Рон Мекговни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рон Мекговни (англиски: Ron McGovney) (роден 2 ноември 1962) е американски музичар, најмногу познат како првиот басист на Металика.
Рон Мекговни | |
---|---|
Родено име | Роналд Мекговни |
Роден(а) | 2 ноември 1962(1962-11-02) (61 г.) Лос Анџелес, Калифорнија |
Жанрови | Хеви метал, треш метал, спид метал |
Занимања | Музичар |
Инструменти | Бас гитара, гитара |
Период на активност | 1981–1982, 1986–1988 |
Соработници | Leather Charm, Металика, Phantasm |
Мекговни, заедно со вокалот и гитарист на Металика, Џејмс Хетфилд, претходно свиреле во гаражниот бенд Leather Charm. Мекговни, како член на Металика, настапувал со бендот во првата година од неговото основање, а се појавува и на првите демо снимки од групата. Ја напуштил Металика кон крајот на 1982 г. и по кус одмор му се приклучил на треш метал бендот Phantasm.
Мекговни води северноирско потекло. Има двајца синови, Џастин и Тајлер, кои исто како и нивниот татко покажуваат интерес кон музиката. Ќерката Џордан е најмалото дете во семејството. Рон моментално работи како машински работник во една фабрика која се наоѓа во западниот дел на сојузната држава Северна Каролина.