Master of Puppets
From Wikipedia, the free encyclopedia
Master of Puppets е третиот студиски албум на американскиот треш метал бенд Металика, издаден на 3-ти март 1986 преку издавачката куќа Електра. Снимен во Копенхаген, Данска во Sweet Silence Studios со продуцентот Флеминг Расумусен, албумот е последниот со басистот Клиф Бартон, кој починал на 27 септември 1986 година во автобуска несреќа за време на нивната турнеја низ Шведска.
„Master of Puppets“ | ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Студиски албум од Металика | ||||
Издаден | 3-ти март 1986 | |||
Снимен | Од 1-ви септември до 27-ми декември 1985 во Sweet Silence Studios во Копенхаген, Данска | |||
Жанр | Треш метал | |||
Траење | 54:52 | |||
Издавачка куќа | Електра | |||
Продуцент |
| |||
Металика — Хронологија | ||||
| ||||
Издадени песни од Master of Puppets | ||||
|
||||
Насловната корица на албумот содржи гробишта со бели крстови врзани со жици кои се манипулирани од пар раце на облачно црвено небо со огнен портокалов сјај на хоризонтот.
Со ова музичко остварување, Металика се здобиле со статус на предводници и икони на треш металот и многумина фанови и критичари го сметаат овој албум за најдобриот метал албум на сите времиња. Master of Puppets достигнал до 29-то место на Билборд листата во САД без никаква значајна медиумска кампања или промоција по музичките канали и радио станиците во тоа време, што било огромно достигнување. Во 2003 година биле продадени 6 милиони примероци од албумот само во САД, а на глобално ниво, денешно време, таа бројка се проценува околу 15 милиони.
Насловната песна и водечки сингл од албумот е најизведуваната песна на бендот во живо, со над 1700 перформанси пред публика, а претставува една од најпопуларните и препознатливи песни на бендот и треш металот како жанр воопшто. Освен неа, едни од позабележителните песни се воведната песна „Battery“ и мелодичната балада „Welcome Home (Sanitarium)“.