Преминување на Андите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Преминувањето на Андите (шпански: Cruce de los Andes) бил еден од најзначајните подвизи за време на војната за независност на Аргентина (тогаш именувана како Обединети Покраини на Рио де ла Плата) и војната за незавиност на Чиле. За време на овој поход, комбинираната армија составена од аргентински и чилеански војници, позната како Армија на Андите, навлегле на територијата на Чиле од аргентинска страна и со тоа ја почнале борбата за независност на Чиле од шпанската окупација. Ова преминување бил значаен чекор во стратегијата развиена од Хосе де Сан Мартин сè со цел да се поразат силите на Монархијата во Чиле, а најважно упориштето во Лима, Перу. Походот тргнал од Мендоса во Аргентина, тогаш дел од покраината Кујо во јануари 1817 година. Целта им била да влезат во Чиле без да бидат забележани од монархистите и да изведат ненадеен напад. Крајната цел била ослободување на Чиле од шпанска управа. Преминувањето траело 21 ден.
Преминување на Андите | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од the Латиноамерикански војни за независност | |||||||
Генералите Хосе де Сан Мартин (лево) и Бернардо О'Хигинс (десно) ги преминуваат Андите. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Армија на Андите | Шпански монархисти | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хосе де Сан Мартин Мигел Естанислао Солер Бернардо О'Хигинс | Франсиско Марко дел Понт Маријано Осорио |