Чарлс II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс II (англ. Charles II) (29 мај 1630 – 6 февруари 1685) бил крал на Англија, Шкотска и Ирска.
Чарлс II | |
---|---|
Чарлс II во облеката на Order of the Garter, според Џон Мајкл Рајт, околу 1660–1665 година | |
Крал на Англија, Шкотска и Ирска (more...) | |
На престол | 29 мај 1660 – 6 февруари 1685 |
Крунисување | 23 април 1661 |
Претходник | Чарлс I (симнат од престолот во 1649 година) |
Наследник | Џејмс II |
Крал на Шкотска | |
На престол | 30 јануари 1649 – 3 септември 1651[1] |
Крунисување | 1 јануари 1651 |
Претходник | Чарлс I |
Роден(а) | 29 мај 1630(1630-05-29) (N.S.: 8 јуни 1630) Палата Сент Џејмс, Лондон, Англија |
Починал(а) | 6 февруари 1685(1685-02-06) (возр. 54) (N.S.: 16 февруари 1685) Палата Вајтхол, Лондон |
Почивалиште | |
Сопружник | Катерина од Браганца |
Деца Меѓу другите... | Незаконски: Џејмс Скот, 1-виот војвода од Монмут Чарлс ФиџЧарлс, 1-виот гроф од Плимут Чарлс Фицрој, 2-иот војвода од Кливленд Шарлот Ли, грофица од Личфилд Хенри Фицрој, 1-виот војвода од Графтон Џорџ Фицрој, 1-виот војвода од Нортамберленд Чарлс Боклерк, 1-виот војвода од Сент Олбанс Чарлс Ленокс, 1-виот војвода од Ричмонд |
Династија | Стјуарт |
Татко | Чарлс I |
Мајка | Хенриета Марија од Франција |
Вероисповед | англиканска (преминал во католицизам на смртната постела) |
Потпис |
Таткото на Чарлс II, кралот Чарлс I, бил погубен во Вајтхол на 30 јануари 1649 година, на врвот од Англиската граѓанска војна. Иако Парламентот на Шкотска го прогласил Чарлс II за крал на Велика Британија и Ирска во Единбург на 6 февруари 1649 година, Англискиот парламент донел закон што секоја таква прокламација ја прави незаконска. Англија влегла во период познат како „Англиско меѓувладеење“ (лат. интерегнум) или Англиски Комонвелт, а земјата била де факто република, предводена од Оливер Кромвел. Кромвел го поразил Чарлс во Битката кај Ворчестер на 3 септември 1651 година, по што Чарлс побегнал во континентална Европа. Кромвел станал де факто диктатор на Англија, Шкотска и Ирска. Чарлс ги поминал следните девет години во егзил во Франција, Обединетите Покраини и Шпанските Ниски Земји.
Политичката криза која следела по смртта на Кромвел во 1658 година довела до обновување на монархијата, а Чарлс бил повикан да се врати во Британија. На 29 мај 1660 година, на неговиот 30-ти роденден, тој бил примен во Лондон на јавно признание. По 1660 година, сите правни документи биле датирани како да Чарлс го наследил својот татко како крал во 1649 година.
Англискиот парламент на Чарлс донел закони познати како Кларендонскиот Код, создаден да ја зацврсти позицијата на повторно воспоставената Црква на Англија. Чарлс го прифатил Кларендонскиот Код иако самиот тој ја фаворизирал политиката за религозна толеранција. Втората Англо-Холандска војна била главниот проблем во надворешната политика за време на раното владеење на Чарлс. Во 1670 година, Чарлс станал дел од тајната спогодба од Довер, сојуз со неговиот прв братучед, францускиот крал Луј XIV. Луј се согласил да му помогне на Чарлс во Третата англо-холандска војна и да му исплати пензија, а Чарлс тајно ветил дека ќе премине во римокатоличка вера во неодредено идно време. Во 1672 година, Чарлс се обидел да воведе верска слобода за католиците и протестантските дисиденти со неговата Кралска декларација за толерантност, но Англискиот парламент го принудил да ја повлече. Во 1679 година, откритието на Тит Оут за недокажаната Папска завера (англ. Popish Plot) ја предизвикало Кризата на исклучување, кога било откриено дека братот на Чарлс и негов наследник (Џејмс, војводата од Јорк) е римо-католик. Од кризата се создале партијата Виг, која се залагала за исклучување и партијата Тори, која била против исклучување. Чарлс бил на страна на Ториевците, а по откривањето на заверата Рај Хаус (англ. Rye House Plot) во 1683 година за да се убијат Чарлс и Џејмс, некои водачи на партијата Виг биле убиени или принудени на егзил. Чарлс го распуштил Англискиот Парламент во 1681 година и владеел сам сè до својата смрт на 6 февруари 1685 година. Тој бил прифатен во Римокатоличката црква на неговата смртна постела.
Чарлс бил познат како Веселиот Монарх, поради неговата живост и хедонизам на неговиот двор и општата утеха при враќањето во нормала по повеќе од 10 години власт на Оливер Кромвел и пуританците. Жената на Чарлс, Катерина од Браганца, не родила деца, но Чарлс признал најмалку 12 незаконски деца од неколку љубовници. Бидејќи незаконските деца биле исклучени од правото на наследство, на престолот го наследил неговиот брат Џејмс.