ФК Лидс Јунајтед
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Лидс Јунајтед — англиски фудбалски клуб со седиште во Лидс, Западен Јоркшир. Клубот во моментов се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал, откако избориле промоција во Чемпионшип за време на сезоната 2019-2020.
Лидс Јунајтед | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Лидс Јунајтед | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | бели | |||
Основан | 17 октомври 1919; пред 104 години (1919-10-17) | |||
Локација | Лидс, Англија | |||
Бои | бела, сина и жолта | |||
Стадион | Еланд Роуд | |||
Капацитет | 37,792[1] | |||
Сопственик | Aser Group Holding (90%) 49ers Enterprises (10%)[2] | |||
Претседател | Андреја Радрицани | |||
Менаџер | Џеси Марш | |||
Лига | Премиер лига | |||
2021–22 | Премиер лига, 17-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1919 година, по распуштањето на Лидс Сити од Фудбалската лига, по што го презеле нивниот стадион Еланд Роуд. Поголемиот дел од својата историја Лидс Јунајтед го поминале натпреварувајќи се во првото ниво на англискиот фудбал. Нивниот најдолг континуиран престој во рамките на првото ниво бил период од 18 години помеѓу 1964 и 1982 година, додека нивниот најдолг период надвор од првото ниво траел 16 години помеѓу 2004 и 2020 година.
Лидс трипати бил шампион на Англија, а покрај тоа во својата историја имаат освоено и еден ФА куп, еден Лига куп, два Черити/Комјунити шилда и два Купа на саемските градови. Клубот, исто така, играл финале на Купот на шампионите, во кое загубиле од Бајерн Минхен, и полуфинале во Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001.[3] Меѓу другите меѓународни успеси се вбројува и финалето на Купот на победниците на куповите во 1973. Најголемите успеси клубот ги остварил под раководството на менаџерот Дон Реви во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на Еланд Роуд уште од 1919 година, и до денес, тој е единствениот стадион кој клубот го користел низ целата своја историја. Првата комбинација на клубот вклучува комплетно бела опрема (бели дресови и бели шорцеви), па оттаму и прекарот бели. Лидс има големо соперништво со Манчестер Јунајтед и Челси, како и со локалните клубови како Хадерсфилд Таун, Брадфорд Сити, Шефилд Јунајтед и Шефилд Венздеј.