Руска инвазија на Украина (2022)
инвазија на Украина од Русија започната на 24 февруари 2022 година / From Wikipedia, the free encyclopedia
На 24 февруари 2022 г. Русија започнала инвазија на Украина, големо заострување на Руско-украинската војна што започнала во 2014 година. Десетици илјади се загинати во инвазијата. Инвазијата ја предизвикала најголемата бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Над 8 милиони Украинци се внатрешно раселени (според податоци од мај 2022 г.), околу 8 милиони ја имаат напуштено државата (според податоци од 3 јануари 2023 г.); по пет седмици од почетокот на инвазијата, Русија го доживеала најголемото иселување од нејзините граници по иселувањето предизвикано од Октомвриската револуција во 1917 г.
Неутралноста на оваа содржина е оспорена. Ве молиме видете ја дискусијата на разговорната страница. Ве молиме не отстранувајте ја оваа порака сѐ додека спорот не е завршен. |
Оваа статија обработува тековно збиднување. Информациите можат брзо да се променат со развојот на настаните. |
Руска инвазија на Украина (2022) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Руско-украинска војна | |||||||
Воена состојба Украина |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Русија
Донечка НР [б 1] | Украина | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Владимир Путин
Сергеј Шојгу | Владимир Зеленски
Андреј Ермак |
||||||
Вклучени единици | |||||||
Министерство за одбрана
Национална гарда | Министерство за одбрана
Државна гранична служба
Странски волонтерски единици:
|
||||||
Сила | |||||||
Русија: 175.000[8]–190.000[9] (во Украина) | Украина: 209.000 (вооружени сили) |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
Руски извори | Украински извори |
||||||
Украински извори: 2.000+ загинати цивили, 1.684 ранети Обединети Нации: 579 загинати цивили, 1.000+ ранети |
На воената офанзива ѝ претходела руско воено трупање на границата со Украина, кое започнало на почетокот на 2021 година, и барања од Русија законски да ѝ се забрани на Украина да се приклучи на НАТО.[11] Во деновите пред инвазијата, Русија ги признала самопрогласените Донечка Народна Република (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР), по што следела инвазија на руските вооружени сили во регионот Донбас во Источна Украина на 21 февруари 2022 година. Следниот ден, Советот на Руската Федерација изгласал овластување на претседателот на државата за употреба на воена сила надвор од границите на Руската Федерација.
Околу 03:00 UTC (06:00 по московско време, UTC+3) на 24 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин објавил „специјална воена операција“ во Источна Украина; минути подоцна започнале ракетни напади на места низ цела Украина, вклучително и главниот град Киев. Украинската гранична служба соопштила дека нејзините гранични пунктови со Русија и Белорусија се нападнати. Руски копнени сили имаат влезено на украинска територија околу 05:00 часот по средноевропско време, т.е. два часа подоцна. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одговорил со воведување воена состојба, прекин на дипломатските односи со Русија и општа мобилизација. Инвазијата добила широка меѓународна осуда, вклучително и наметнати санкции кон Русија и Белорусија, а антивоените протести во Русија биле проследени со масовни апсења.[12]
Инвазијата е наречена најголем воен напад во Европа по Втората светска војна и добила широка меѓународна осуда, вклучително и нови санкции наметнати на Русија. Против инвазијата се одржале глобални протести, додека протестите во Русија биле проследени со масовни апсења. И пред и за време на инвазијата, некои од 30-те земји-членки на НАТО ја имаат вооружено и материјално поддржано Украина.[13]