From Wikipedia, the free encyclopedia
Шварценберг (германски: Schwarzenberg) — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина саксонските Рудни Планини, близу германско-чешката граница. Градот се наоѓа околу 15 километри југоисточно од Ауе и 35 километри југозападно од Кемниц.
Шварценберг | |
Поранешното Градско собрание на Шварценберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Хајдрун Химер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 46,25 км2 |
Надм. височина | 468 м |
Население | 16.168 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 350 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08340 |
Повик. бр. | 03774 |
Портал | www.schwarzenberg.de |
Местоположба на градот Шварценберг во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°32′43″N 12°46′45″E |
Основан во 12 век за заштита на трговскиот пат, малиот планински град станал центар на територијата позната како Грофовија Шварценберг, а подоцна и на Амт Шварценберг. За време на поделбата на Германија, Шварценберг бил дел од Источна Германија и станал најголемиот производител на машини за перење алишта во Источна Европа. Шварценберг станал пошироко познат во 1987, кога Штефан Хајм го извел терминот Слободна Република Шварценберг за малиот период помеѓу советските и американските окупациски зони во мај/јуни 1945 година.
Градот се наоѓа на надморска височина од 428,5 метри до 823 метри. Стариот град со црквата и замокот се наоѓа на карпа (Schlossberg, 593 м) околу која е создаден меандер на реката Шварцвасер, но главно локацијата на градот е во басен.
Стариот град со плоштадот, замокот и црквата Свети Ѓорѓи го создава историското јадро на градот. Форштат првично бил јужно продолжување на градот надвор од градските ѕидови (сега непостоечки), првично создаден околу една воденица. Фабриките и работничкит куќи од доцниот XIX век околу станицата станале дел од Нојштат, северно од Стариот град, сега во него се наоѓа градското собрание и повеќе јавни институции. На северозапад и југозапад од Стариот град, се издигнуваат Хофгартен и Хајде, станбени области изградени во 1960-ти и 1970-ти, соодветно, користејќи големи станбени објекти.[2] Станбената област Зоненлајте во северниот дел од градот била изградена во 1980-тите.
Иако градот припоил неколку соседни заедници во текот на годините, неговото население останало стабилно на околу 20.000 жители. Заксенфелд, Нојвелт и Вилденау/Брикенберг веќе биле припоени во Шварценберг помеѓу 1913 и 1920. Гринштетел бил припоен во 1996 година, Бермсгрин, селото Јегерхаус, Крандорф и Ерла во 199, а Пела во 2008 година.
Заедници со кои се граничи градот се Гринхајн-Бајерфелд на североисток, Рашау на исток, Брајтенбрун и Зоза на југ и Бокау и Лаутер на запад.
Шварценберг бил првпат документиран во 1282 година, како „civitas Swartzenberg“, но одредени артефакти ископани во 1977 година, датираат од пред 1200 година, а официјалната година на основање е фиксирана на 1150. Градот се развивал надвор од утврдување, кое се верува дека е создадено од Хајнрих Втори, војвода на Австрија за заштита на важниот трговски пат помеѓу Плајснерланд и Бохемија во инаку ненаселената област.
Шварценберг на германски означува црна планина. Според легендата, царот од Отонската династија го основал градот и го именувал според бојата на карпата. Се верува дека градот е иемнуван по густата и темна шума во близина на градот.
Низ градот поминале царот Фридрих I Барбароса во 1170 година, а потоа и неговиот син, царот Хајнрих VI. Подоцна, се случиле бројни промени на сопственоста. Во 1334 година, династијата Лобдебург го држела Шварценберг и неговата околина како феуд. Династијата Тетау го зазела градот во 1425 и го продала на изборниот кнез Јохан Фридрих I во 1533 година.
Околу замокот Шварценберг започнале да се основаат повеќе села и околу 1500, живееле 48 семејства, кој потоа бил седиште на началникот за рудниците во оваа област. Во текот на реформацијата, градот станал протестантски.
Панорамата на Шварценберг е доминирана од црквата и замокот, кој бил изградена на темели од проанешен замок. Овој поранешен замок може да биде сметан како една од најстарите градби во градот. Црквата Св. Ѓорѓи е нешто понова, изградена во доцниот XVII век. Со помошта на најстариот познат цртеж во Шварценберг, дело со молив и масло на Вилхелм Дилих од раниот XVII век, може да се добие претстава за првобитниот изглед на градот. На крајот на денешната Oberen Schloßstraße се издига дворецот (Schloss), кој некогаш бил изграден како заок и кој во текот на неговата историја, бил прошируван и обновуван многупати. На самиот плоштад, на другиот крај од горенаведената улица, се наоѓа Градското собрание. Третата важна зграда во историскиот центар на градот била црквата, која станала преала во 17 век и била заменета од St.-Georgen-Kirche. Покрај старата црква се наоѓаат гробиштата, познати како Unterer Markt. Не долго пред тоа, станале премали и биле заменети од други поголеми гробишта надвор од градските ѕидини. Во градот, исто така, имало и две порти.
Откако градот повеќе не можел да се справи со растот на населението, почнале да се градат згради надвор од градските ѕидини. Во споменатиот цртеж, првите „предградски“ згради можеле да се видат веднаш под црквата.
По предавањето на Германија во Втората светска војна, Шварценберг најпрвин останал, за историски нејасни причини, неокупиран. На 11 мај 1945, неколку антифашистички граѓани презеле иницијатива за преземање на власта во овој вакуум-период. Оваа епизода траела до 25 јуни 1945, кога советските трупи влегле во градот. Во 1984, писателот Штефан Хајм го измислил терминот „Република Шварценберг“ во неговиот роман Шварценберг, кој бил заснован на овој настан. За ова време настанале многу легенди. Во 2004, писателот Фолкер Браун исто така расправал за овој настан.
Движење на населението низ години (од 1960, на 31 декември):
1834 до 1950
|
1960 до 1998
|
1999 до 2004
|
2005 до 2006
|
1 29 октомври
2 31 август
Често историскиот центар на Шварценберг е нарекуван како „Бисер во Рудните Планини“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.