Тур Даун Андер 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сантос Тур Даун Андер 2014 — 16. издание на друмската велосипедска етапна трка Тур Даун Андер. Се одржала од 21 до 26 јануари и била прва трка од Светската турнеја.[1]
Светска турнеја на UCI 2014, трка 1 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 21–26 јануари 2014 | ||
Етапи | 6 | ||
Растојание | 815,5 км | ||
Време | 19ч 57' 35" (25.4 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Сајмон Геранс (Австралија) | (Орика-ГринЕЏ) | |
Втор | Кедел Еванс (Австралија) | (Ванти-Груп Гобер) | |
Трет | Диего Улиси (Италија) | (Лампре-Мерида) | |
Планински | Адам Хансен (Австралија) | (Белкин Про Сајклинг) | |
Младински | Џек Хејг (Австралија) | (УниСА-Австралија) | |
Спринтерски | Сајмон Геранс (Австралија) | (Орика-ГринЕЏ) | |
Екипен | Орика-ГринЕЏ | ||
Трката била освоена по рекорден третпат од австралискиот национален првак Сајмон Геранс од екипата Орика-ГринЕЏ,[2] откако го преземал водството на претпоследната етапа на трката и ја задржал водечката маичка до завршницата, следниот ден, во Аделаида.[3] Геранс исто така ја освоил воведната етапа на трката.[4] Разликата помеѓу Геранс и второпласираниот Кедел Еванс од Аксент Џобс-Ванти била една секунда, а возачот на Лампре-Мерида Диего Улиси го заокружил подиумот, четири секунди зад Еванс и пет секунди зад Геранс.[5] Покрај Геранс, Улици и Еванс освоиле етапи на трката, додека Еванс исто така го имал водството на трката на два дена. Другите етапи биле освоени од возачот на Лото-Белисол Андре Грајпел (две победи) и Ричи Порт, кој ја освоил кралската етапа на трката.
Другите пласмани на трката биле освоени од австралиски возачи, поради постојаните завршници на Геранс, пет пати во првите пет на шест етапи, во текот на неделата му ја обезбедила сината маичка за спринтерскиот пласман,[6] додека возачот на Лото-Белисол Адам Хансен бил победник на планинскиот пласман.[7] Возачот на УниСА-Австралија Џек Хејг го освоил пласманот за млад возач,[8] завршувајќи на 17. место во генералниот пласман, додека екипниот пласман бил освоен од екипата на Геранс, Орика-ГринЕЏ, а Дарил Импи исто така имал пласман во првите десет.[9]
Распоред
Етапа | Датум | Движење | Растојание | Вид | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 21 јануари | Нуриотпа до Ангастон | 135 км | ![]() | рамна етапа | ![]() |
2 | 22 јануари | Проспект до Стирлинг | 150 км | ![]() | среднопланинска етапа | ![]() |
3 | 23 јануари | Норвуд до Кемпбелтаун | 145 км | ![]() | ридеста етапа | ![]() |
4 | 24 јануари | Анли до Виктор Харбор | 148,5 км | ![]() | рамна етапа | ![]() |
5 | 25 јануари | Мекларен Вал до Вилунга | 151,5 км | ![]() | среднопланинска етапа | ![]() |
6 | 26 јануари | Аделаида | 85,5 км | ![]() | рамна етапа | ![]() |
Екипи
Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI World Tour екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Австралиската екипа Драпак Профешанл Сајклинг добила специјална покана и заедно со изборот на австралиски возачи во екипата УниСА-Австралија, се создала групата од 20 екипи.
Дваесет екипи кои се поканети на трката се:
|
Етапи
Етапа 1
- 21 јануари 2014 — Нуриотпа до Ангастон,135 км[10]
Резултат од етапа 1[11]
|
Генерален пласман по етапа 1[12]
|
Етапа 2
- 22 јануари 2014 — Проспект до Стирлинг, 150 км[13]
Резултат од етапа 2[14]
|
Генерален пласман по етапа 2[14]
|
Етапа 3
- 23 јануари 2014 — Норвуд до Кемпбелтаун, 145 км[15]
Резултат од етапа 3[16]
|
Генерален пласман по етапа 3[16]
|
Етапа 4
- 24 јануари 2014 — Анли до Виктор Харбор, 148,5 км[17]
Резултат од етапа 4[18]
|
Генерален пласман по етапа 4[18]
|
Етапа 5
- 25 јануари 2014 — Мекларен Вал до Вилунга, 151,5 км[19]
Резултат на етапа 5[20]
|
Генерален пласман по етапа 5[20]
|
Етапа 6
Резултат од етапа 6[22]
|
Генерален пласман по етапа 6[22]
|
Поредок
На Тур Даун Андер 2014 се доделуваат четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ќе ја добил охра маичката.[23] Овој пласман се смета за најважен на Тур Даун Андер 2014 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.
Дополнително, постои и спринтерски пласман, кој се наградува со сината маичка.[23] Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите 15 места на некоја етапа. За победа на етапа, возачот заработува 15 бода, кои се намалуваат за еден бод сè до еден бод за 15. место. Бодови за пласманот исто така може да се добијат и на средните спринтови на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постои и планински пласман, каде се доделува белата маичка.[23] Во планинскиот пласман, бодови се добиваат доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.
Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со црната маичка.[23] Овој пласман се пресметува на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1989 може да учестуваат во пласманот. Постои и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време и секој член на победничката екипа добива црвена маичка на завршниот подиум. Дополнително, зелена маичка се доделува на подиумот секој ден, за најборбен возач или возачи, на етапата која изминала.
Етапа | Победник | Генерален пласман![]() |
Планински пласман![]() |
Спринтерски пласман![]() |
Пласман за млад возач![]() |
Екипен пласман![]() |
Најборбен возач![]() |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Сајмон Геранс | Сајмон Геранс | Адам Хансен | Сајмон Геранс | Карлос Верона | Лампре-Мерида | Вил Кларк |
2 | Диего Улиси | ||||||
3 | Кедел Еванс | Кедел Еванс | Кени Елисонд | Ванти-Груп Гобер | Јенс Фогт | ||
4 | Андре Грајпел | Џек Хејг | Камерон Вурф | ||||
5 | Ричи Порт | Сајмон Геранс | Орика-ГринЕЏ | Јенс Фогт | |||
6 | Андре Грајпел | Вил Кларк | |||||
На крај | Сајмон Геранс | Адам Хансен | Сајмон Геранс | Џек Хејг | Орика-ГринЕЏ | – |
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.