Прекуморска Франција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Прекуморска Франција (француски: France d'outre-mer) — 13 територии вон европскиот континент под управа на Франција, претежно остатоци од Француското Колонијално Царство кои останале дел од француската држава по деколонизацијата. Некои од нив се дел од Европската Унија. „Прекуморска Франција“ е збирно име кое се користи во секојдневниот живот, но нема административен статус. Петте прекуморски региони имаат ист административен статус како метрополските региони; петте прекуморски заедници се полуавтономни; Нова Каледонија е автономна територија. Во прекуморска Франција влегуваат островски територии во Атлантскиот, Тикиот и Индискиот Океан, Француска Гвајана на јужноамериканскиот континент, неколку околуантарктички острови, како и територија на Антарктикот. Изземајќи го округот Аделина Земја, каде Франција е суверена де јуре според францускиот закон, но исклучивото право на Франција е замрзнато со Антарктичкиот договор (1959), прекуморска Франција зафаќа површина од 120.396 км2[1] и сочинува 18,0 % од територијата на Француската Република.[2] Исклучивиот стопански појас (ИСП) на прекуморска Франција зафаќа 9.825.538 км2 или 96,7 % од ИСП на цела Франција.[3]
Прекуморска Франција France d'outre-mer
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: „Слобода, еднаквост, братство“ | ||||||
Химна: „Марселеза“ |
||||||
Territory of the French Republic (red)
Overseas territories (circled) Claimed territory (Аделина Земја; hatched) |
||||||
Главен град | Париз | |||||
Најголем settlements | Фор де Франс (Мартиник), Поент а Питр (Гваделуп), Сен Дени (Реинион), Сен Пјер (Реинион), Нумеја (Нова Каледонија) | |||||
Јазици | француски, антилски креол, гвајански креол, реинионски креол, шимаоре, тахитски, маркиски, валиски, футунски, деху, нангон, песи, анѓие, јавански и уште 35 други домородни јазици во Нова Каледонија | |||||
Територии | ||||||
Лидери | ||||||
• | Претседател | Емануел Макрон | ||||
• | Министер | Жан-Франсоа Каренко | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 120.396 км2 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 2,816,000 | ||||
Валута | евро тихоокеански франк |
Вон Европа постојат четири класи на француски територијални единици: прекуморски департмани/региони, прекуморски заедници, особената територија Нова Каледонија и ненаселени територии. Од правно и управно гледите, овие класи имаат различен правен статус и степен на автономија, иако сите трајно населени територии имаат свои претставници во Националното собрание и Сенатот на Франција кои заедно го сочинуваат Парламентот на Франција.
Во јануари 2023 г. во прекуморска Франција имала 2.816.000 жители.[4] Највеќето од нив се државјани на Франција и Европската Унија со право на глас во француските и европските избори.