Telephone (песна)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Telephone“ — песна на американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP-албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б-пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Вдахната од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.
„Telephone“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл од Лејди Гага и Бијонсе Ноулс | |||||
од албумот The Fame Monster | |||||
Издаден | февруари 15 2010 (2010-02-15) | ||||
Текстописец | Лашон Даниелс, Лазонејт Френклин, Стефани Германота, Родни Џеркинс, Бијонсе Ноулс[1] | ||||
Формат | ЦД сингл, музичко спуштање, 7 инчен сингл | ||||
Жанр | Електропоп, денс-поп | ||||
Должина | 3:41 | ||||
Издавачка куќа | Streamline, Kon Live, Cherrytree, Interscope | ||||
Продуцент | Даркчајлд | ||||
Хронологија на синглови на Лејди Гага и Бијонсе Ноулс | |||||
|
Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни битови. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони копии во 2010 година.[2] Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011.
Музичкото видео е продолжени на видеото за песната од 2009, „Paparazzi“ и е снимено како краток филм. Откако е извадена од затвор со помош на Бијонсе, Гага и Ноулс одат да ги убијат гостите кои доручуваат во ресторан. По бегањето од оброкот, двете пејачки се бркани од полицијата. Видеото наведува на Квентин Тарантино и неговите филмови Убиј го Бил (2003) и Евтини приказни (1994). Повеќето од критичарите го пофалиле видеото, но некои ги критикувале насилството и темите во него. Во сеќавање на Александер Меккуин, Гага извела акустична верзија на „Telephone“ помешана со „Dance in the Dark“ на Британските Музички Награди од 2010 година. Исто така била вклучена на сет-списокот на The Monster Ball Турнејата во 2010.