From Wikipedia, the free encyclopedia
Струшки дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Струга со околината. Струшкиот дијалект е близок дијалект со охридскиот дијалект и со вевчанско-радошкиот дијалект. Овој дијалект дели поголем број на кракатеристики со дијалектите од тој регион. Струшкиот говор е валоризиран како културно наследство со национална класификација 3.2.2.3.1.2. според УЗКН.[1]
Охридско-струшките говори влегуваат во една поголема дијалектна целина: охридско-преспанска група. Охридско-струшките говори имаат многу заеднички јазични особености кои ги споделуваат со поширокиот регион во рамките на западното наречје, но имаат и свои специфични дијалектни особености. Потесна диференцијација има во рамките на самата група, од една страна се издвојуваат охридските говори (градскиот охридски говор, пештанско-љубанишкиот и говорот на Дебрца), а од друга страна се издвојуваат струшките говори (струшкиот говор во потесна смисла на зборот, вевчанско-радошкиот и торбешкиот струшки говор).
Струшкиот говор ги опфаќа градот Струга и селата: Враништа, Октиси, Вишни, Лабуништа, Подгорци, Бороец (кои се наоѓаат на западниот дел од реката Дрим), Присовјани, Глобочица, Брчево, Биџево, Ташмаруништа и Ложани (кои се распоредени по десната (источната) страна на реката Дрим. Географско дијалектната граница на струшките говори се движи на север приближно по линијата Пресека - Караорман, го сече Дрим кај Глобочица и излегува на Јабланица нешто малку посеверно од селото Бороец. На запад дијалектната граница се поклопува со етнографската граница кон Албанија (на албанска страна остануваат неколку македонски села), на југ и југоисток струшките говори граничат со охридските, а на исток со централните говори.
Според дијалектната диференцијација на македонскиот јазик (Б. Видоески, Дијалектите на македонскиот јазик, Скопје 1998, с. 245&271) струшките говори спаѓаат во западните македонски говори кои, заедно со охридските, ги формираат охридско-струшките говори. Охридско-струшките говори влегуваат во една поголема дијалектна целина: охридско-преспанска група. Охридско-струшките говори имаат многу заеднички јазични особености кои ги споделуваат со поширокиот регион во рамките на западното наречје, но имаат и свои специфични дијалектни особености. Потесна диференцијација има во рамките на самата група, од една страна се издвојуваат охридските говори (градскиот охридски говор, пештанско-љубанишкиот и говорот на Дебарца), а од друга страна се издвојуваат струшките говори (струшкиот говор во потесна смисла на зборот, вевчанско-радошкиот и торбешкиот струшки говор).
Струшките говори, впрочем како и другите македонски говори потекнуваат од јазикот на словенското население кое според историските податоци го населува Балканскиот Полуостров кон крајот на VI и почетокот на VII век. Процесот на дијалектната диференцијација на македонскиот јазик може да се следи уште од старословенскиот период. Некои иновации се забележуваат веќе во X и XI век. Општо речено, основната дијалектна диференцијација на македонските дијалекти е веќе извршена до XV век. Голем број иновации се зародени во периодот на XVIII и XIX век. Во овие рамки може да се разгледува и процесот на дијалектната диференцијација на македонските говори на територијата на струшките говори.
Во поглед на фонетиката, струшкиот говор стои најблиску до градскиот охридски говор. И тој, како и охридскиот говор има шесточлен вокален систем, што значи дека освен петте вокали (а, е, о, и, у), ја познава и фонемата /ƒ/. Оваа фонема се јавува како континуант на носовката *œ (во коренските морфеми): грƒди, зƒби, јƒдица, кƒде, мƒка, пƒт, рƒка или во комбинација со буквата ј >*јœ: јƒзик, јƒчмен, јƒдро, јƒже, јƒгула и сл. Иста вредност се забелжува и кај секундарниот ер (¥2) во почетниот слог: бƒдник, лƒга, мƒгла, мƒска. На крајот од зборот за секундарниот ер (¥2) наоѓаме различни вредности - пред /н, р/ редовно стои /а/: оган, ветар, добар, итар; пред /л/ има само /о/: рекол, пекол, а пред /м/ во потесното струшко подрачје има /у/: седум, осум, додека во некои периферни села се јавува /о/: седом, осом. Вокалното *ó се заменува со секвенцата /ƒр/:дƒрво, гƒрло, сƒрна, а вокалното *ò се заменува со секвенците /ƒл/ (во градскиот струшки говор и најблиските села): вƒлк, вƒлна, дƒлго, жƒлт итн., и /ол/ (во северниот дел од говорот): болва, волк, жолт итн. Вокализмот на струшкиот говор се одликува со цела серија дифтоншки секвенци настанати со десилабизација на предните вокали /е,и/ и на задните лабијализирани, главно /о/, во одделни лексеми и /у/. Вокалот /и/ се десилабизира во Ш–Ќ, образувајќи со следниот вокал двофонемна дифтоншка секвенца: /ие/ > /–е/ (изм–ен, го фат–е); /иа/ > /–а/ (ловџ–а, копр–а, поч–ало, сп–а); /ио/ > /–о/ (белý–от, сеч–о, с– одвит) и сл. Вокалот /е/ образува секвенци со задните вокали: /еа/ > /–а/ (нý–а, се см–а, исп–ано); /ео/ > /–о/ (чер–о, ор–от, телý–о). Во струшкиот говор се забележува и десилабијализацијата на /о/ > /в/ во вокалните секвенци /оа/, /ое/: квач (< коач), твар (< товар); чвек (< чоек < човек), гведо (< гоедо < говедо) итн.
