Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поп-музиката, во зависност од контекстот, се користи или како скратена форма за популарна музика или како поим за нејзин поджанр. Општо земено, поп-музиката содржи едноставни мелодии со певливи рефрени. Поп-песните често имаат „кука“, една или повеќе музички идеи повторувани за да го привлечат („закачат“) вниманието на слушателот. Кука може да биде било кој дел од песната и може да претставува музичка мелодија, ритам, вокал или како што е често случајот, мешавина од сите нив. Поп-музиката е обично лесна за слушање за било којшто е културно наклонет да земе учество во неа, дури и за музичкиот новајлија. Поп-музиката се смета за најкомерцијализиран вид на музика.
Поп-музика | |
---|---|
Стилско потекло: | ритам и блуз, џез, американски фолк, doo-wop, музика за танцување, класична музика, рокенрол |
Културно потекло: | 1950-ти, Велика Британија и САД |
Својствени инструменти: | вокал, електрична гитара, бас, тапани, клавијатура, акустична гитара, клавир, синтисајзер, драм-машина, секвенцер, семплер |
Популарен: | светска популарност |
Регионални сцени | |
J-POP (Јапонија), K-POP (Јужна Кореја) |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.