа таа стана првиот учесник на Американски идол кому првите четири хита го достигнале тоа место на табелата. Исто така се најде и помеѓу првите дваесет на табелата и во Австалија[28], Канада [20] и Обединетото Кралство[35]. Во Нов Зеланд, песната го достигна второто место [29] и беше наградено со злато од страна на RIANZ.[30] Во август 2008та, Спаркс беше заедно на турнеја со Џеси МекКартни во САД позната како Jesse & Jordin LIVE Tour. Спаркс се здоби со две номинации на МТВ Видео Музичките награди (англиски:2008 MTV Video Music Awards) за Најдобро женски видео за песната "No Air" и за Најдобар нов изведувач.[36] За време на шоуто, Спаркс создаде контоверзии со тоа што одговори на шегата која ја кажа домаќинот Расел Бранд во текот на неговиот монолог при отворањето на шоуто во која што држеше сребрен прстен , тврдејќи дека го ослободува еден од браќата Џонас (Jonas Brothers) од неговата невиност, велејќи дека „ќе ги сфати посериозно ако ги носат прстените околу нивните гениталии.„ Спаркс, која исто така носи прстен на ветување, го започна претставувањето на Т.И. и Ријана со тоа што кажа дека „не е лошо да се носи прстен на ветување затоа што не секој сака да биде курва.„ Како одговор на оваа контраверзија за нејзиниот израз „курва„, Спаркс изјави за Entertainment Weekly списанието дека не жали за таквата изјава коментирајќи: „ Би сакала да го каже тоа малку поинаку – дека некој кој не носи таков прстен не значи дека е курва – но не можам да го вратам назад."[37]„ На Американските Музички Награди во 2008та, Спаркс се здоби со наградата на Омилен Изведувач во категоријата на Современи Возрасни Изведувачи.[38]
На 20 јануари, Спаркс ја изведе "Faith" на Inaugural Ball, на кој гостин беше претседателот Барак Обама.[39] Нејзиниот втор студиски албум Battlefield беше издаден во САД на 21 јули, 2009.[40] Истоименуваната песна како албумот title track беше издадена како водечки хит на 25 мај, 2009 и го достигна десеттото место на Билборд Хот 100.[20] Песната беше помеѓу првите пет во Австралија[28], Канада [20] и Нов Зеланд[29]. Во САД, го достигна седмото место на Билборд 200 кое беше повиско од позицијата на нејзиниот албум. Сепак, овој албум беше прилично неуспешен во споредба со нејзиниот прв албум. Се продаде само цо 177 000 примероци низ САД [27] и не заработи ниту едно признание.
Како поддршка за нејзиниот албум, Спаркс беше гостин на турнејата на TheJonas Brothers во Северна Америка која беше дел од светската турнеја на браќата позната како Jonas Brothers World Tour 2009, која започна на 20 јуни, 2009.[41] Таа исто така беше гостин и на втората турнеја наБритни Спирспозната како Circus Tour која започна на 24 август, 2009.[42] Таа ја заменуваше Сиара на таа турнеја.
