From Wikipedia, the free encyclopedia
Супервулкан — голем вулкан кој имал избув со големина 8, односно најголемата вредност на показателот на вулканска избувност (VEI). Ова значи дека зафатнината на исфрлениот материјал е поголема од 1.000 кубни километри.[1] Супервулканскиот избув може да биде единствен краткотраен настан или пак масивен излив на магма кој ќе трае и милиони години.
Супервулканите настануваат кога магмата во плаштот се искачува до кората но не може да ја пробие и се создава притисок во големорастечки басен сè до оној момент додек акората не може да го издржи притисокот. ова може да се случи при постоење на жаришта (на пример, Јелоустонската купа) или при подвлекувачките зони (на пример, Тоба). Друг начин на кој може да дојде до голема исфрлање на вулкански материјал е при голем огнокарпест излив, кој може да опфати големи области со магма и вулкански пепел, предизвикувајќи долготрајни климатски промени (како што е настанувањето на мали ледени доби), што пак може да предизвика истребување на видовите. Орунајскиот избув на Новозеландскиот вулкан Таупо (пред 26.500 години)[2] е најнеодамнешниот избув на супервулкан со ВЕП-8.
Потеклото на поимот „супервулкан“ е поврзан со научната дебата на почетокот на XX век за геолошката историја и одликите на Трите Сестри, вулканска област во Орегон во САД. Во 1925 година, Едвин Хоџ предложил дека многу големиот вулкан, наречен од негова страна Мултнома, постоел во таа област. Тој верувал дека неколкуте врвови во областа на Трите Сестри се остатоци од Мултнома, откако претходно била уништена од голема вулканска експлозија, слична на Мазама.[3] Во 1948 година, мозжното постоење на Мултнома било запоставено од вулканологот Хаувел Вилијамс во неговата книга Старите вулкани во Орегон. Книгата била рецензирана во 1949 година од друг вулканолог, Ф. Бјерс помладиот[4] Во рецензијата, Бјерс се осврнува на Мултнома како супервулкан.[5] Иако тврдењето на Хоџ дека Мултнома е супервулкан е отфрлена одамна, поимот супервулкан бил популаризиран од BBC во нивната популарно научна телевизиска програма Хоризонт во 2000 година за да се осврната на избувите кои создаваат огромни количества на исфрлен материјал.[6][7]
Поимот мегакупа понекогаш се користи за калдерите на супервулканите, како што е на пример Блејк Ривер во Абитибискиот зеленокаменест појас во Онтарио и Квебек, Канада. Избувите кои се ВЕП 8 се именувани како „суперизбуви.“[8] Иако нема доброопределена минимална еклсплозивна големина за „супервулнан“, постојат два вида на вулкански избуви кои се препознаени како супервулкански: големи огнокарпести изливи и масивни избуви.[9]
големи огнокарпести изливи, како што се Исланд, Сибирските Трапови, Деканските Трапови и Онтонг Јава, се пространи области на базалтни континентални траповски избуви. Кога се создаваат, овие области честопати зафаќаат неколку илјади квадратни километри и имаат зафатнина од неколку милиони кубни километри. Во повеќето случаи, магмата истекува во текот на неколку милиони години, при што се ослободуваат големи количини на гасови.
Реунион е жариште кое ги создало Деканските Трапови пред околу 66 милиони години, заедно со Креда–Палеогенскиот истребувачки настан. Постои научен договор дека причината за овој истребувачки настан е метеорски удар, но вулканската активност можно е да предизвикала климатски стресови кај определени видови.[10] Дополнително, нбајголемиот трапов настан (Сибирските Трапови) кој се случил пред 250 милиони години и е случајно истовременик на најголемото масивно истребување на видовите во историјата, Пермијанско–Тријасичкиот истребувачки настан, но сепак нема потврда дека тоа е единствената причина за ваквиот истребувачки настан.
