From Wikipedia, the free encyclopedia
Ромелу Менама Лукаку (роден на 13 мај 1993, во Антверпен) — белгиски фудбалер, напаѓач на Рома и на белгиската репрезентација.
Ромелу Лукаку[2] | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 13 мај 1993[2] | ||
Роден во | Антверпен, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[3] | 1,90||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Рома | ||
Број | 90 | ||
Младинска кариера | |||
Рупел Бум | |||
Лирс | |||
Андерлехт | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2011 | Андерлехт | 73 | (33) |
2011-2014 | Челси | 10 | (0) |
2012-2013 | → Вест Бромвич Албион | 35 | (17) |
2013-2017 | Евертон | 141 | (68) |
2017-2019 | Манчестер Јунајтед | 66 | (28) |
2019-2021 | Интер | 72 | (47) |
2021- | Челси | 26 | (8) |
2022-2023 | → Интер | 25 | (10) |
2023- | → Рома | 26 | (8) |
Репрезентација ‡ | |||
2008 | Белгија 15 | 4 | (1) |
2011 | Белгија 18 | 1 | (0) |
2009 | Белгија 21 | 5 | (3) |
2010- | Белгија | 77 | (43) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
И покрај големата тежина е многу темпераментен и брз, дури и со топката во нозете. Неговата лева нога, честопати се споредува со неговиот поранешен тимски колега од Челси, Дидје Дрогба, но исто така и заради неговите физички особини и неговиот начин на игра.
Во 2012 година тој бил вклучен во списокот на најдобрите играчи родени по 1991 составена од Дон Балон.[4]
Лукаку е роден во Антверпен, град во северниот дел на Белгија. Тој доаѓа од семејство на фудбалери, всушност татко му Роже Лукаку бил репрезентативец на Заир, но се преселил во Белгија во текот на својата кариера, а исто така и неговиот помлад брат, Жордан е фудбалер.[5]
Лукаку му се приклучил на локалниот клуб Рупел Бум на возраст од пет години. По четири сезони во Рупел Бум, Лукаку бил откриен од страна на скаутите на Лирс, клуб од Белгиската Про лига со добро организирана младинска школа. Тој играл за Лирс од 2004 до 2006 година, постигнувајќи 121 гол во 68 натпревари.[6] По испаѓањето на Лирс од Про лигата, Андерлехт купил не помалку од 13 младински играчи од Лирс во 2006 година, од кои еден од нив бил и Лукаку. Тој играл повеќе од три години, во младинските категории на Андерлехт, постигнувајќи 131 гол во 93 натпревари.
Кога Лукаку наполнил 16 години, на 13 мај 2009 година, тој потпишал професионален договор со Андерлехт за околу 2,5 милиони во трајност до 2012 година.[7] Единаесет дена подоцна, тој го направил своето деби во Белгиската прва лига влегувајќи како замена на местото на Виктор Бернардез во натпреварот од плеј-офот против Стандард Лиеж одигран на 24 мај 2009, кој Андерлехт го загубил со 1-0.[8]
Лукаку станал редовен член на првиот тим на Андерлехт во текот на сезоната 2009-10, постигнувајќи го својот прв гол на сениорско ниво против Зулте Варегем во 89-тата минута по влегувањето во игра како замена за Кану на 28 август 2009 година. Со овој погодок станал најмладиот стрелец во историјата на Белгиската Про лига.[9] Претходно пак на 17 август го направил дебито во Лигата на шампионите играјќи во плеј-оф рундата против Лион, во поразот на неговиот тим со 5-1. На 17 септември, Лукаку дебитирал во Лига Европа остварувајќи асистенција за вториот гол на Џонатан Легеар во 88-мата минута само две минути подоцна откако се појавил во игра, за конечната победа од 2-0 на гостувањето против Динамо Загреб. На 17 декември 2009, постигнал 2 гола во натпреварот од Лига Европа против Ајакс.[10] На 29 јануари 2010 за првпат постигнал два гола на еден натпревар во првенството на Белгија за време на гостувањето кај Жерминал во победата на Андерлехт со 5-0. На 25 февруари следната година го отворил резултатот во натпреварот Андерлехт-Атлетик Билбао (4-0) [11] кој му овозможува на белгискиот клуб пласман во осминафиналето на Лига Европа. Сезоната ја завршил со 15 постигнати гола и освоена титула во белгиското првенство и 4 гола во Лига Европа. Кон крајот на мај, неговиот договор со Андерлехт бил продолжен до 2015.