"S.O.S. (Let the Music Play)", е вториот хит кој беше издаден од нејзиниот втор албум Battlefieldна 15 септември, 2009.[43] Песната се најде на врвот на американската Hot Dance Club Songs табела со што стана првиот број еден хит на Спаркс на табелата [20] и се најде во првите петнаесет во Обединетото Кралство.[35] Во меѓувреме сними и дует со австралискиот изведувач Гај Себастиан (антлиски: Guy Sebastian) познат како "Art of Love" како дел од неговиот петти студиски албум , Like It Like That. Песната влезе помеѓу првите дест во Австралија [28] и Нов Зеланд [29] и беше наградена со платина од страна на Австралиската музичка индустрска асоцијација (англиски: Australian Recording Industry Association) ARIA.[44] Третиот хит од Battlefield, "Don't Let It Go to Your Head", беше издаден во Обединетото Кралство на 8 јануари, 2010.[45] Песната го достигна шеснаесеттото место на табелите во ОК. Во мај, 2010, Спаркс ја запошна својата прва турнеја во САД, позната како Battlefield Tour. Започна на 1мај, 2010 а заврши на 18 јули истата година, поминувајќи преку 35 поголеми градови во САД. Таа сними и насловна песна за анимираниот филм на Дизни „Убавицата и Ѕверот„ ( англиски: Beauty and the Beast ) во поддршка за неговото DVD/Blu-ray издание. Музичко видео за оваа песна беше издадено на 18 октомври, 2010. Во мај, 2010, Спаркс ја започна својата прва турнеја во САД, позната како Battlefield Tour.[46] Започна на 1мај, 2010 а заврши на 18 јули истата година, поминувајќи преку 35 поголеми градови во САД. Таа сними и насловна песна за анимираниот филм на Дизни „Убавицата и Ѕверот„ ( англиски: Beauty and the Beast ) во поддршка за неговото DVD/Blu-ray издание.[47] Музичко видео за оваа песна беше издадено на 18 октомври, 2010.[48]
Во октомври 2010, во едно интервју Спаркс откри дека започнала да работи на нејзиниот трет студиски албум.[49] За интервјуто за забавното шоу Good Day New York во ноември истата година, таа потврди дека ќе го сними албумот во Њујорк и Аризона.[50] Во јануари следната година, беше објавено дека Спаркс и Џон Леџенд работат заедно на некои песни во студиото.[51] Во март, 2011та, Спаркс сними музичко видео за песна позната како "The World I Knew" за фимот "African Cats" кој беше издаден на 22 април истата година.[52] Како поддршка за нејзиниот нов хит, таа ја отвори летната турнеја на NKOTBSB.[53] На 5 мај, 2011та, беше откриено дека водечкиот хит од нејзиниот нов четврт албум се вика "I Am Woman".[54] На 12 мај истата година, Спаркс ја изведе песната на Американски идол во епизодата со топ 4 од шоуто.[55] "I Am Woman" го достигна осумдесет и второто местона Билборд Хот 100 во САД со 33,000 продадени симнувања.[56][57] Исто така го достигна и педест и седмото место на Билборд Digital Songs во Сад. Ја изведе оваа песна и на Regis and Kelly на 14 јуни.[58][59][60] Таа исто така се појавува и како придружнички вокал на хитот на Деми Ловато "Skyscraper" од нејзиниот трет студиски албум. За едно интервју во август 2011та изјави дека сè уште не се знае датумот на издавање на албумот.[61] Една песна со наслов "You Gotta Want It" ќе биде дел од NFL компилацијата на албуми насловена како Official Gameday Music of the NFL Vol. 2. Според некои изјави, песната ќе биде достапна за симнување на iTunes и Amazon. Песната е напишана заедно со Крис Вивер и Метју Џ.Роџерс, додека пак ќе биде снимена од Cash Money Records’ Cool & Dre музичката куќа.[62] На 14 ноември, 2011та беше обајвено дека Џордин снимила оригинална песна насловена "Angels Are Singing" како дел од шоуто на ABC Family телевизијата - "12 Dates of Christmas".[63] На 9 август, 2012та, Џордин изјави во едно интервју за Билборд дека веќе има седум песни подготвени за нејзиниот трет албум. „ Ќе биде поразлично од она што веќе го слушнале моите обожаватели„, изјави таа. „ 'Battlefield' албумот од 2009 беше повеќе поп/рок и малку поп/Р&Б, но сега е повеќе Р&Б, како Р&Б/поп наместо поп/Р&Б.„[64] За едно интервју на МТВ таа потврди дека снимила дует со Џејсон Деруло и дека ќе се најде на албумот, и ќе послужи како потенцијален хит.