општина во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридланд (германски: Friedland) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 13 километри јужно од градот Гетинген. Нејзиното седиште е во селото Грос Шнен, една од петте единици во општината, во која припаѓаат и Фридланд, Клајн Шнен, Лихтенхаген и Рајфенхаузен.
Фридланд | |
Железничка станица во Фридланд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Месни единици | 14 |
Градоначалник | Андреас Фридрикс (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 75,68 км2 |
Надм. височина | 181 м |
Население | 14.744 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 195 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GÖ |
Пошт. бр. | 37133 |
Повик. бр. | 05504 |
Портал | www.friedland.de |
Местоположба на Фридланд во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°25′18″N 9°54′52″E |
Во септември 1945 година, сојузната британска комисија изградила камп во Фридланд, близу американските (Хесен) и советските (Тирингија) окупациски зони. Кампот бил предвиден за прва станица за бегалците, евакуираните и повратниците, меѓу кои и војниците. Започнувајќи во 1947 година, кампот бил раководен од сојузната покраина Долна Саксонија. Во текот на масовните протерувања од 1944 до 1945 година, кампот нудел услуги на големи бранови на бегалци. Потоа, служел главно за попатна станица за Германците протерани од источните земји, особено од Полска, Романија и Советскиот Сојуз. Помеѓу 1950 и 1987 година, околу 1,4 милиони лица со германско потекло дошле во Сојузната Република Германија од Исток; повеќе од 60% од овие емигранти дошле од Полска.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.