![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/31/Simon_Gerrans_CD_2011.jpg/640px-Simon_Gerrans_CD_2011.jpg&w=640&q=50)
Сајмон Геранс
австралиски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сајмон Геранс (англиски: Simon Gerrans; р. 16 мај 1980 ) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2005-2018. Моментално работи како спортски стажант во Голдман Сакс во Лондон.[2]
![]() Геранс на Критериум ду Дофине 2011 | ||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Сајмон Геранс | |||||||||||
Роден | 16 мај 1980(1980-05-16) (44 г.) Мелбурн, ![]() | |||||||||||
Висина | 1,70 м[1] | |||||||||||
Маса | 64 кг[1] | |||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | |||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | |||||||||||
Улога | возач | |||||||||||
Вид на возач | универзален | |||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||
2003 2003–2004 2004–2005 | Тим Рингерике СК Карвалхелхос-Боависта (тренинг) Аг2р Превојанс (стажант) | |||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||
2005–2007 2008 2009 2010–2011 2012–2017 2018 | Аг2р Превојанс Кредит Агрикол Сервело ТестТим Инеос Гренадиерс ГринЕЏ Ванти-Груп Гобер | |||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||
| ||||||||||||
| ||||||||||||
Геранс е двократен австралиски национален друмски првак, освојувајќи ја титулата во 2012 година[3] и во 2014 година. Покрај овие победи, негови најголеми триумфи се рекордните четири победи на домашната трка Тур Даун Андер[4] и еднодневните трки како што се ГП Западна Франција 2009, Милано-Санремо 2012, Гран при Квебек 2012 и Гран при Квебек 2014,[5] и Лиеж-Бастон-Лиеж 2014 и етапи на сите три големи трки. На Тур де Франс 2013, Геранс ја преземал жолтата маичка на третата етапа на Корзика, освојувајќи ја спринтерската завршница, и исто така бил дел од победничката екипа на екипниот хронометар на четвртата етапа во Ница.