На почетокот на следната сезона Лукаку постигнал два гола во во третата квалифкациска рунда од Лигата на шампионите против велшкиот претставник ФК Њу Сеинтс во победата со 3-0 на 3 август. На 10 септември, постигнал 2 гола против Сент Труиден за победа од 2-0. Една недела подоцна ја погодил и мрежата на ФК Кортријк (3-0).
Во август 2011 година, Лукаку му се приклучил на англискиот клуб Челзи за пријавена сума од околу 12 милиони € (£ 10.000.000), која може да се издигне и до 20 милиони € (£ 17.000.000) со бонусите. На Лукаку му бил доделен дресот со број 18. и потпишал пет-годишен договор.[12] Тој го направил своето домашно деби во победата со 3-1 над Норич Сити, влегувајќи во 83-тата минута како замена за Фернандо Торес.[13]
Лукаку го направил својот прв старт за клубот во Лига купот против Фулам. Челзи го добил натпреварот на пенали. Лукаку го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за резервите. На 13 мај 2012 година, тој го започнал својот прв натпревар во Премиер лигата против Блекбурн Роверс, и се претворил во играч на натпреварот, асистирајќи му на Џон Тери за првиот гол.[14] Лукаку, сепак, истакнал дека дека е разочаран од бројот на натпревари во кој бил вклучен по завршувањето на неговата дебитантска сезона, откривајќи дека, по победата на неговиот тим во Лигата на шампионите на 19 мај, тој одбил да го држи трофејот бидејќи не се чувствувал како победник.[15]
По шпекулациите дека Лукаку се поврзува со заем во Фулам,[16] на 10 август 2012 година, тој му се приклучил на Вест Бромвич Албион на едно-годишна позајмица.[17] Тој го постигнал својот прв првенствен гол осум дена подоцна, влегувајќи како замена во 77-мата минута во победата од 3-0 над Ливерпул.[18] Тој го направил своето целосно деби во победата против Рединг на Хауторнс постигнувајќи го единствениот гол во натпреварот.[19]
На 24 ноември, Лукаку влегол во 70-тата минута како замена за Шејн Лонг, постигнал гол од пенал и му асистирал на Марк-Антоан Фортјуне, за победа на Вест Бром над Сандерленд со 4-2 на гостувањето на Стедиум оф Лајт.[20] Победата се покажа како четврта последователна победа на тимот во Премиер лигата, што им се случува за првпат од 1980 година.[21] На 12 јануари 2013 година, Лукаку го имал својот прв мулти-гол натпревар во Премиер лигата, давајќи му водство на Вест Бром од 0-2 на гостувањето кај Рединг, пред домаќините да се вратат и направат пресврт за победа од 3-2 на Мадејски.[22]
Во лицето на контроверзните тврдења дека тој сакал да остане во Вест Бромвич Албион за уште една година од страна на англискиот весник Дејли Мејл,[23] Лукаку потврдил за медиумите дека тој сè уште сака да стане легенда на Стемфорд Бриџ.[24] На 11 февруари, Лукаку влегол од клупата и го постигна својот десетти гол во Премиер лигата за сезоната, стрелајќи прецизно во мрежата на Ливерпул по една фантастична контра која сам ја изнесол, во натпревар кој завршил 2-0.[25] Тој постигна својот втор пар голови во кампањата, постигнувајќи ги и двата гола за Вест Бром во нивната победа со 2-1 на домашен терен над Сандерленд на 23 февруари.[26] На 9 март во лигашки натпревар против Свонзи Сити, Лукаку го постигнал израмнувачкиот гол пред да му биде одбранет ударот од пенал; Вест Бром на крајот победил со автогол на Џонатан де Гусман.[26] На 19 мај, влегол во второто полувреме како замена, и постигнал хет-трик, помагајќи му на Вест Бром да изедначи од три гола негативи и избори бод во последниот натпревар од сезоната играјќи 5-5 на домашен терен против Манчестер Јунајтед.[27] Натпреварот бил 1 500-тиот на Сер Алекс Фергусон и последниот негов на клупата на Јунајтед, а воедно и нерешено со најголем број на постигнати голови во историјата на Премиер лигата.[28] И покрај тоа што бил позајмен од страна на клубот, Лукаку постигнал повеќе голови од секој друг фудбалер на Челзи во Премиер лигата таа сезона, и бил шести голгетер во лигата за сезона 2012-13 со 17 постигнати гола.
