општина во Гваделуп From Wikipedia, the free encyclopedia
Поент а Питр (француски: Pointe-à-Pitre; креолски: Pwentapit или Lapwent) — втор по големина град на францускиот прекуморски регион и департман Гваделуп, веднаш по Лез Абим. Градот е потпрефектура, односно седиште на истоимениот округ Поент а Питр.
Поент а Питр Pointe-à-Pitre | ||
---|---|---|
потпрефектура и општина | ||
Поглед на градот | ||
Местоположба на општината (со црвено) во рамките на Гведелуп | ||
Земја | Франција | |
Прекуморски регион и департман | Гваделуп | |
Округ | Поент а Питр | |
Кантон | Поент а Питр | |
Општ. заедница | КАП Екселанс | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Ари Диримел[1] | |
Површина1 | 2,66 км2 (103 ми2) | |
• Градска | 729,7 км2 (2,817 ми2) | |
Население (2019)2 | 15.181 | |
• Густина | 57/км2 (150/ми2) | |
• Градскo (2018[2]) | 250.952 | |
• Градска | 34/км2 (89/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 97120 / 97110 | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Иако не е главен град на Гваделуп (тоа е Бас Тер), Поент а Питр е стопанското седиште на регионот. Во 2018 г. населението броело 15.410 жители во општината/градот и 250.952 во урбаната единица Поент а Питр–Лез Абим.[2]
На 3 км северно од градот има меѓународен аеродром, сместен во општината Лез Абим.
Поент а Питр се наоѓа во југозападниот дел на островот Гранд Тер, сместен е во средишниот дел на Гваделуп, близу тесниот проток Солена Река (Rivière Salée) кој ги двои островите Гранд Тер и Бас Тер. Градот е опкружен со општините Лез Абим, Бе Мао и Ле Гозје. Поент а Питр лежи на варовничка висорамнина, која играла улога во изборот на место. Пристаништето е сместено во заветрината на заливот Пети Кил де Сак Марен.
Името на градот значи „Питеров ’Рт“, наречен по морнарот Питер, холандски Евреин кој во XVII век се населил на ова издадено место спроти островчето Кошон, веднаш јужно од денешниот градски центар.[3]
Француските колонијални власти долго време имале намера да основаат град на ова место, како крстопат на двата главни острова (Бас Тер и Гранд Тер). Направени се неколку обиди од 1713 до 1730 г. без успех поради нездравото мочурливо земјиште.
За врема на британската окупација на Гваделуп (1759–1763) подигната е населба на рид над мочуриштето. Франција го повратила Гваделуп во 1763 г. и следната година градот Поент а Питр е официјално основан со кралски указ, а под водство на управникот Габриел де Клие. Во текот на наредните години мочуриштето на местото на денешниот градски центар е исцедено, што овозможило развој на градот.
Градот се развил релативно брзо, особено благодарение на корсарите. Во 1780 г. избил голем пожар кој сосема го уништил градот. Во 1843 г. градот повторно бил срозен во земјотрес. Историјата на Поент а Питр бележи многу катастрофи: пожарите од 1850, 1871 и 1931 г., земјотресите во 1851 и 1897 г. и ураганите од 1865 и 1928 г. Настрадал и од неколку епидемии на колера. Сепак, неговата местоположба во голем засолнет залив овозможила негово издигање во најголем град и стопански центар на Гваделуп.
Според Кепеновата класификација, Поент а Питр е на границата меѓу тропската монсунска (Am) и екваторската клима (Af). Како сите источнокарипски градови, дождовите се рамномери во текот на годината, при што повнежлив е периодот од јули до ноември, за време на ураганската сезона. Во градот годишно паѓаат 1500–2000 мм дожд. Времето е вообичаено тропски врело, со постојана висока дневна температура од 32 °C која ноќе се спушта на 20 °C.
Пасатите дуваат од североисток и со тоа ја ублажуваат климата.
Мошне малата општина Поент а Питр е средиште на поголемо урбано подрачје кое опфаќа 11 општини.[4] Ова урбано подрачје со 250.952 жители (2018)[2] сочинувало 65 % од населението и е најголемото во Гваделуп и едно од најголемите во француските прекуморски територии и департмани.
Урбаното подрачје на Поент а Питр го сочинуваат 11 општини[4] Тука се наведени со нивното население во 2017 г.:[5]
Градот е економско седиште на Гведелуп, опслужувајќи го главното пристаниште „Жари“ за товарни и патнички бродови. Ова пристаниште е сместено по заливот Кил де Сак Марен во општината Бе Мао. Има еден од најголемите контејнерски терминали во источните Кариби, со должина од 600 м[6]. Највеќе се увезуваат прехранбени култури (банани, какао, кафе и шеќер), животински производи (говедско, млеко, јогурт) и произведени артикли (рафинирана нафта, ткаенини и лекови). Стопанската активност и лесната индустрија е сосредоточена во голема индустриска зона западно од градот, полна со магацини. Источниот дел на подрачјето е земјоделски, каде населението продолжува да се занимава со говедарство и одгледување на банани и шеќерна трска. Блиската населба Ле Гозје е главно приморско одморалиште на Гваделуп.
По податок од 2009 г., 70 % од населението на Поент а Питр живее во социјални станови.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.