[65] На 7 октомври RCA Music Group објави дека се растура Jive Records заедно со Arista Records and J Records музичката куќа. Со нивното затворање, Спаркс ( и сите други изведувачи кои веќе имале потпишано со овие музички куќи), ќе го издадат својот иден материјал(вклучувајќи го и нејзиниот трет албум) од брендот RCA Records.[66][67] На 29 февруари, 2012та, момчето на Џордин, Џејсон Деруло објави на Твитер официјален ремикс од неговиот хит "It Girl" заедно со Спаркс. Постои и видео кое беше објавено заедно со ремиксот кој прикажува некои домашни видеа од Џејсон и Џордин заедно како и слики.[68][69]
На 12 септември, 2011та, беше објавено дека Спаркс за првпат ќе се појави како главна улога во филмот Sparkle, преработка од филмот од 1976 година инспириран од приказната The Supremes. Преработката ќе биде поставена во Детроит назад во 1968 година за време издигањето на Мотаун. Приказната ќе се фокусира на најмладата сестра, музичкото чудо Спаркл Вилијамс(Спаркс), и нејзината борба да стане звезда додека нејзината фамилија се соочува со многу проблеми кои можат да доведат до распаќање на семејството.[70][71] Р&Б пејачката Алија беше првично избрана за улогата на Спаркл, но со нејзината авионска несреќа во 2001, продукцијата на филмот, која беше закажана за 2002, беше откажана. Sparkle беше снимен есента во 2011та за период од две месеца. Филмот, во којшто глумат Спаркс и Хјустон, ќе биде издаден на 17 август во САД. На 12 мај, 2012та, „Celebrate„, последната песна којашто Витни Хјустон ја сними со Спаркс, премиерно беше пуштена на RyanSeacrest.com. На 5 јуни беше овозможено да се симнува во дигитална верзија на iTunes. Песната ќе може да се најде на албумот со песни од филмот насловен како Sparkle: Original Motion Picture Soundtrack како прв официјален хит. Здруженото музичко видео за Celebrate беше снимен на 30 мај, 2012та. Видеото се снимаше повеќе од два дена и беше објавен на 27 јуни. Краток преглед од видеото беше премиерно пуштено на 4 јуни, 2012та.
На 24 јули истата година, беше објавено дека Спаркс ќе глуми во нејзиниот втор филм, индиска драма „The Inevitable Defeat of Mister & Pete„.[72] Продуцентот Џорџ Тилмен Џуниор е оној кој работеше со Џенифер Хадсон, Спаркс, Џефри Рајт и Ентони Меки. Мајкал Старбури го напиша сценариото кое е проследено со две градски младини беа оставени да се грижат за самите себе преку летото откако нивните мајки беа приведени од властите. Изработката на филмот ќе започне на 23 јули, 2013 година во Бруклин. .[73] Алиша Кис ќе биде главниот извршен директор/режисер на филмот.[74][75] Овој филм е произведен од Street State Pictures.
Спаркс настапи на VH1 Divas 2012 заедно со Мајли Сајрус, Деми Ловато, Кели Роланд and Сиара. Шоуто беше премиерно пуштено на 16 декември, 2012та. Taa им се придружи на пејачите Ледиси и Мелани Фиона во оддавањето почит на Витни Хјустон. На црвениот тепих таа потврди дека нејзнинипт нов хит се планира да биде издаден во февруари како и албумот веднаш по него.[76]
Во април 2008та, беше објавено дека Спаркс ќе соработува со компанијата за козметика Avon за да биде како портпарол за линијата за тинејџери Mark. Во ноември истата година, Спаркс почна да соработува со Wet Seal на нејзината сопствена модна линија ‘Sparks’. Линијата беше лансирана на 19 ноември, 2008 нудејќи големини од XS до XL. Спаркс изјави: „ Многу сум возбудена што Wet Seal и јас бевме во можност да создадеме модна линија која ќе биде достапна за повеќе девојки од претходно.[77]
Во 2009, се појави во серијата на Дизни The Suite Life on Deck, како гостин во епизодата "Crossing Jordin" во улога на самата себе. Епизодата беше прикажана за првпат на 23 октомври, 2009.[78][79] Таа исто така беше гостинка и во хит шоуто на Nickelodeon, Big Time Rush.[80] Епизодата беше прикажана за првпат на 18 јуни, 2010. Освен тоа, Спаркс го позајми и свјот глас за Team Umizoomi во улогата на Сината сирена. Оваа епизода беше прикажана на 13 мај, 2011та.[81] Во следанта година таа се појави во филмот Sparkle.(Искра).
