Хосе де Сан Мартин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хосе Франсиско де Сан Мартин и Маторас (шпански: José Francisco de San Martín y Matorras; 25 февруари 1778 — 17 август 1850) или познат само како Хосе де Сан Мартин, а титуларно како „Ослободител на Аргентина, Чиле и Перу“[1] — аргентински генерал и главен предводник на Борбата за независност од Шпанската Империја во јужните и централните предели на Јужна Америка. Сан Мартин бил воедно и еден од претседателите на Перу, позиција која во тоа време била именувана како „Заштитник на Перу“.
Генерал Хосе де Сан Мартин | |
---|---|
Портрет на Сан Мартин, слика од 1820 | |
Претседател на Перу | |
На должноста 28 јули 1821 – 20 септември 1822 | |
Наследник | Франсиско Хавиер де Луна Писаро |
Основач на Слободата на Перу, Основач на Републиката, Заштитник на Перу и Генерал | |
На должноста 20 септември 1822 – 17 август 1850 (смрт) | |
Гувернер на Кујо | |
На должноста 10 август 1814 – 24 септември 1816 | |
Претходник | Маркос Гонсалес де Балкарке |
Наследник | Торибио де Лузуријага |
Лични податоци | |
Роден(а) | 25 февруари 1778(1778-02-25) Јапеју, Вицекралство Рио де ла Плата (денес Аргентина) |
Починал(а) | 17 август 1850(1850-08-17) (возр. 72) Булоњ-сур-Мер, Франција |
Националност | Аргентинец |
Партија | Патриот |
Сопружник | Марија де лос Ремедиос де Ескалда |
Деца | Марија де лас Меседес Томаса де Сан Мартин и Ескалада |
Професија | Воено лице |
Вероисповед | Католик |
Потпис | |
Воена служба | |
Припадност |
|
Траење | 1789 — 1822 |
Чин | Генерал на Аргентина, Врховен командант на армиите на Чиле и Перу |
Заповеда со | Полк на коњанички гренадири, Северна Армија, Армија на Андите, Армија на Чиле |
Битки/војни | Војната на Втората коалиција Портокалова војна Полуостровска војна
Јужноамерикански војни за независност
|
Хосе де Сан Мартин е роден во Јапеју, Кориентес, во денешна Аргентина, но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за Малага во Шпанија каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила Полуостровската војна помеѓу Франција и Шпанија, Хосе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански поддрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за Буенос Аирес и ги понудил своите способности и својата служба на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, современа Аргентина. По Битката на Сан Лоренцо, тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку Вицекралството Перу. Целите првично биле да се основа нова армија, Армија на Андите, во Кујо, Аргентина. Оттука, тој го предводел преминувањето на Андите во Чиле и забележал победа во Битката на Чакабуко и Битката на Маипу. Како резултат на тие две победи била обезбедена независноста на Чиле. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во Лима, Перу.
На 12 јули 1821, по обезбедена делумна контрола на Лима, Сан Мартин бил назначен за „Заштитник на Перу“, односно претседател на Перу. Со тоа, независноста на Перу била објавена на 28 јули 1821. На 22 јули 1822, по затворена средба со неговиот пријател Симон Боливар во Гвајакил, Еквадор, Боливар ја презел одговорноста за целосно ослободување на Перу. Наеднаш Сан Мартин ја напуштил командата на армијата и заминал од државата. Сан Мартин се повлекол од политика и заминал за Франција во 1824 година. Средбата со Боливар до денес е тема на разговори помеѓу историчарите.
Сан Мартин се смета за национален херој на Аргентина и Перу и еден од ослободителите (libertadores) на Јужна Америка. Денес аргентинската влада својот највисок медал, или одликување, го именува како „Орден на ослободителот генерал Сан Мартин“.