From Wikipedia, the free encyclopedia
Холандска Република, офиц. Република на Обединетите Покраини (холандски: Republiek der Zeven Verenigde Nederlanden), или Република на Седумте Обединети Покраини (Republiek der Zeven Verenigde Provinciën) — поранешна република во Европа која постоела во периодот од 1581-1795 година, кога била основана Батависката Република.
Република на Обединетите Покраини Холандска Република Republiek der Zeven Verenigde Nederlanden / Zeven Provinciën | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1581–1795 | |||||||||
Motto: Concordia res parvae crescunt[1] (Unity makes small things grow) | |||||||||
Главен град | Хаг | ||||||||
Говорени јазици | холандски | ||||||||
Уредување | конфедерациска република | ||||||||
Историски период | Ран модерен век | ||||||||
• Основана | јули 26 1581 | ||||||||
јануари 19 1795 | |||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Холандија |
До 16 век, Ниските Земји - кои одговараат на денешните современи држави Холандија, Белгија и Луксембург - се состоеле од голем број на грофовии и војводства, региони и епархии. Поголемиот дел од нив биле под директна управа на Светото Римско Царство, најпрвин под управа на династиите од Бургундија, а подоцна под Хабсбуршката династија. Императорот Карло V, кој е роден во Гент и одраснал во Холандија уживал голема популарност во земјата. Во 1556 година тој абдицирал на сметка на својот син Филип II од Шпанија. Новиот император бил заколнет католик, и сакал да ја одржи својата вера во својата земја. Но, во исто време, во Холандија започнало да се шири протестантството, особено калвинизмот. На чело на движењето застанал Вилхелм I Орански кој барал власта да ги намали даноците и да обезбеди пооголема слобода на вероисповед. Следувала т.н. Осумдесетгодишна војна. Во 1579 година бил основан т.н. Сојуз од Утрехт од страна на северните покраини на денешна Холандија. По ова следувало и прогласувањето на независноста во 1581 година.
Во 1582 година, Франсоа де Алансон се обидел да го заземе Антверпен, но безуспешно. Во 1582 година бил убиен Вилхелм I Орански, а кралевите на Англија и франција, Елизабета I и Анри III не го признале суверенитетот на земјата. Сепак во 1585 година, Кралство Англија се согласила и испратила воена поддршка за земјата. Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 година ја потврдил независноста на холандските покраини од Шпанската империја.
Од економска гледна точка, републиката забележила голем успех. Периодот од 1584 до 1702 година, во историјата на Холандија е познат како Златен век на Холандија. Нејзината трговија била доминантна на светско ниво во текот на 17 век. Таа основила голем број на колонии. Холандија била најбогатата земја во Европа во тоа време. Во Ротердам, а потоа и во Амстердам била основана берза.
Официјално републиката била признаена со Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 и како таква функционирала до 1795 година, односно по француската инвазија на Ниските Земји кога била формирана нова република, наречена Батавијска република која директно била управувана од страна на Франција. Холандија ја повратила независноста од Франција во 1813 година. Во англо-холандскиот договор од 1814 имињата "Обединети Покраини на Ниските Земји" и „Обединети Ниски Земји“ повторно биле користени. Во 1815 година земјата била дел од т.н. Австриски Ниски Земји, Луксембург и Лиеж. Земјата била наречена Обединето Кралство Холандија. Намерата на европските сили била да се создаде голема сила која би се наоѓала северно од Франција. Оваа земја под ова име се задржила до прогласувањето на независноста на Белгија како резултат на Белгиската револуција од 1830 година. Од тогаш, земјата се нарекува Кралство Холандија, како што е и денес.
Географски, републиката претставувала конфедерација од седум покраини, кои имале свои независни влади. Сите овие влади биле управувани од страна на единствената федерална влада. Главните административни објекти се наоѓале во градот Хаг.
Во земјата како официјална религија односно црква била прогласена Холандска Реформска црква. Јавното ширење и проповедање на католицизмот бил строго забранет. Католиците биле надгледувани и контролирани директно од властите во земјата. Голем број на католички храмови биле уништени во тоа време. Дури и во јужните делови на земјата, каде мнозинство биле католиците, јавните службеници морале да бидат протестантски калвинисти или евреи, и да се заколнат дека ќе дејствуваат против католичката религија.
До 1795 католиците на Холандија морале да плаќаат огромни даноци на државата. Сите древни цркви, манастирски згради и катедрали останале во рацете на протестантите. Можеби најголемата причина за Осумдесетгодишната војна била издадената пресуда од страна на Светата престолнина на 16 февруари 1568 година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија. Затоа, Холандската република била голем противник на католицизмот. На овие простори отсекогаш имало значајни разлики помеѓу православниот и либералниот Калвинизам: помеѓу Арминианизмот и Гомаризмот во 17 век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.