Се чинеше дека Лукаку ја отфрлил можноста да оди на уште една позајмица,[29] и одиграл два првенствени натпревари за Челзи на почетокот на сезоната 2013-14. Тој, исто така влегол како замена во Суперкупот на Европа, но крајна сметка тој го промашил одлучувачкиот пенал во серијата за поразот на Челси од Бајерн Минхен.
Сепак, на последниот ден од летниот трансфер-прозорец 2013, тој му се приклучил на Евертон на заем до крајот на сезоната.[30] Напаѓачот го направи своето деби за карамелите, на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед на 21 септември 2013 година, постигнувајќи го победоносниот гол во победата на Евертон со 3-2. За време на ударот со глава, тој имал судир со дефанзивецот на Вест Хем и бил однесен надвор од теренот за да му биде укажан третман. Токму физиотерапевтот требало да му каже дека тој го постигнал победничкиот погодок.[31] Тој постигнал два гола на неговото домашно деби девет дена подоцна во победата со 3-2 против Њукасл Јунајтед., но имал и асистенција за голот на Рос Баркли.[32] Потоа го отворил резултатот во поразот со 3-1 од Манчестер Сити во следниот натпревар.[33] Тој го продолжил својот импресивен почеток во клубот постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 над Астон Вила, а потоа постигнал два гола во првото Мерсисајдско дерби во сезоната кога Евертон одиграл нерешено 3-3 против Ливерпул, а Лукаку наведува потоа дека тоа е најдоброто искуство кое тој го има во својата куса кариера.[34][35]
На 28 јануари 2014 година, тој бил изнесен надвор од теренот на носилки со повреда на лигаментите на глуждот откако Гарет Бери со лизгачки старт ненамерно го повредил напаѓачот, обидувајќи се да го блокира Стивен Џерард при постигнувањето на првиот гол.[36] На тој ден, Евертон загуби од Ливерпул со 4-0 на Енфилд.[37] На 1 март 2014 година, Лукаку го направил своето враќање од повредата против Вест Хем Јунајтед, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот во 81-вата минута по влегувањето како замена во второто полувреме.[38] На 6 април, тој постигна еден гол и асистира за друг кога Евертон го победил Арсенал со 3-0 на Гудисон Парк за да ја забележи шестата победа по ред во Премиер лигата.[39] Неговиот последен гол за клубот дошол на последниот ден од сезоната кога тој го постигнал вториот во победата со 2-0 над Хал Сити.[40] Лукаку ја затресол мрежата на противничките екипи 15 пати во 31 првенствен натпревар за да му помогне на Евертон да заврши на петто место со клупски рекорд во Премиер лигата од 72 освоени бода.[41]
На 30 јули 2014 година, од Евертон објавиле дека Лукаку потпишал петгодишен договор со клубот, за рекордна сума од 28.000.000 £. На презентацијата на Лукаку му бил доделен дресот со број 10.[42] Тој го постигнал својот прв гол во новата сезона на 13 септември 2014 година, против неговиот поранешен клуб Вест Бромвич Албион. Лукаку одлучил да не го прославува голот, и бил поздравена од страна на навивачите на Вест Бром во знак на неговата почит кон клубот.
На 19 февруари 2015 година, Лукаку го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Евертон во победата со 4-1 победа над Јанг Бојс во шеснаестина-финалето на Лига Европа; реализирал погодоци со глава, со удар со десната нога и еден со левата нога.[43] Тој додал уште два гола во победата со 3-1 победа во реваншот една недела подоцна,[44] а со вкупно осум гола, тој бил најдобар стрелец на турнирот за таа сезона, заедно со Алан од Салцбург.[45]
На 10 јули 2017 година, Лукаку му се приклучил на Манчестер Јунајтед потпишувајќи петгодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште една година.[46] Иако надоместокот за трансферот официјално не бил откриен, првично било објавено дека изнесувал 75 милиони фунти, плус 15 милиони во бонуси.[47] Официјалното потпишување на договорот на Лукаку дошло само еден ден подоцна откако поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, го напуштил клубот за да се врати во Евертон, клуб за кој играл во младоста и во кој станал професионалец.[48]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.