Ваквбите изливи не се избувливи, но сепак можно е да има магматски фонтани. Многу вулканолози сметаат дека Исланд е голем огнокарпест излив кој моментално се случува. Последниот голем излив бил во 1783–84 од вулканскиот процеп Лаки које приближно со должина од 40 км. Се претпоставува дека за време на избувот се исфрлени 14 км3 базалтна лава.
Онтонг Јава има површина од 2.000.000 км2, и бил за 50% поголем пред да се издвојат платоата Манихики и Хикуранги.
Вулканските избуви се класифицирани користејќи го показателот на вулканска избувност, или ВЕП. Станува збор за логаритамска скала, што значи дека зголемување од еден на ВЕП скалата е еднакво на десеткратно зголемување на зафатнината на исфрлениот материјал. Избувите ВЕП 7 или ВЕП 8 се толку моќни што честопати создаваат кружни калдери наместо конусни, поради надолното повлекување на магмата предизвикува горната карпеста маса да колабира во магматичната комора.
Име | Зона | Местоположба | Белешки | Пред години (приб.) | Зафатнина на исфрлен материјал (приб.) | Наводи |
---|---|---|---|---|---|---|
Ла Гарита | Сан Хуанско вулканско поле | Колорадо, САД | Фиш Кањон. | 27.800.000 | 5.000 км3 | |
Тоба | Тоба, Северна Суматра | Индонезија, Суматра | Создала 2200–4400 тони H2SO4. | 74.000 | 2.800 км3 | [11][12][13][14][15] |
Хаклбери Риџ | Јелоустонско жариште | Ајдахо/Вајоминг САД | Хаклбери Риџ Туф | 2.100.000 | 2.500 км3 | [16] |
Атана Игнимбрит | Пакана | Северно Чиле | Дел од Алтиплано–Пунски вулкански систем | 4.000.000 | 2.500 км3 | [17] |
Таупо | Таупо | Нов Зеланд, Северен Остров | Вакамару Игнимбрит/Курл Тефра | 340.000 | 2.000 км3 | [18] |
Хајзе | Јелоустонско жариште | Ајдахо, САД | Килгор Туф | 4.500.000 | 1.800 км3 | [19] |
Хајзе | Јелоустонско жариште | Ајдахо, САД | Блактејл Туф | 6.000.000 | 1.500 км3 | [19] |
Серо Гвача | Алтиплано–Пунски вулкански систем | Боливија | Гвача, препознаени се два помали избуви | 5.700.000 | 1.300 км3 | [20] |
Мангакино | Таупо | Нов Зеланд | Избув Киднаперс | 1.080.000 | 1.200 км3 | [21] |
Орунајски избув | Таупо | Нов Зеланд, Северен Остров | Таупо (Таупо) | 26.500 | 1.170 км3 | |
Серо Галан | Андска централна вулканска зона | Аргентина, Катамарка | 2.500.000 | 1.050 км3 | ||
Лава Крик Туф | Јелоустонско жариште | Вајоминг, САД | Лава Крик Туф | 640.000 | 1.000 км3 | [16] |
Врз основа на некомплетна статистика, препознаени се 60 ВЕП 8 избуви.[9][22]
Избувите ВЕП 7, помали но сè уште масивни, се имаат случувано низ историјата. Во последните 2.000 се случиле Тамбора, 1815,[23] Таупо и неговиот избув Хатепе, о. 232,[24] Бајту Шан, во 946–947 година,[25] и избувот на Самалас од 1257 година.[26]
Име | Зона | Местоположба | Настан / белешки | Години пред 1950 година (приб.) | Зафатнина на исфрлен материјал (приб.) |
---|---|---|---|---|---|
Тамбора | Сумбава, Западни Мали Сунди | Индонезија | 1815. 1816 година е позната како година без лето. | 135 | 120 км3 |
