астероид From Wikipedia, the free encyclopedia
19521 Хаос — кубевано од Кајперовиот Појас кое не е во резонанција со ниедна планета. Се смета за можна џуџеста планета, иако веројатно не е цврсто тело. Откриен е во 1998 г. од Длабокиот еклиптички преглед во опсерваторијата „Кит Пик“ во САД. Албедото му изнесува 0,050+0,03
−0,016,[7], па оттука има апсолутна величина (H) од 4,8,[3] или 600+140
−130 км во пречник.[7] Телото е наречено според праисконската состојба во старогрчката митологија, од која произлегле првите божества.
19521 Хаос сликан од „Хабл“ во септември 2001 г. | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Длабок еклиптички преглед |
Откриено | 19 ноември 1998 |
Ознаки | |
Наречена по | Хаос |
1998 WH24 | |
заднептунец (кубевано)[1][2] | |
Орбитални особености[3] | |
Епоха 13 јануари 2016 (ЈД 2457400,5) | |
Параметар на неодреденост 3 | |
Лак на набљудување | 5902 дена (16,16 г) |
Афел | 50,636 ае (7.5750 Тм) |
Перихел | 40,957 ае (6,1271 Тм) |
45,796 ае (6,8510 Тм) | |
Занесеност | 0.10567 |
309,92 г (113199 д) | |
Просечна орбитална брзина | 4,3931 км/с |
337,2998° | |
0° 0м 11.449с дневно | |
Наклон | 12,0502° |
50,0239° | |
≈ 24 December 2033[4] ±10 дена | |
58,4097° | |
Јупитерово НРОП | 35,8 ае (5,36 Тм) |
Нептуново НРОП | 12,5 ае (1,8 Тм)[5] |
Јупитеров Тисеранов параметар | 5.884 |
Физички особености | |
Димензии | 615± ? [6] 600+140 −130 км [7] 665 [8] |
3,985 дена | |
0,050+0,03 −0,016 [7] | |
B–V=0,95 ± 0,03 [8] V–R=0,63 ± 0,03 [8] V–I=1,25 ± 0,04 [8] | |
4.8 [3] 5.0 [6][8] | |
Хаос има орбитален период од 309 години. Орбитата му е подолга, но помалку занесена од онаа на Плутон. Маклонета е околу 12° кон еклиптиката. Орбитата воопшто не ја пресекува Нептуновата. Тековно најблиското можно доближување до Нептун (МРОП) е на 12,5 ае (1,87 милијарди километри).[5]
Телото ќе биде во перихел кон крајот на декември 2033 г.,[4] приближувајќи се на 40 ае од Земјата. Ќе достигне најголема сјајност од 20,8.
Хаос е темно тело, со проценето албедо од 5 %, што подразбира пречник од 600 км. Се врти бавно, правејќи едно завртување за 3,985 дена. Според американскиот астроном Мајкл Браун, Хаос веројатно е џуџеста планета.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.