На 3 мај, 2010, беше најавено дека Спаркс ќе се приклучи на екипата на Бродвеј шоуто In the Heights во улогата на Нина Росарио. Спаркс стана дел од производството од 19 август сè до 14 ноември, кое траеше вкупно 12 непрекинати недели. [82]
Во октомври 2010, Спаркс го промовира својот прв парфем Because of You.... Парфемот во тој момент бил дистрибуиран од Dots, но од ноември беше веќе достапен и во други малопродажни места. Парфемот е опишан како „цветно-овошен мирис„ кој содржи ноти од „клементина, бела царска рибизла, портокалов цвет, срце од нектарина, бебе шери орхидеа и корален божур, чист и сув миск, ванила зрно, Балтички калибир и светли дрва". Спаркс сакала да овој производ биде достапен за нејзините обожаватели, но истовремено и квалитетен. „Кога го започнав овој проект, навистина сакав да овој производ биде достапен. Погледнав во парфемите на други славни лица и тие чинат околу 80 долари. Дури и сега, гледам во парфеми кои чинат 80 долари и не можам да си дозволам да потрошам толку пари.„[83]. Во март 2012та, како резултат од успехот од нејзнииот прв парфем, таа го промовира нејзиниот втор парфем 'Fascinate', ексклузивно со со Dots Fashions. Беше најавено на 22 октомври, 2012та дека Спаркс ќе го промовира својот трет парфем 'Ambition.' За едно интервју таа рече: „ Во моментов чувстувам дека можзам да владеам со светот. Ambition е токму тој збор кој ја опишува мојата моментална состојба.„ Нејзиниот парфем е достапен во малопродажни места како Bon-Ton. Спаркс го прикажа својот парфем на една мала забава во Милвоки на 1 декември, 2012та.[84]
Во 2007 година, Спаркс беше замолена од еден роднина кој работи за SOS детските села во САД во Флорида да дизајнира фармерско палто украсено со Сваровски Кристал како поддршка за сирачињата.p://www.looktothestars.org/celebrity/1216-jordin-sparks Jordin Spark's Charity Work, Events & Causes]. Retrieved July 15, 2010.</ref> Во февруари 2008та, Спаркс ја посети Гана. Таа беше дел од делегацијата на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш и поранешната прва дама Лаура Буш да помогнат со Malaria No More, организација чијашто цел е да се сопрат смртните случаи од маларија во Африка до 2015 година. Спаркс се придружи на Г-дин. Буш во Мамоби поликлиниката, каде што првата дама донираше голем број на креветни мрежи со цел да им помогне на локалните женски трговци во борбата со маларијата во Гана. За време на престојот таму, Спаркс ја испеа "Amazing Grace„ на групата на одговорните кои се собраа да и оддадат почит на Лаура Буш. Спаркс рече: „Патувањето во Гана со Malaria No More, ми ја дава можноста да ја видам разликата што едно обично каснување од комарец може да му ја направи на животот на едно дете.[85]
Во 2008та, Спаркс ја поддржа Do Something 101 кампањата на Dosomething.org со снимање на јавна објава објаснувајќи го националниот проект за училиштен прибор за возење.[86] Таа уште ја поддржа кампањата со помагање при волунтерскиот настан на Do Something 101 кој се одржа во Стејплс Центарот во Лос Анџелес..[87] На 20 мај, 2009, Спаркс стана заштитно лице заGot Milk? Кампањата, американска публицистичка кампања која го охрабрува конзумирањето на кравјо млеко.[88][89] На 17 септември истата година, таа беше дел од специјалното издание на VH1 Divas концерт создаден како поддршка за каналот Save The Music Foundation.[90]. Концертот се одржа во Бруклин Академија на музиката (Brooklyn Academy of Music) во Њујорк каде што Спаркс го изведе својот втор хит S.O.S. (Let the Music Play), од својот втор албум Battlefield, како и "A Broken Wing" со Мартина МекБрајд. Во февруари 2010, Спаркс беше еден од многуте изведувачи кои учествуваа во "We Are the World 25 for Haiti", добротворен хит за жртвите од земјотресот во 2010 Haiti earthquake.[91]. Таа се здружи со Пениројал Силвер творецот и дизајнерот Тим Фостер со цел да создаде свој дизајн на ѓердан за потписот на колекцијата на компанијата. Средствата заработени од ѓерданот ги финансираа медицинските единици во Хаити.