From Wikipedia, the free encyclopedia
Тиричмир (урду: ترچ میر) е највисоката планина во венецот Хиндукуш и највисока сво светот вон масивот Хималаи-Каракорум. Се наоѓа во покраината Хајбер Пахтунхва, Пакистан, недалеку од границата со Авганистан. Планината е првпат искачена од норвешка експедиција во состав А. Нес, П. Квернберг, Х. Берг и Т. Стрејтер. Планината се издига над градот Читрал, но се гледа и од Авганистан.
Тиричмир | |
---|---|
Тирих Мир, највисоката планина од опсегот на Хиндукус (7,708 м). 2012 година | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 7.708 м 33-та во светот |
Истакнатост | 3.098 м 30-та во светот |
Заведена како | ултра |
Географија | |
Место | Пакистан |
Матичен венец | Хиндукуш |
Искачување | |
Прво освојување | 1950 |
Најлесен пат | ледници/снег/мраз |
Највисокото населено место по планината е Тирич во долината Мулхау, чие население говори ховарски јазик. Селаните работат како туристички водачи и носачи, но не одат до врвот на планината.
Постојат две претпоставки за потеклото на името „Тиричмир“. Според едната, ова значи „кралот на Тирич“, со тоа што Тирич е странична долина што се издава од долината Мулхау. Друга претпоставка дека е името да потекнува од ваханските зборови „тирич“ (сенка, темнина) и „мир“ (крал), т.е. „крал на темнината“, што може да се однесува на долгите сенки што ги фрла планината од страната на Вахан.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.