Јелена Жугиќ (родена на 20 април 1973
во Скопје) — македонска театарска, филмска, телевизиска, и гласовна глумица.
Кратки факти Родена, Националност ...
Затвори
Јелена Жугиќ дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, со претставата „Арсеник и стара тантела“ во 1995 година. Во Драмскиот театар - Скопје, таа е вработена од февруари 1997 година. Од септември 2011 до јули 2017 година, е основач и директор на Н. У Театар Комедија во Скопје. Во 2017 година, повторно се враќа во Драмски театар - Скопје.
Театрографија
Театарски претстави:
- Снежана — Драми на принцезите, од Елфриде Јелинек, р. Жива Бизовичар, ДТС 2024
- Падот на Масада, од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2023
- Моето име е Горан Стефановски, од Горан Стефановски, р Бранислав Миќуновиќ, ДТС 2022
- Титанија - Сон на летната ноќ, од Вилијам Шекспир, Театар Комедија 2017
- Др. Ката - Трудна приказна, од Благица Секуловска, р. Лидија Дедовиќ, Театар Комедија 2017
- Лина - Вардарски пастуви, од Фул Монти, р. Синиша Евтимов, Театар Комедија 2016
- Николинка - Господарот на кукавицата, од Венко Андоновски, р. Андреј Цветановски, Театар Комедија 2015
- Бети - Име, од Александар де ла Пателие, р. Нени Делместре, Т. Комедија 2015
- Лисистрата - Лисистрата, од Аристофан, р. Наташа Поплавска, Т. Комедија 2014
- Кралицата - Хамлет во Пикантен сос, од Алдо Николај, р. Александра Кардалевска, Театар Комедија 2013
- Фатиме - Солунски патрдии, од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, ДТС 2013
- г-ѓа Ренате - Генетика на кучињата од Венко Андоновски, р. Дејан Пројковски, ДТС 2012
- Хекуба - GeNОcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011
- Ѓ-ѓа Лу/Сестра Мери - Олово на перница, од Венко Андоновски, р. Димче Николовски, ДТС 2011
- Дона Жуана - Дона Жуана, од Молиер, р. Патрик Вершурен, Градски театар - Скопје, 2009
- Олимпија - Александар, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 2009
- Пангиос - Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009
- Титанија - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2008
- Стиви - Коза, или Која е Силвија? од Едвард Олби, режија Дино Мустафиќ, ДТС, 2008
- Јулишка - Комшилук наопаку, од Н.Митровиќ, р. Н.Делместре, ДТС, 2007
- Мира - Кино Љубов, од Ј.Бојаџи, режија Јани Бојаџи, ДТС, 2007
- Сенген - Демонот од Дебар Маало, од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски ДТС, 2006
- Ирина - Три сестри, од Чехов, р. Димитар Станковски, ДТС, 2004
- Магдалена - Куќата на Бернарда Алба, од Љорка, р. Г. Стојановиќ, ДТС, 2004
- Магда - Магдо, љубов моја, од С. Насев, р. Д. Станковски, независен проект, Скопје, 2003
- Таа - Нема да ми верувате што ми се случи вечерва, од Н. Вујадиновиќ, р. К. Ристевски, ДТС, 2003
- Абел - Собрани дела на Вилијам Шекспир, од Том Стопард, р. З. Славенски, ДТС, 2002
- Лора - Црни кукли, од В. Андоновски, р. Д. Станковск, независен проект, 2001
- Вагинални монолози, од Ив Енслеф, р. Д. Станковски; независен проект Скопје
- Титанија - Сон на летната ноќ од В. Шекспир, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000
- Панглос помалиот - Кандид во земјата на чудата, од В. Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС 2000
- Мехмене - Ферхард и Сирин, од Јудел Ертен, р. Н. Хикмети, ДТС 2000
- Ерика фон Лајден – Европа, од Рене Калински, р. Патрик Версурен, ДТС, 1999
- Беатриче, Распони и Федерико Распони - Арлекин, од К. Голдони, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1999
- Маргарета - Македонски Фауст, од М. Србиновски, р. Сашо Миленковски, 1999
- Грофицата Алмавива - Женидбата на Фигаро, од Бомарс, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1998
- Сара/Долорес - Љубовникот, од Дејвид Ајс, Харолд Пинтер, Керил Сеил, р. Зоја Бујалковска, ДТС, 1998
- Дебра - Перверзии, од Д. Мамет, р. Мони Дамевски, ДТС 1997
- Хорот - Ојдипус Тиранос, од Софоклеус, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 1997
- Ида - Позитивно мислење, од С.Насев, р. Димитар Станковски, ДТС 1997
- Дона Хуана - Дона Хуана, од А. Виздеи, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996
- Констанца - Амадеус, од П. Шефер, р. Златко Славенски, ДТС, 1996
- Тина - Ни ќар ни зијан, од Б. Димитров, р. Д. Станковски, ДТС 1996
- Ева - Умри машки, од А.Николај, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1996
- Селанка – Кумови, од Русанте, р. Коле Ангеловски, ДТС, 1995
- Ема Брјустер - Арсеник и стара тантела, од Кеселинг, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995
- Жената на Лука Лукиќ - Ревизор, од Гогољ, р. Љубиша Георгиевски, ДТС 1995
- Глумец - Розенкранц и Гилденстерн се мртви, од Т.Стопард, р. Златко Славенски, ДТС, 1994
- Третата дворска дама - Животот е сон, од Калдерон де ла Барка, р. Слободан Унковски, ДТС, 1994
- Пешна - Крале Марко, од М. Србиновски, р. Љубиша Георгиевски, В. Чернодрински – Прилеп, 1994
- Марика, Јадранка - Сон..., од Ж.Мирчевска, р. З.Славенски и С. Ковачевиќ, фестивал МОТ, 1994
- Третата Евменида – Евмениди, од Есхил, р. Г. Тренчовски, Фестивал "Охридско лето", 1993
- Жената со две лица - Црно писмо, од Б. Миневски, р. В. Цветановски, Фестивал "Охридско лето", 1993
- Цвета - Време за сонување, од З. Славенски, р. З. Славенски, Ј. Х. Џинот - Велес 1993
Жугиќ има остварено бројни филмски улоги:[1]
- Награда на Фестивалот „Јоаким Фест“ за претставата „My name is Goran Stefanovski“, 2022
- Награда “13 Ноември“, 2015
- Награда за женска улога за 2012 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Ренате во претставата „Генетика на кучињата“
- Награда за најдобра женска улога за 2011 г, на Фестивалот за античка драма „Стоби“ - 2011, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21“
- Награда за најдобра женска улога за 2011 г., на Националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата на Хекуба во претставата „geNOcid21“
- Награда „Златна Бубамара за популарноста“, 2009
- Награда „Маслина“, за најдобра глумица во ТВ филмот „Време за плачење“, Бар, 2003 г.;
- Награда "Златна маска Изида" за најдобра улога во претставата „Собрани дела на Вилијам Шекспир“, на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, 2002г.;
- Награда за најдобра глумечка творба за 2001 г., на Националниот фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата Лора во претставата "Црни куклички".
- Награда за најдобра глумечка творба за 1997 г., на Националниот фестивал „Војдан Чернодрински“, Прилеп, за улогата Ида во претставата "Позитивно мислење".
- Награда од списанието „Екран“ за најдобар млад глумец за 1996г. за улогата Ева во претставата "Умри машки"