[92] На 3 февруари, 2010 година, Спаркс и Давид Арчулета, настапуваа на "X the TXT" настанот кој се одржа во Eden Roc Renaissance хотелот во Мајами, Флорида. Сите средства собрани од овој настан беа распределени на повеќе добротвотни места, вклучувајќи ја и Фондацијата на детската болница во Мајами (англиски:Miami Children’s Hospital Foundation). Следниот ден, двацата испратија плишени мечиња на сите деца во болницата. Во јуни 2010, "Thumbs Up to X the TXT" кампањата формирана од "The Allstate Corporation", најде начин да се придружи на Battlefield Tour турнејата на Спаркс, претставена од Mike & Ike со цел да ги охрабри тинејџерите и нивните семејства да не праќаат пораки додека возаат. Обожавателите на Спаркс дадоа ветување да не го прават тоа. Кампањата започна на истата таа турнеја на 3 јуни, 2010 а заврши на 18 јули истата година.[93] Спаркс е главниот портпарол на "I’m M.A.D., Are You? Архивирано на 9 јануари 2014 г." кампањата. Таа исто така ја поддржува и фондацијата на Alex’s Lemonade Stand, која помага во собирањето пари за децата заболени од рак.[94] Спаркс патуваше и во Лузијана во јуни 2010 за да го посети Gulf Coast oil spill или попзнато како излевањето на нафтата во Мексиканскиот Залив заедно со Audubon Society за да се видат последиците од тоа излевање на дивиот свет и мочуриштата. Таа е исто така и член на National Youth Leadership Committee за Ronald Reagan Centennial Celebration заедно со Ник Џонас, Женевив Рајан и Броди Коновер. На 28 јули, 2011та, Спаркс имаше концерт изненадување на Тајмс СкверТаа беше именувана за амбасадор на "VH1 Save The Music„ фондацијата во 2011та.[95][96] Беше најавено на 9 ноември дека повторно ќе биде прогласена за мабасадор во 2012 година. Таа е придружена од колегата од Американски Идол Крис Датри, Лупе Фиаско, Кети Пери и други.[97]
|
|
Headlining
Joint tours
|
Opening act
|
Year | Award | Category | Result |
---|---|---|---|
2007 | Teen Choice Awards | Choice Female Reality/Variety Star[98] | Победник |
2008 | NAACP Image Awards | Outstanding New Artist[99] | Победник |
BET Pre-Awards | Best Heartbreak Video ("No Air")[100] | Победник | |
BET Awards | Viewer's Choice ("No Air")[101] | Номинирана | |
Beautiful Face Award[102] | Победник | ||
Teen Choice Awards | Choice Hook-Up ("No Air")[103] | Победник | |
Choice Love Song ("No Air")[103] | Номинирана | ||
Choice Breakout Artist[103] | Номинирана | ||
MTV Video Music Awards | Best Female Video ("No Air") | Номинирана | |
Best New Artist | Номинирана | ||
American Music Awards | Favorite Adult Contemporary Artist[104] | Победник | |
2009 | Grammy Awards | Best Pop Collaboration with Vocals ("No Air")[105] | Номинирана |
People's Choice Awards | Favorite Pop Song ("No Air")[106] | Номинирана | |
Favorite Combined Forces ("No Air")[106] | Победник | ||
NAACP Image Awards | Outstanding Duo, Group or Collaboration ("No Air")[107] | Номинирана | |
MTV Australia Awards | Best Collaboration ("No Air")[108] | Номинирана | |
2010 | ARIA Music Awards | Most Popular Australian Single ("Art of Love" with Guy Sebastian)[109] | Номинирана |
2012 | Soul Train Awards | Best Gospel/Inspirational Performance ("Celebrate" with Whitney Houston)[110] | Победник |
Year | Title | Role | Notes |
---|---|---|---|
2007 | American Idol | Herself/Contestant | Season 6; Winner |
2009 | The Suite Life On Deck | Herself | Episode: "Crossing Jordin" |
2010 | Big Time Rush | Herself | Episode: "Big Time Sparks" |
When I Was 17 | Herself | Episode: 16 | |
In the Heights | Nina Rosario | Broadway Musical | |
2011 | BrainSurge | Herself | Guest Star |
Team Umizoomi | Blue Mermaid | Voiceover | |
Majors & Minors | Herself | Mentor | |
2012 | Sparkle | Sparkle Anderson | Lead Role for remake |
2012 | The Inevitable Defeat of Mister and Pete | Alice | Lead Role |
2013 | The Women of Brewster Place | Melonie "Kiwana" Brown | Lead Role |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.