Флавин аденин динуклеотид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Флавин аденин динуклеотид (FAD) е редокс кофактор, поточно простетична група на белковина, која учествува во неколку значајни ензимски реакции во метаболизмот. Флавобелковина е белковина која во својот состав содржи флавинска група, која може да биде во форма на FAD или во форма на флавин мононуклеотид (FMN). Меѓу позначајните флавобелковини во метаболизмот на клетката спаѓаат: комплексот на сукцинат дехидрогеназа, алфа-кетоглутарат дехидрогеназата и компонента на комплексот на пируват дехидрогеназата.[1]
Назнаки | |
---|---|
146-14-5 Ок | |
3DMet | B04792 |
Бајлштајн | 1208946 |
ChEBI | CHEBI:16238 Ок |
ChEMBL | ChEMBL1232653? |
DrugBank | DB03147 Ок |
EC-број | 205-663-1 |
Гмелин |
108834 |
InChI
| |
IUPHAR/BPS |
5184 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00016 Н |
MeSH | Flavin-Adenine+Dinucleotide |
PubChem | 643975 |
| |
UNII | ZC44YTI8KK Ок |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | Бели, стаклести кристали |
log P | -1.336 |
Киселост (pKa) | 1.128 |
Константа на базицитет (pKb) | 12.8689 |
Дополнителни податоци | |
Ок(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
FAD може да постои во четири различни редокс состојби: флавин-N(5)-оксид, хинонска форма, полухинонска форма и хидрохинонска форма.[2] FAD се претвора помеѓу овие четири состојби со примање или предавање на електрони. Во својата целосно оксидирана форма, односно хинонска форма, FAD е способен да прими два електрона и два протона за да стане FADH2 (хидрохинонска форма). Полухинонската форма (FADH•) може да се формира со редукција на FAD преку примање на еден електрон и еден протон или со оксидација на FADH2 преку оддавање на еден електрон и еден протон. Сепак, некои белковини создаваат и одржуваат супероксидирана форма на флавинскиот кофактор, флавин-N(5)-оксид.[3][4]