![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/9a/Anthrax_-_2019214183507_2019-08-02_Wacken_-_0198_-_5DSR3696.jpg/640px-Anthrax_-_2019214183507_2019-08-02_Wacken_-_0198_-_5DSR3696.jpg&w=640&q=50)
Anthrax
американска треш-метал-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Anthrax (се чита: Антракс) - американска треш-метал-група од Њујорк. Групата била основана во 1981 година по иницијатива на гитаристите Скот Јан и Дени Лилкер, а оттогаш имаат издадено единаесет студиски албуми и преку 26 синглови. Биле едни од најпопуларните треш метал групи од доцните 80-ти, а често се вбројуваат во Големата четворка на треш сцената, заедно со Металика, Мегадет и Слеер.[1] Официјалните податоци говорат дека во САД имаат продадено 3 милиони примероци од своите студиски изданија, додека во светот таа бројка е 15 милиони.[2][3]
Anthrax | |
---|---|
![]() Антракс на настап на Wacken Open Air во 2019 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Њујорк, САД |
Жанрови | Треш метал, спид метал, грув метал, алтернативен метал хеви-метал |
Период на активност | 1981–денес |
Издавачи |
|
Соработници | Nuclear Assault, Damnocracy, Brutal Truth, Armored Saint, Public Enemy, The Damned Things, Metallica, Slayer, Megadeth, Sepultura |
Мреж. место | anthrax.com |
Членови | |
Скот Јан Чарли Бенанте Франк Бело Џои Беладона |
Од првата постава на бендот останале само членовите Скот Јан, Чарли Бенанте и Френк Бело, кои воедно се појавуваат на секој студиски албум. Низ годините бендот имал двајца пејачи, и тоа Џои Беладона и Џони Буш. Од поранешните членови, значаен е придонесот на гитаристот Ден Спиц, кој учествувал во снимањето на шест албуми на Антракс. Последен албум на составот е For All Kings, кој бил издаден во 2016 година.