Ринџани | Ломбок, ападни Мали Сунди | Индонезија | Избув на Самалас во 1257 година. Можен поттикнувач на мала ледена доба. | 693 | >10 км3 |
Бајту Шан | Бајкалска раседна зона | Кина/Северна Кореја | Еден од најголемите вулкански избуви во последните 2.000 години. Избув на Бајту Шан во 946 година (Милениумски избув). | 1.004 | 100–120 км3 |
Таупо (Таупо) | Таупанска вулканска зона | Нов Зеланд, Северен Остров | Избув Хатепе 232 година | 1.718 | 120 км3 [24] |
Тера (Санторини) | Јужноегејски вулкански лак | Грција, Санторини | Миноански избув 1.641 п.н.е. (±12) | 3.591 | 100 км3 [27] |
Кикаи | Јапонија, Рјукју | Кикаи 4.300 п.н.е. | 6.300 | 150 км3 | |
Кикаи | Кермадек | Нов Зеланд | Кикаи пред 8.300 - 6.300 години | 6.300 | 100 км3 [28][29] |
Мазама (Кратер Лејк) | Каскаден вулкански лак | Орегон, САД | Делумно причина за создавањето на Кратер Лејк. | 6.578 | 100 км3 [30] |
Курилско езеро | Камчатка | Русија | Курилско езеро 6.440 п.н.е. |
10.500 | 140–170 км3 [31] |
Аира | Јапонија, Кјушу | Аира | 22.000 | 450 км3 | |
Кампањски избув | Флегрејски полиња | Италија, Неапол | 39.280 | 300 км3* | |
Ротоити | Таупанска вулканска зона | Нов Зеланд, Северен Остров | Ротоити | 50.000 | 240 км3 [32] |
Манинџа | Манинџа, Западна Суматра | Индонезија | 52.000 | 220–250 км3 | |
Репороа | Таупанска вулканска зона | Нов Зеланд, Северен остров | 230.000 | 100 км3 [33] | |
Мамаку | Таупанска вулканска зона | Нов Зеланд, Северен остров | Роторуа | 240.000 | 280 км3 [34] |
Матахина | Таупанска вулканска зона | Нов Зеланд, Северен Остров | Харохаро | 280.000 | 120 км3 [35] |
Асо | Јапонија, Кјушу | Четири големи избуви во периодот од пред 300.000 - 80.000 години. | 300.000 | 600 км3 | |
Лонг Вали | Бишоп Туф | Калифорнија, САД | 760.000 | 600 км3 | |
Мангакино | Таупанска вулканска зона | Нов Зеланд, Северен Остров | Три избуви пред 0,97 to 1,23 милиони години | 970.000 | 300 км3 [36] |
Валес | Хемезско вулканско поле | Ново Мексико, САД | Два избува пред 1,25 и 1,61 милиони години | 1.250.000 [37] |
600 км3 [38] |
Хенри Форк | Јелоустонско жариште Меса Фолс Туф |
Ајдахо, САД | Јелоустонско жариште | 1.300.000 | 280 км3 [16] |
Каримшина | Камчатка | Русија | 1.780.000 [39] |
825 км3 [40] | |
Пастос Грандес | Пастос Грандес | Боливија | 2.900.000 | 820 км3 [41] | |
Хајзеново вулканско поле | Јелоустонско жариште Walcott Tuff |
Ајдахо, САД | Јелоустонско жариште | 6.400.000 | 750 км3 [19] |
Бруне-Џарбиџ | Јелоустонско жариште | Ајдахо, САД | Јелоустонско жариште виновник за Антелоп источно на растојание од 1.600 км[42] |
11.830.000 [43] |
950 км3 [44] |
Церо Панизос | Алтиплано-Пунски вулкански систем | Аргентина, Боливија | 12.000.000 | 250 км3 | |
Бенетски вулкански систем | Скукумска група | Британска Колумбија/Јукон, Канада | 50.000.000 | 850 км3 [45] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.