![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/54/Hippocamp-heic1904b.jpg/640px-Hippocamp-heic1904b.jpg&w=640&q=50)
Хипокамп (месечина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипокамп, исто така означен Нептун XIV — мала месечина на Нептун откриена на 1 јули 2013 година. Го пронашол астрономот Марк Шоволтер со анализа на архивираните фотографии на Нептун со вселенскиот телескоп Хабл снимени помеѓу 2004 и 2009 година. Месечината е толку слаба што не била забележана кога вселенската сонда Војаџер 2 прелетала покрај Нептун и неговите месечини во 1989 година. Се работи за тело од 34,8 во пречник и кружи околу Нептун за околу 23 часа, нешто помалку од еден ден на Земјата. Поради невообичаено блиското растојание до најголемата внатрешна месечина на Нептун, Протеј, се претпоставува дека Хипокамп можеби се насобрал од материјал исфрлен од удар на Протеј пред неколку милијарди години. Месечината била порано позната по нејзината привремена ознака S/2004 N 1 до февруари 2019 година, кога била официјално именувана Хипокамп, по митолошкиот морски коњ што го симболизира Посејдон во грчката митологија.
![]() Слика направена од Хабл од 2009 година на кои се прикажани Нептун, неговите прстени и внатрешни месечини вклучувајќи го и Хипокамп | |
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач | Марк Шоволтер И. де Петар |
Откриено | 1 јули 2013 |
Ознаки | |
Изговор | /ˈhɪpəkæmp/[2] |
Наречена по | Хипокамп |
S/2004 N 1 | |
Орбитални особености[3] | |
Епоха 1 јануари 2020 (јд 2458849.5) | |
105.283 | |
Занесеност | 0,00084 ± 0,00032 |
0.95 d (22.8 h) | |
329.901° | |
Наклон | 0,0641 ± 0,0507 ° (to Neptune's equator)[4] 0.0019° (to local Laplace plane)[3] |
110.467° | |
305.446° | |
Месечина на | Нептун |
Физички особености | |
Среден полупречник | 17,4 ± 2,0 km[4] |
Маса | (1,029+– 30,87)⋅1015 kg[3] |
Средна густина | 1,3 g/cm3 (assumed)[5] |
синхроно | |
Албедо | 0,09 (претпоставка)[4] |
26,5 ± 0,3[5][6] | |