![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/0/07/Metallica_at_The_O2_Arena_London_2008.jpg/640px-Metallica_at_The_O2_Arena_London_2008.jpg&w=640&q=50)
Металика
американска хеви-метал група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Металика (англиски: Metallica) — американска хеви-метал музичка група од Сан Франциско, Калифорнија. Нивната музика е спој на треш и спид метал, со доста агресивни текстови и брза изведба. Основана е во октомври 1981 година, по објавениот оглас на Ларс Улрих во еден локален весник, на кој одговорил Џејмс Хетфилд. Во денешната постава на бендот освен споменатите двајца, членуваат уште Кирк Хамет и Роберт Трухиљо. Освен Хетфилд и Улрих, во првата постава на бендот членувале уште Дејв Мастејн и Рон МекГовни. Мастејн и Мекговни не се појавуваат на ниту еден студиски албум. Поранешни членови на Металика кои имале придонес барем на еден студиски албум биле Џејсон Њустед и покојниот Клиф Бартон.
Metallica | |
---|---|
![]() Металика на концерт во Лондон, 2008 г. Од лево кон десно: Кирк Хамет, Ларс Улрих, Џејмс Хетфилд и Роберт Трухиљо | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | Треш метал, хеви метал, спид метал, хард рок |
Период на активност | 1981 – денес |
Издавачи | Ворнер Брос, Електра, Вертиго, Мегафорс, Сони (за Јапонија) |
Соработници | Екобреин, Егзодус, Флотсам и Џетсам, Инфекшс Грувс, Ледер Чарм, Мегадет, Рок Стар Супернова, Спастик Чилдрен, Суисајдал Тенденцис, Воивод, Ози Озборн, Лу Рид |
Мреж. место | www.metallica.com |
Членови | |
Џејмс Хетфилд Ларс Улрих Кирк Хамет Роберт Трухиљо | |
Поранешни членови | |
Рон Мекговни Дејв Мастејн Клиф Бартон Џејсон Њустед |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ea/Metallica_wordmark.svg/320px-Metallica_wordmark.svg.png)
Во првите години од нивното основање, тие биле предводници на треш метал движењето, музика која била претежно непозната и во тоа време социјален и општествен феномен. Ги освоиле симпатиите на обожавателите и музичката критика со нивниот трет студиски албум Master of Puppets (1986), кој бил оценет како највлијателен и „најтежок“ треш метал албум. На големата музичката сцена се пробиле со нивниот петти студиски албум Metallica (познат и како Црниот албум), кој во првата недела од издавањето продал 650 илјади плочи во САД и се искачил на првото место на најпродавани албуми на Билборд Хот 100 табелата. Во полза на неговиот комерцијален успех говорат вкупно продадените 16 милиони оригинални примероци во САД и преку 30 милиони во светот. Овој импресивен успех на табелите придонел Металика да прерасне во глобална атракција и да ги исполнува сите седишта до последно место за време на нивните настапи во живо.
Целокупната дискографија на Металика вбројува 9 студиски албуми, од кои пет се нашле на првото место на најпродавани албуми според Билборд, 13 ДВД изданија од концерти, како и една соработка со Лу Рид и една плоча со преработени верзии на култни хеви метал и хард рок композиции. Имаат свирено на преку 20 светски турнеи, а на последната нивна турнеја од 2008 до 2010 г. направиле финансиски обрт од 217 милиони долари. Во април 2009 година се примени во Рокенрол куќата на славните. Официјалната статистика во врска со нивната продажбата на албуми говори дека Металика во 2008 г. ја надминале бројката од 100 милиони продаден музички материјал низ светот.
Металика низ годините успеала да изгради лојално следбеништво и огромни фан-бази во многу земји од светот. Заедно со Мегадет, Слеер и Антракс ја сочинуваат големата Треш четворка, која е одговорна за популаризирање и етаблирање на хеви металот на глобалната сцена. Тие воедно важат и за еден од ретките претставници на екстремниот хеви метал што успеале да ги придобијат симпатиите на поголем дел од музичките експерти. Поради тој факт, во нивната збирка имаат собрано 9 Греми награди, како и две награди на MTV за најдобар видео запис за рок нумера. Групата во моментов работи на нивниот најнов, 10. по ред студиски албум, кој би требало да излезе во почетокот на 2014 година.
Во 2012 година, Металика формирале своја сопствена независка издавачка куќа Blackened Recordings, која ги обезбедила правата врз сите нивни студиски изданија.