Во поглед на консонантскиот систем, кај струшкиот говор се изделуваат неколку карактеристики. Веларните /г, к/ имаат по два алофона - Шг, кЌ пред задните вокали, пред консонант и на крајот од зборот и Шгý, кýЌ пред предните вокали, а понекогаш тие преминуваат дури и во Шѓ, ќЌ сп. ќитка, Ќиро, раќ–а и сл. Фонемите /ѓ, ќ/ како палатални се реализираат во селскиот говор, а во градскиот говор тие како самостојни гласови се јавуваат на почетокот и на крајот од зборот, додека пак, во средината се реализираат како секвенци /јѓ, јќ/: ѓаол, ќерка, но: лýујѓе, кујќа. Во градскиот говор и во најблиските села Враниште, Драслајца, Ташмаруништа превладуваат секвенците /шч, жџ/, додека во другите села се чува стариот изговор /шт, жд/ во сите позиции.
Фонемата /ѕ/, како и во охридскиот говор, е пофреквентна отколку во другите западни македонски говори: блаѕе, ноѕе, белеѕи, молѕам, солѕи, наѕре, ѕвер, ѕвечит, ѕвезда и др.
Кај именските зборови карактеристична е употребата на предлогот на за искажување на дативен однос: Му дал пари на Никола, Му рекол на Спасета. За градскиот говор карактеристично е и искажувањето на директниот објект со на-конструкција: Го викна на Нšмчета, Го фати на Кузета. Оваа појава не е својствена за селските говори.
Кај глаголскиот систем посебен интерес побудуваат формите за 1 л. едн. и за 3 л. мн. на презентот, 1 и 3 л. мн. на аористот и имперфектот, 2 л. мн. на императивот, како и образувањето на глаголскиот прилог. Во 1 л. едн. на презентот отсуствува наставката -м (бера, носа), а во 3 л. мн. се обопштила наставката -ет (берет, носет, вик‹т). Само кај глаголите од а-група во некои села се задржала наставката -м за 1 л. едн.: имам, орам, копам (с. Вишни). Наставката за 1 л. мн. на аористот и имперфектот се јавува со аломорфите -фме и -фне, а 3 л. мн. завршува на -е како и во соседните дебарски говори. Глаголскиот прилог завршува на -ешчи, односно на -ешти: викаешчи и викаешти итн. Во струшкиот говор најпродуктивни се несвршените глаголи со суфиксот -в-: купвит, легвит, турвит, собервит итн. Во струшкиот говор се изделуваат и следниве предлози: из, ке, кун, накун, отсем, како и сврзниците: аку, еркога, отколи, почим.
Во струшките говори се вклучуваат и вевчанско-радошкиот говор, кој од градскиот струшки најмногу се разликува по вокалниот систем и по континуантите на носовката *œ и вокалните *ó и *ò, и струшкиот торбешки говор, кој според своите карактеристики е најблиску до соседниот дримколско-голобрдски говор.
Како заклучок ги имаме следните карактеристики:
Струшките говори се наоѓаат во западната област на македонската јазична територија и степенот на загрозеност е релативно висок, пред сè , поради постојаната миграција на населението од другите делови на Р Македонија кон Скопје како културно-административен центар и нивното континуирано јазично влијание врз овие говори. Од тие причини струшките говори треба да се стават под режим на заштита. Се разбира, во промените на општата слика на дијалектната диференцијација на еден јазик, па и на македонскиот, а во тие рамки и на струшките говори свое влијание врши и нормираниот (стандардниот) македонски јазик.
1. Законска обврска да се валоризираат дијалектите на македонскиот јазик како дел од нематеријалното културно наследство.
2. Утврдување на степен на заштита според:
Струшките говори претставуваат составен и значаен дел од македонското духовно богатство, односно од дијалектната база на македонскиот јазик. Нивната вредност ја оценуваме, пред сè , од лингвистичка, и поконкретно дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфо-синтаксичко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); при тоа не ги запоставуваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.
Валоризацијата на струшките говори е извршена според:
1.Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто
2.Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто
Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважни функции на јазикот, па и на струшките говори како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството. Струшките говори се предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на македонските дијалекти и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на дијалектите на македонскиот јазик.
3.Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.